Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, гледа со пиетет кон Борусија Дортмун пред денешниот воведен меч во 1 /4 финалето во Лигата на шампионите. „Кога бев во Берн, Дортмунд беше наш најголем ривал. Со нив водевме војна секоја сезона – прво со Јирген Клоп а потоа со Томас Тухел. Дури два пати игравме во финалето на Купот – изјави Гвардиола. „Таму играат одлични фудбалери од типот на Хумелс, Џан, Мение, Дахуд, Халанд, Санчо, Азар, Ројс, Бранд… и многу малди играчи“ – потенцираше тренерот на „граѓаните“.
Author: dino
Реал Мадрид денеска од 21.00 часот ќе го пречека Ливерпул во можеби највозбудливиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на фудбалските шампиони. Реал Мадрид е најуспешниот клуб во историјата на натпреварувањето со вкупно 13 титули. „Белите“ триумфираа во 4 од последните 7 изданија на Лигата на шампионите.Реал и Ливерпул се сретнале 6 пати. Покрај успехот во финалето во 2018 година, Мадрид двапати победи во групната фаза во сезоната 2014/15. Ливерпул оствари две победи во 2009 година и со 1: 0 во финалето во 1981 година. РЕАЛ МАДРИД (3-5-2): Куртоа; Н. Фернандез, Варан, Менди; Васкез, Модриќ, Касемиро, Крос, Марсело; Бензема, Асенсио. ЛИВЕРПУЛ…
Фудбалерите на Манчестер Сити денеска ќе ја пречекаат Борусија (Дортмунд) во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ се неприкосновени фаворити и според многумина тие се со најголеми шанси за освојување на турнирот. Гвардиола нема сериозни проблеми. Илкај Гундоган, кој ќе му биде партнер на Родри, ќе се врати на средината на теренот. Пред нив ќе играат Кевин Де Бруин, Бернардо Силва и Рахим Стирлинг. кај гостите, тинејџерот Џејдон Санчо, ќе го пропушти судирот на стадионот „Етихад“ поради повреда. Повредени се и Аксел Витсел, Дан-Аксел Загаду и младиот Јусуф Мукоко. Сити: (4-2-3-1): Едерсон; Канчело, Р. Дијаз, Стоунс, Менди;…
Од утре сите фудбалски мечеви во нашава земја ќе започнуваат од 13 часот, таква одлука донесе „Куќата фудбалот„ откако Влада донесе одлука полицискиот час на територијата на цела држава да биде од 20 до 05 часот наутро, Тоа значи дека средбите од Прва МФЛ, Втора МФЛ Исток и Запад и Купот додека е на сила полицискиот час е започнуваат од 13 часот. Во тој термин ќе бидат и полуфиналните натпревари од Купот закажани за в среда меѓу Струга ТЛ и Силекс и Македонија ЃП – Академија Пандев.
Напаѓачот на фудбалскиот состав Милан, Марио Манџукиќ , најверојатно ќе си замине од редовите на „росонерите“ бидејќи не ги исполни очекувањата на челниците на тимот, објавија денеска медиумите на „Чизмата“. Хрватот кој требаше да биде големо засилување за екипата од Милано, главно се соочуваше со повреди и одигра само 76 минути во Серија А. Во исто време, миланезите најавија дека ќе ја продолжaт соработката со Златан Ибрахимовиќ, кој по подолг период дури успеа да се врати и во селекцијата на Шведска.
Ветеранот во редовите на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, изненадувачки може да добие нов договор, објавија медиумите во Англија. 32 годишен фудбалер во тековнава сезона одигра само 12 натпревари во сите конкуренции од кои седум се во англиската Премиер лига. „Дејли Стар“ пишува дека Солскјер инсистирал за оостанување на Мата бидејќи тој е клучната фигура во соблекувалната и влијае врз другите фудбалери. Претходно имаше информации дека Мата може да се врати во татковината бидејќи неколку шпaнски екипи се заинтересирани за неговите услуги.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, продолжува да приговара за збиениот распоред кој треба да го реализираат екипите во различни конкуренции за да ги завршат првенствата и европските-купови. „Фудбалерите се луѓе а не роботи. Знам дека дел од нив се вознемирени што не играат на секој натпревар, но, едноставно тоа е невозможно. Доколку не ротирате со составот не можете да се натпреварувате во сите конкуренции„ – вели Гвардиола. Англискиот тим утре ќе и биде домаќин на екипата на Борусија Дортмунд во првиот меч од четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Еден од главните дефанзивни фудбалери на англискиот состав Евертон, Џери Мина, може да добие понуда во текот на летото да се пресели во Италија, објавија денеска дел од светските медиуми. Наводно, тренерот на Интер, Антонио Конте, направил список за нови играчи на кој високо котира токму фудбалерот на „карамелите“ кој е речиси незаменлив во првата постава. Според весникот –„Сан“, за младиот фудбалер се заинтересирани и луѓето од шпанската Валенсија и од италијанската Фиорентина.
Жил Моретон, претседател на тениската федерација на Франција, најави дека Грен Слем турнирот на терените на Ролан Гарос може да биде одложен втора година по ред поради пандемијата со Ковид-19. „Ако мора да останеме во карантин најмалку два месеца, сосема е реално да се откаже турнирот. Единствено што не можам да замислам е дека ќе имаме полни трибини. Може да се случи да има одреден број навивачи “ потенцира првиот човек на франскускиот тенис. Минатата година турнирот беше префрлен во терминиот од 27 септември – 11 октомври а титулата ја освои Рафаел Надал.
Претседателот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, му даде подарок на тренерот, Зинедин Зидан, кој вчера со победата против Еибар прослави јубилеј на клупата на „кралевите“. За францускиот стратег тоа беше 250-от натпревар. „Живеам за фудбалот и секој ден што го поминувам како тренер на Реал Мадрид. Не сакам јубилеи, бидејќи не живеам во минатото туку во сегашноста“ – вели Зидан. Најмногу натпревари на клупата на„белите“ има легендарниот Мигел Муњоз (605).
