Author: dino

Mанчестер Сити со пресврт го победи ПСЖ 2-1 на „Паркот на Принцовите“  со што го отвори патот кон финалето во Лигата на шампионите. Фудбалерот на победничкиот состав, Кевин Де Брујне кој погоди за 1:1, вели  дека ништо не е готово бидејќи треба да се одигра и реваншот во Англија. „На паузата се договоривме да играме повеќе со топката за да можеме да бидеме опасни, морам да кажам дека поминавме само половна пат до финалето“ – изјави капитенот на „граѓаните“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим одиграл перфектно во второто полувреме на вчерашното гостување кај ПСЖ во 1 / 2 финалето во Лигата на шампионите и дека сосема заслужено успеал да направи пресврт. Шпанскиот стратег и покрај победата во Франција од 2:1, предупредува дека се може да се случи на реваншот во Англија. „Бевме добри во вториот дел, одигравме многу агресивно, ако и на реваншот биде како во вториот дел, тогаш можеме да одиме во финале“ – изјави  Гвардиола.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Јувентус одлучија да го назначат Масимилијано Алегри за нов тренер откако ќе заврши сезоната, најавија медиумите во Италија. Тоа значи дека специјалистот ќе го преземе тимот од Торино по втор пат по периодот од 2014 – 2019 година кога освои пет последователни шампионски титули. Според информациите, раководството одлучило дека ќе го разреши Андреа Пирло без разлика дали ќе го квалификува тимот во Лигата на шампионите или пак, ќе го подигне победничкиот пехар во Купот.

Read More

Нашите најдобри ракометари триумфално минаа на теренот на Финска откако одиграа одличен втор дел. Тогаш проработе одбраната а контрите донесоа лесни голови и целосен пресврт за нова победа во квалификациите за Европското првенство. Најдобри на листата на стрелци беа Лазаров и Кузмановски со по пет голови а голманите Митревски и Томовски  заедно запишаа 15 одбрани. Кај Финците, Гранлуд даде шест голови а Мартин постигна пет. Во последното коло на 2 мај во групата „7“, Македонија ќе ја пречека Швајцарија.

Read More

Денеска во седиштето на ЕХФ во Виена, беа формирани полу-финалните двојки за премиерното издание на Европската ракометна лига. Полскиот состав Висла Плок кој е единствен што доаѓа надвор од Германија, за противник ќе го има Магдебург додека во вториот меч ќе играат  бундеслигашите, Рајн Некар Левен и Фуксе Берлин. Така наречениот Ф4 турнир во Лигата на Европа ќе биде одигран од 22 до 23 мај во германскиот град Манхајм.

Read More

На три сезонски трки ќе има спринт квалификации кои ќе обезбедат бодови за првите тројца возачи, објави денеска  Формула 1. Планот е спринтовите на 100 км да бидат в петок по првиот слободен тренинг и ден потоа кога ќе се одреди и распоредот за главната неделна трка. Според најавите, спринтовите се планирани за патеката „Силверстон“ во Велика Британија, „Монца“ во Италија и на една трка надвор од Европа која ќе биде дополнително одредена. Најбрзиот возач во спринт-квалификациите ќе добие три бода вториот два а третиот ќе освои еден бод.

Read More

Денеска беа одредени полу-финалните двојки за завршниот Ф4 турнир во Ракометниот Куп на Македонија за мажи. Во првата средба ќе се сретнат скопските ривали Вардар и Металург додека во втората силите ќе ги одмрат Еурофарм Пелистер и Бутел. Победниците од двата меча ќе се борат за вредниот трофеј во Купот. Завршницата ќе започне на 14 мај во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Read More

Фудбалскиот состав од Бундес-лигата, Бајер Леверкузен, потпиша договор со германскиот младински репрезентативец, Емрехан Гедикли. Тоа е прв професионален договор за 18-годишниот напаѓач кој во тековнава сезона беше на клупата на Леверкузен на три натпревари во Лигата на Европа. „Му должам многу на Баер. Сакам со добри игри да вратам за шансите што ми беа дадени. Имам голема страст кога играм за тимот. Сакам да се етаблирам во професионалниот фудбал” – изјави Гедикли.

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав, Рома, успеале да го убедат Маурицио Сари да го преземе кормилото на „римската волчица“ во текот на летото иако има активен договoр со Јувентус до 2022 година. Искусниот стратег најверојатно ќе мора да и плати отштета на „старата дама“ од 2,5 милиони евра за да го раскине договорот и да биде слободен да ги води „римјаните “. Според медиумите, тренерот од Тоскана и спортскиот директор на Рома, Лопез, набрзо ќе имаат состанок за да ги прецизираат сите детали.

Read More

Кристијан Виери, прославениот фудбалер на  Јувентус, Лацио, Интер, Атлетико Мадрид, Фиорентинa и репрезентацијата на Италија, верува дека ќе успее проектот наречен европска Супер-лига. „Мислам дека Суперлигата ќе се одржи, кога-тогаш, можеби не денеска, сигурно во иднина. Клубовите направија низа грешки во комуникацијата, но Флорентино Перез не е глуп, знае што сака, дури и ако има несогласувања“ – вели Виери. „Големите клубови не сакаат друг да им ги контролира парите. На богатите не ѝ треба УЕФА за да им ги води финансиите“ – вели Виери.

Read More