Author: dino

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин со задоволство ја коментираше одлуката на шесте англиски клубови да се повлечат од Супер лигата. Манчестер Сити, Челзи, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем и Манчестер Јунајтед синоќа најавија повлекување откако беа под огромен притисок од навивачите, професионалците и политичарите на островот. „Вчера реков дека е прекрасно да се признае дека сте направиле грешка. Сега, сепак, тие се вратија таму каде што треба да бидат. Знам дека можат да понудат многу не само на турнирите што ги организираме туку и на целиот европски фудбал“ – рече првиот човек на УЕФА.

Read More

Италијанскиот фудбалски состав Интер преку соопштени до јавноста објави дека се повлекува од така наречената Европска Супер-лига откако претходно тоа го направија сите 6 екипи од Англија. Реакцијата на „нероаѕурите“ е логична по сите притисоци што беа направени од страна на ФИФА, УЕФА, навивачите, видни личности од минатото и сегашноста како и од самите фудбалери. „По сите настани поврзани со Супер-лигата, таа повеќе не е нашиот приоритет“ – потенцира претставникот на калчо-лигашот

Read More

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн на крајот на сезоната ќе побара да си замине од клубот бидејќи не е задоволен од постигнатите резултати, најавија денеска англиските медиуми. Договорот на Кејн со „спарси“ е валиден до 2024 година што значи дека англичаните сигурно нема лесно да се откажат од неговите услуги. Одредени информации наведуваат дека Манчестер Јунајтед е меѓу главните кандидати да ја искористи целата ситуација иако тука се споменува и Манчестер Сити како и неколку тимови од Шпанија и Италија.

Read More

Фудбалерите на Челзи доцна синоќа одиграа нерешено на домашен терен со Брајтон 0:0 а нивниот тренер, Томас Тухел, вели дека за тоа голема вина има и целата приказна околу новата  Супер-лига. По натпреварот на „Стемфорд Бриџ“, стратегот на „сините“ призна дека сите информации за создавањето на Европската Супер лига имале негативно влијание врз перформансите на играчите. „Вестите за Супер-лигата влијаеја на психата на играчите. Пред натпреварот разговаравме само за тоа и за ништо друго. Разочарани сме. Сакавме да победиме“ – искоментира стратегот на Челзи.

Read More

Фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба, во текот на летото ќе си замине од „Алијанц Арена“ како слободен играч и најверојатно ќе потпише за шпанскиот состав Реал Мадрид, објавија медиумите во Германија. Според непотврдени информации одличниот играч од одбраната ќе добива неделна плата поголема од 150.000 евра како и одредени бонуси кои ќе бидат вметнaти во договорот. Информацијата не е изненaдување бидејќи „кралевите“ од претходно најавија дека сакаат да го ангажираат брзоногиот бек кој по цели 13 години ќе го напушти баварскиот гигант.

Read More

Сите шест фудбалски екипи од Англија се повлекоа од новиот проект наречен – Супер-лига. Манчестер Сити прв истапи од најавеното натпреварување а потоа му се придружија и другите премиер-лигаши откако нивните навивачи направија огромен притисок и јасно ставија до знаење дека не го поддржуваат новиот проект. Во целата ситуација е вклучена и Британската Влада која исто така направи притисок врз клубовите да се откажат од така наречената Супер лига.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Саутемптон, Ралф Хазенхатл, вели дека Тотенхем по отказот на Мурињо ќе биде тежок противник бидејќи играчите ќе сакаат да се покажат пред новиот тренер, Мејсон. Дуелот меѓу двата тима ќе биде одуигран утре. „Тоа менува сè. Немавме многу време да се подготвиме а сега нашата задача е дополнително компликувана. Треба да се концентрираме и да победиме“  – изјави Хазенхатл. „Мурињо е веројатно најуспешниот менаџер на нашето време. Тој има огромно влијание врз играта. Кога не постигнувате успех,  нормално е да бидете отпуштени “ – рече Хазенхатл

Read More

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и на репрезентацијата на Англија, Дејвид Бекам, жестоко реагираше преку социјалните мрежи по повод формирањето на Европската Супер-лига. „Навивачите не го сакаат најавеното натпреварување. Јас многу го сакам фудбалот а тој без фановите нема никакво значење“ – изјави Бекам. „Фудбалот треба да се базира на успех и историја. Мораме да ги заштитиме вредностите што ги сакаме“ – потенцираше Бекам кој настапуваше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Милан или трите клуба кои најавија дека ќе играат во новото натпреварување.

Read More

Англискиот фудбалски состав Тотенхем, потврди дека Рајан Мејсон, до крајот на сезоната ќе ја има улогата на шеф на стручниот штаб откако Жозе Мурињо беше отпуштен поради серијата на слаби резултати. 29-годишниот Мејсон кој поради повреда пред време ја заврши кариерата има настапувано за: „Спарси“, Милвол, Јеовиол, Донкастер, Лориент и Свиндон. Мејсон се повлече од активно играње во 2018 година. Последен пат на теренот го носеше дресот на Хал.

Read More

Ерик Кантона една од најмаркантините личностги што го носела дресот на Манчестер Јунајтед, остро ја критикуваше одлуката на „црвените ѓаволи“ да се вклучат во новото натпреварување наречено фудбалска Супер-лига. Составот од „Олд Трафорд“ е во групата од 12 гиганти кои се определија да формираат посебна лига со што го навлекоа бесот на ФИФА, УЕФА, навивачите и многу познати фудбалски имињата од минатото и сегашноста. Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“, изјави дека мора да се сослушаат барањата на љубителите на фудбалот. „Навивачите треба да бидат почитувани. Дали големите клубови ги прашаа е што мислат? Не, и тоа е срамот“ – потенцираше…

Read More