Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во сингл на ИТФ фјучерсот во Калви кој се игра за награден фонд од 25.000 американски долари. Таа денеска загуби од Италијанката, Лукреција Стефанини со 2-0 по сетови 6:1 и 6:3. Ѓорческа ќе остане и натаму на собирот во Франција бидејќи ја очекува нов меч во игра на двојки. Нашата тенисерка заедно со домашната претставничка, Амандин Хес, во улога на први фаворитки ќе излезат на мегдан со Флави Бруњон и Обан Дроге.
Author: dino
Борусија Дормунд вечер од 21.00 часот ќе го пречека Манчестер Сити во реванш-мечот од 1 /4 финалето во Лигата на шампионите. „Милионерите“ ќе се обидат да ја анулираат негативата од првиот дуел кога загубија минимално 2:1. Германците четири пати играле во полуфиналето а последен пат тоа се случило во 2013 година. Тимот од Дормунд и „граѓаните“ имаат три средби во ЛШ. Двете екипи имаат по една победа а една средба завршила нерешено. Гол разликата е 3-3. Веројатни состави: Борусија Дортмунд: Хиц, Мареј, Аканџи, Хумелс, Гереро, Белингем, Јан, Дахуд, Реина, Халанд и Ројс. Манчестер Сити: Едерсон, Кансело, Лапорте, Дијаз, Вокер, Гундоган,…
Ливерпул и Реал Мадрид доцна вечер на „Енфилд“ ќе го одиграат четвртфиналниот реванш од Лигата на фудбалските шампиони. Првиот натпревар во Шпанија заврши со 3:1 во корист на домаќините, но, не треба да заборавиме дека Ливерпул е мајстор за големи пресврти. Менаџерот на англискиот тим Јирген Клоп нема да се потпре на повредените Матип, Вирџил ван Дајк, Хендерсон и Гомез. Надвор од групата пак, на Зидан, се: Лукас Васкез, Серхио Рамос, Рафаел Варан, Еден Азар и Дани Карвахал. Двата тима се сретнале седум пати, со тоа што Реал Мадрид победил на 4 од натпреварите а Ливерпул на три. Гол-разликата е…
Големата ѕвездата на кошаркарскиот состав Денвер Нагетс, Џамал Мареј, ќе мора да оди на подолг период на рехабилитација откако ги искина предните вкрстени лигаменти на коленото на дуелот со Голден Стејт одигран во НБА лигата. Според проценките, еден од лидерите на тимот најверојатно ќе пропушти и дел од наредната сезона доколку нема некакво одложување со огледа на пандемијата со Ковид-19. Канаѓанецот во досегашниот дел од сезона беше еден до најдобрите поентери во тимот кој според многумина се наметнува и како фаворит за шампионскиот прстен.
Легендарниот фудбалер на Германија, Лотар Матеус, најави дека тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, ќе си замине нa крајот на сезоната. Неговата најава доаѓа по вчерашната елиминација на Баварците во Лигата на шампионите од францускиот ПСЖ. „Ханси Флик ќе замине бидејќи има понуди други тимови и од германската репрезентација. Баерн сака да го донесе Џулијан Нагелсман“ – потенцираше Матеус. Тимот од Минхен откако е елиминиран од елитата на Европа, сега ќе се насочи само кон одбрана на титулата во Бундес-конкуренцијата.
Италијанската влада дозволи присуство на гледачи за време на натпреварите на Европско фудбалско првенство во текот на летото. Тоа значи дека Рим е 9-от град што ќе овозможи на трибините да има ограничен број на фанови или 25 проценти да биде исполнет капацитетот на стадионот. Претходно тоа со направија: Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон и Санкт Петербург. УЕФА им остави простор на Билбао, Даблин и Минхен да одговорат до 19 април дали ќе дозволат фанови на трибините, во спротивно, може да бидат одредени нови градови-домаќини за натпреварите на континеталниот собир.
Доменико Тедеско кој има германско и италијанско државјанство, најверојатно ќе го напушти кормилото на рускиот фудбалски состав Спартак Москва и на крајот на сезоната ќе се врати во Бундес-лигата, најавија денеска германските медиуми. Поранешниот кормилар на Шалке се наоѓа на списокот на Ајнтрахт Франкфурт кој се обидува да пронајде нов шеф на стручниот штаб. Покрај името на Тедеско како можни кандидати за тренерското место се наметнуваат и Лусиен Фавре, Питер Бош, Ралф Рангник и Штефан Баумагарт.
Денеска со почетокот во 13.00 часот ќе бидат одиграни мечевите од 27-коло во елитната фудбалска конкуренција во нашава земја. Еве ги двојките Шкендија-Академија Пандев Шкупи-Беласица Македонија ЃП-Борец Вардар Ренова Пелистер -Силекс, Струга ТЛ – Работнички Табела Шкендија 59 Шкупи 49 Македонија ЃП 44 Струга 40 Работнички 39 Борец 33 Пелистер 32 Академија Пандев 31 Силекс 29 Ренова 27 Вардар 27 Беласица 14
Англискиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Евертон, Доминик Калверт-Левин, може да биде „фантастично засилување“ за Манчестер јунајтед во текот на летото, проценува поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд. Различни медиуми во Европа тврдат дека Јунајтед е заинтересиран и за Хари Кејн и Ерлинг Халанд, но, тие трансферите можат да бидат премногу компликувани. „За мене, вистинскиот избор е Доминик Калверт-Левин. Гледам многу натпревари на Евертон и очигледно е дека тој им создава многу главоболки на противниците” – вели Фердинанд.
Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев, имаше интервју за – „Газета“ во кое главна тема беше пласманот на Европското првенство. „Никогаш не верував дека мојата репрезентација ќе ја видам на еден голем турнир, но како човек верувам во судбина а таа сакаше ова да се случи. Освоив многу, играв во повеќе клубови, меѓутоа и претходно кажував ги давам сите трофеи за настап со Македонија на ЕП“ – потенцира Пандев и се насочи кон историската победа против Германија. „Таа ноќ во Дуизбург беше историска. Поминаа две недели од тој натпревар а јас искрено не верував дека можеме да направиме такво…
