Луѓето од Арсенал се многу блиску до потписот на фудбалерот за врска на шпанскиот Бетис, Гвидо Родригез. „Топџиите“ подолго време ги следат настапите на Аргентинецот и сега имаат големи шанси да го донесат на „Емирати“, пишува – „Естадио Депортиво“. Шпанскиот клуб планира да продаде неколку играчи меѓу кои влегува и Родригез. Тренерот на англичаните, Микел Артета, сака да ја засили конкуренцијата во средниот ред и воедно да пронајде замена за Дани Себалјос, кој на крајот на сезоната ќе се врати во матичниот клуб, Реал Мадрид.
Author: dino
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, верува дека неговите фудбалери се подготвени за денешниот реванш меч со Челзи во полу-финалето во Лигата на шампионите. Англискиот тим има предност на хартија бидејќи првата средба на стадионот –„Алфредо ди Стефано“ заврши нерешено 1:1. „Сите сме среќни бидејќи стигнавме на чекор до финалето. Рамос е со нас, но, ќе видиме дали ќе игра. Во секој случај ни треба капитенот, но, нема да ризикуваме“ – вели Зидан. „Ние заслуживме да се бориме за трофејот во домашното првенство и во Лигата на шампионите. Ќе видиме до каде ќе стигнеме“ – потенцираше тренерот на Реал Мадрид…
„Газета дело спорт“ пишува дека тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, добил дозвола од извршниот директор, Џузепе Марота, да направи список за засилувања кои треба да се купат во текот на летото. Меѓу приоритетите е купувањето на нов голман а во преден план се имињата на Хуан Мусо од Удинезе и чуварот на мрежата на Верона, Матијас Силвестри. „Нероаѕурите“ кои се новите шампиони на Италија ќе се обидат да најдат и ново левото крило како и замена за напаѓачот, Ромелу Лукаку, кој најверојатно ќе си замине од Милано.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не крие дека е среќен по пласманот во големото финале во Лигата на шампионите. Неговиот тим во двата меча со францускиот ПСЖ излезе како победник и сосема заслужено се промовираше како првиот учесник во битката за европскиот трон која ќе биде на стадионот – Ататурк во Истанбул. „Горд сум на фудбалерите. Да се победи со 4-1 против тим кој ги елиминираше Барселона и Баерн Минхен значи многу. Последниве неколку години работевме напорно за да дојдеме до финалето“ – рече шпанскиот стратег.
Фудбалерите на Пари Сен Жермен, Марко Верати и Андрес Ерера, жестоко го нападнаа судијата Бјорн Кујперс поради навредите упатен кон нив на вчерашниот реванш со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Францускиот состав загуби на „Етихад“ со 2:0 и со вкупни 4:1 е елиминиран во последниот елиминациски филтер пред големото финале во елитната конкуренција на Европа. По мечот во Англија, Верати, објасни дека судијата се однесувал непристојно кон гостинските фудбалери. „Не сакам кога судијата ти кажува пцовки. Секогаш покажуваме респект, но, тој го повтори тоа три-четири пати во текот на мечот“ – рече Верати.
Владата на Македонија на вчерашната седница донесе одлука за формирање координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство кое ќе се реализира во текот на летото. Истото треба помогне во организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Македонија на континеталниот собир. Ние сме во групата „Ц“ заедно со Украина, Австрија и Холандија. Мечевите ќе ги играме во Букурешт и во Амстердам. Прв противник ќе ни бидат Австријците на 13 јуни.
Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Игор Ангеловски, ја поздрави одлуката на УЕФА да има по 26 играчи во ростерот на претстојниот Евро-шампионат или тројца повеќе од претходните собири. „Олеснување е промената со 26 фудбалери бидејќи ни дава три други опции за секој случај. Јас сум кажал дека фудбалерите што го обезбедија пласманот на Европското првенство имаат предност“ – потенцираше Ангеловски. Селекторите треба да го испратат конечниот список на фудбалери до 1 јуни.
Легендата на фудбалскиот состав Арсенал, Тиери Анри изјави дека понудата за купување на клубот од страна на шведскиот милијардер, Даниел Ек, е сосема реална. Бизнисменот кој долги години навива за „топчиите“ се огласи преку социјалните мрежи откако ги виде протестите на навивачите против сегашната управа. Анри откри дека Ек во последните денови имал состанок и со лондончани. „Ек контактираше со семејството Кронке. Тој ми рече дека собрал средства за да има добра понуда. Сите се обидуваме да понудиме решение што ќе биде поддржано од навивачите на клубот“ – изјави Французинот
Поранешниот шампион во Формула1, Нико Розберг, вели дека Макс Верстапен со болидот на Ред Бул мора да се ослободи од притисокот и да остане максимално конкурентен со Луис Хамилтон во трката за титулата. „Минатата година Верстапен имаше болид со кој можеше повремено да дојде до победа, годинава тој е фаворит и тоа многу менува. Сега има поголем притисок, но, грешките не можат да му бидат изговор“ – потенцираше Розберг. По три сезонски трки, Хамилтон е лидер со 69 бодови, Верстапен е втор со 61 додека Ландо Норис го има третото место со 37 бодови.
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека не треба да има опуштање кај неговите фудбалери на денешниот реванш меч со ПСЖ во полу-финалето во Лигата на шампионите. Средбата ќе биде одиграна од 21.00 часот на стадионот-„Етихад“ а домаќинот има предност на хартија откако победи на гостувањето во Франција со 2 спрема 1. „ПСЖ има одличен тренер кој може да направи големи промени во играта во однос на првиот дуел. Мораме да бидеме крајно внимателни и да настапиме со тимски дух“ – потенцираше Шпанецот на клупата на англичаните.
