Легендарниот фудбалер на Хрватска, Роберт Просинечки, кој во блескавата кариера ги бранеше боите на лутите шпански ривали, Реал Мадрид и Барса, даде најава за денешното „Ел Класико“. „Ниту Реал ниту Барса не брилјира иако му се доближија на Атлетико. Барселона дојде на само минус еден. Реал е на минус три. Двата тима во „Ел Класико“ влегуваат без спектакуларна игра и со добри серии“ – вели Просинечки. „Tие победуваат само поради искуството, поради фактот што станува збор за Реал и Барселона. Нема фаворит на „Ел Класико“ – изјави Просинечки.
Author: dino
Претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, М-р Даниел Димевски и Директорот на Спортско Радио 90,3 ФМ, Тони Митев, денеска во просториите на МОК и официјално го потпишаа договорот за соработка. Тоа се случува токму во годината кога МОК е максимално насочен кон нашите олимписки кандидати и претстојните Игри воТокио. За тековни активности на највисокото спортско тело во земјава ќе можете да се информирате во специјализираните емисии на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.
Во Сараево денеска беше официјализирана регионалната лига во бокс со учество на осум клубови од Македонија, Србија, Хрватска, Бих, Црна Гора и Словенија. Македонија ќе ја претставува БК Вардар, нашиот тим е во група со Лозница (Србија), Железничар (БиХ) и Црногорски Соколи (Црна Гора) Во првото коло кон крајот на мај, Вардар ќе ја пречека Лозница во Скопје додека Железничар е домаќин на Црногорски Соколи. Во групата „Б“ ќе бидат: Црвена Ѕвезда, Марибор, Хрватски Витези и Радник. Претседателот на БФМ, Примислав Димовски, изјави дека е ова голем проект, со огромно значење за регионот и особено македонскиот бокс. „Јас сум голем…
Челниците на фудбалскиот состав Ливерпул, одлучиле да се откажат од намерата за купување на централниот дефанзивец на РБ Лајпциг, Ибрахим Конате. Тренерот, Јирген Клоп сакаше да привлече нов централен дефанзивец а Французинот беше негова голема желба, но, очигледно работите се менуваат. Според весникот –„Билд“,„црвените“ ќе се откажат од Конате и нема да испратат понуда до германскиот состав.
Според најновите информации, првиот човек на фудбалскит состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, е подготвен да продаде речиси половина тим само за да собере доволно пари за да ги купи Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе. Наводно, Перез има намера во текот на летото да ги стави на трансфер листата: Азар, Винициус, Милитао, Одегард, Иско, Луис Васкес и уште неколку други играчи. Медиумите шпекулираат дека „кралевите“ сакаат да обезбедат нови играчи и во дефанзивната линија и дека ги планираат Давид Алаба и Камавинга.
Утре од 16.00 часот во Кавадарци ќе се сретнат Тиквеш и Голден Арт КЛ7 или непоразените екипи во плеј-аутот. Тренерот на Голден Арт КЛ7, Игор Котевски, фаворитската улога му ја препушта на противникот. „Ни претстои дуел на две екипи со одлични поединци, натпревар во кој фаворитската улога ја има домаќинот пред се поради поголемиот фонд на играчи и засилувањата од странство. Од друга страна, нашата екипа е млада, единствената во лигата составена од исклучиво македонски играчи, желни за докажување и со сигурност можеме да кажеме дека се иднината на македонскиот ракомет. Очекувам добар натпревар и нека победи подобриот тим“ –…
Дефанзивецот на фудбалскиот состав Милан, Давиде Калабрија, се очекува да биде подготвен за игра за околу десетина дена, тврди денеска весникот – „Тутоспорт“. 24-годишниот стопер мораше да оди на операција откако заработи повреда на менискусот на десното колено. Според информациите, неговата рехабилитација се одвива според планот што значи дека набрзо ќе се врати на терените. Капитенот пак, на „росонерите“, Алесио Ромањоли, кој се повреди на 7 март на мечот со Верона, исто така набрзо треба да се врати во натпреварувачки ритам, пишуваат медиумите на Апенините.
Весникот – „АС“, тврди дека Реал Мадрид е фаворит за привлекување на фудбалерот Ерлинг Халанд од Борусија (Дортмунд) иако неговиот агент Мино Раиола и неговиот татко Алф-Инге Холанд, имаа серија преговори со Барселона, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Челзи. Шпанското издание тврди дека во моментов има три главни причини зошто „белите“ се чекор пред другите. Првата е дека Норвежанецот е фан на Реал од мали нозе. Втората причина е што претседателот Флорентино Перез има прилично добри односи со шефовите на Борусија. Под број три е ставена улогата на менаџерот, Мино Раиола, кој сака да изгради цврсти врски со управата…
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, потврди дека фантастичниот Мартин Одегард поради повреда ќе мора да пропушти уште неколку натпревари во Премиер-лигата на Англија. „Не знаеме што точно се случува, има повреда. Не беше во можност да игра, ќе биде во аут уште неколку натпревари. На еден сигурно а може и на повеќе. Не знаеме колку точно ќе отсуствува од терените“ – изјави Артета. Екипата на Арсенал во текот на викендот ја очекува гостување кај Шефилд Јунајтед.Мечот ќе биде одигран в недела во вечерниот термин.
Тотенхем е подготвен да започне сериозна офанзива во текот на летото за да го привлече централниот дефанзивец на Саутемптон, Јаник Вестергaр. 28-годишниот Данец е еден од приоритетите на тренерот, Жозе Мурињо, пишува денеска – „Дејли експрес“. Португалецот ќе се обиде да ја засили одбраната со Милан Шкрињар од Интер и со данскиот играч кој е висок 199 сантиметри и покажува одлични партии. Вестергарт во 2018 година беше привлечен од Борусија (Менхенгладбах) и досега има 70 натпревари и 4 гола со тимот на „светците“. Се проценува дека Тотенхем за неговиот потпис ќе треба да плати максимум од 18-20 милиони фунти.
