Author: dino

Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси,  го изрази незадоволството од потегот на 12 клуба кои најавија формирање на европска супер-лига. „Според мене тоа не е добро. Станува збор за еден вид на злосторство кон сите што го сакаат фудбалот. Колку што сум информиран таму влегуваат американските пари“ – вели популарниот Пикси. „Дали тие господа го измислиле фудбалот па да си го присвојат. Фудбалот е за целиот свет не за 12 клуба“ – потенцираше новиот кормилар на нашиот северен сосед.

Read More

Фановите на Ливерпул со поставување транспаренти на оградата на стадионот „Енфилд“ изразија револт од идејата за создавање на европска Супер-лига. -Навивачите на Ливерпул против Европската Супер лига, гласи еден од транспарентите а на друг можеме да го прочитаме следниов текст: „Срамота за вас. Почивајте во мир, Ливерпул. 1892-2021“. Во меѓувреме, група приврзаници на Ливерпул, објави дека ќе ги отстрани сите нивни знамиња и транспаренти од познатата трибина во знак на протест против одлуката на клубот да учествува во Суперлигата.

Read More

УЕФА одлучи да го одложи крајниот рок до 23 април за градовите Даблин, Минхен и Билбао, кои треба да се изјаснат дали ќе дозволат да има навивачи на трибините додека се играат мечевите на Европското првенство. Според одредени информации, трите града ризикуваат да го загубат правото да бидат домаќини на натпреварите на турнирот. Континеталниот собир требаше да се одржи во изминатата година, но, поради пандемијата со Ковид-19, турнирот беше одложен за летото пред нас. Планирано е ЕП да се реализира од 11 јуни до 11 јули во 12 градови – Санкт Петербург, Лондон, Минхен, Баку, Рим, Букурешт, Копенхаген, Амстердам, Билбао,…

Read More

Фудбалерот на Фенербахче, Месут Озил, кој настапуваше за гигантите Реал Мадрид и Арсенал а со Германија го има освоено Светското првенство, на профилот на Твитер истакна, дека не гледа логика да се основа Супер-лигата во фудбалот. „Децата растат сонувајќи за освојување на Светското првенство и Лигата на шампионите а не за некоја Супер-лига. Уживањето во големите натпревари е тоа што тие се случуваат еднаш или двапати годишно, не секоја недела“ – напиша Озил. Основачи на новата Супер-лигат се: Интер, Милан, Јувентус, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Челзи и Тотенхем.

Read More

Големата фудбалска ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, објави интересна фотографија на неговиот официјален профил на Инстаграм. На сликата се гледа  Даниел Поденс, моментално играч на Вулверхемптон, кој со дрес на Олимпијакос ја држи топката со ѕвездата на Лигата на шампионите и има напишано порака подолу – Топка. Песна. Сон. Под самиот пост, Фернандес напиша лична порака „соништата не можат да се купат“. Со тоа Португалецот кој е дел од Манчестер Јунајтед,  јавно изрази негодување за официјалното објавување на плановите за Европската Супер-лига во која треба да партиципираат и „црвените ѓаволи“.

Read More

Британската влада разгледува различни опции за да го спречи почетокот на Европската Супер лига во фудбал, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон. „Видов голем број предлози што беа изнесени како потенцијални решенија. Разгледуваме голем број можности и премиерот сака да разгледа сè што можеме да сториме за да се осигураме дека  тие предлози нема да бидат спроведени како што е предложено“ рече портпаролот. Реакциите доаѓаат откако 12-те најмоќни фудбалски клубови од Англија, Шпанија и Италија објавија дека создаваат Супер-лига

Read More

Фудбалската федерација на Македонија ќе им донира вкупно 15.000 фудбалски топки (со ознака: FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ Две илјади фудбалски топки ќе се распределат за клубовите од 1 и 2 МФЛ, 11.700 илјади топки се наменети за клубовите од Трета лига, лигите организирани од Општинските фудбалски Сојузи, младински конкуренции и детски лиги, додека 1300 фудбалски топки ќе добијат клубовите кои се натпреваруваат во женските лиги. Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија уште еднаш ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите…

Read More

Тренерот на кошаркарите на Игокеа, Драган Бајиќ, најверојатно ќе го наследи Александар Тодоров, на кормилото на нашата машка кошаркарска репрезентација. Српскиот стретег кој во 2013 година беше прогласен за „тренер на годината“ во АБА лигата, успеа со неговиот сегашен тим да влезе меѓу најдобрите четири екипи во регионалната конкуренција. Доколку се остварат најавите на КФСМ на прес-конференцијата закажана за в понеделник, Бајиќ првата обврска како наш селектор ќе ја има во претквалификациите за Светското првенство.

Read More

Легендарниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, Пол Сколс, го коментираше пласманот на Манчестер Јунајтед во полуфиналето во Лигата на Европа. Некогашниот член на англискиот состав процени дека тимот на Оле Гунар Солскјер мора да се насочи кон засилување на една приоритетна позиција – централен напаѓач. „На Јунајтед му е потребен централен напаѓач за Лигата на шампионите и посебно за Премиер лигата. Мислам дека таа е приоритет бидејќи неколку сезони Манчестер е надвор од трката за титулата“ – порача Сколс.

Read More
NBA

Најголемата легенда на светската кошарка, Мајкл Џордан, ќе има чест да одржи говор по повод влегувањето на Коби Брајант во – „Куќата на славните“ на НБА. Церемонијата во која покрај Брајант ќе бидат запишани и имињата на Тим Данкан и Кевин Гарнет ќе се одржи на 15 мај. Брајант кој многумина го гледаат како еден од најголемите играчи на сите времиња и еден вид наследник на Џордан , ќе биде примен постхумно во Куќата на славните. Петкратниот шампион во НБА-лигата загина трагично на 41-годишна возраст во хеликоптерска несреќа во изминатиот јануари заедно со уште осумина меѓу кои и неговата ќерка.…

Read More