Голманот на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Мануел Нојер, кој вчера се израдува на нова титула во Бундес-лигата, успеа да го изедначи рекордот на легендарниот, Оливер Кан, кога станува збор за така наречени „суви мрежи“. Баварците славеа убедливо против Борусија Менхенгладбах со 6:0 а Нојер го одигра 204 меч на кој успеа да ја сочува недопрена неговата мрежа. Нојер за да го изедначи рекордот на Кан требаше да одигра 444 натпревари додека на Кан за истиот подвиг му беа потребни 557 средби.
Author: dino
Фудбалскиот состав на Реал Мадрид, објави, дека Серхио Рамос, ќе мора да го пропушти денешното дерби против Севилја во рамките на најсилниот фудбалски шампионат на Шпанија. Корпулентниот дефанзивец има нови проблеми со мускулот на левата нога и ќе мора да оди на дополнителни прегледи по што ќе биде утврдено колку ќе му трае процесот на рехабилитација. Капитенот на „кралевите“ кој пропушти голем дел од сезоната се врати на теренот во изминатата среда на дуелот со Челзи во Лигата на шампионите.
Селекторот на нашите најдобри ракометари, Кире Лазаров, вели дека ќе се оди чекор по чекор на средбите со Словенија, Данска и Црна Гора, кои ќе ни бидат противници во првата групна фаза на Европското првенство во 2022 година. „Ќе се подготвуваме максимално и на секој натпревар ќе одиме на победа. Прочитав дека Никола Митревски рекол ако играме како што умееме, не е значајно кој ќе ни биде ривал. Тоа многу ми се допаѓа“ – вели нашиот селектор-играч Лазаров. Македонија првата групна фаза ќе ја игра во Дебрецин.
Португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, кој на крајот на сезоната ќе го преземе кормилото на италијанската Рома, планира да купи неколку атрактивни засилувања во текот на летниот преоден рок. Прв на неговиот список е играчот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, кој ја нема посакувната минутажа на стадионот – „Олд Трафорд“. Познато е дека „римската волчица“ има добри односи со англискиот состав што значи дека нема да има никакви пречки да се оствари желбата на Мурињо. 32-годишниот Матиќ има договор со Јунајтед до летото во 2023 година.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ќе се обиде во текот на летото да го ангажира напаѓачот на Тотенхем и на репрезентацијата на Англија, Хари Кејн, кој најави дека е подготвен да ги напушти популарните „спарси“. Според објавеното во весникот – „Сан“, „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат дури 90 милиони фунти иако првиот човек на лондончани, Даниел Леви, не сака да го продаде Кејн во конкурентски тим од Премиер-лигата. Сепак, понудената сума од страна на Манчестер Јунајтед може да ги натера челниците на Тотенхем да ја прифатат понуда со оглед на тешката финансиска ситуација поради глобалната…
Селекциите на Словенија, Данска и Црна Гора ќе и бидат противници на Македонија во групата „А“ во Дебрецин на Европското првенство во 2022 година што ќе биде организирано во Словачка и Унгарија. Во групата „Б“ (Будимпешта) ќе играат: Португалија, Унгарија, Исланд и Холандија. Групата „Ц“ во Сегед ја сочинуваат: Хравтска, Србија, Франција и Украина. Во групата „Д“ во Братислава денешната ждрепка ги вметна: Германија, Австрија, Белорусија и Полска. Во групата „Е“ во Братислава ќе ги одмеарт силите Шпанија, Шведска, Чешка и БИХ додека групата „Ф“ во Кошице ја сочинуваат: Норвешка, Русија, Словачка и Литванија. Европското првенство ќе се одржи во…
Фудбалерот на Лајпциг, Ибрахим Конате, од наредната сезона најверојатно ќе го облече дресот на Ливерпул, најавија денеска медиумите во Англија. Според наведеното, „црвените“ се подготвени да ја платат клаузулата од 35 милиони евра и да го ангажираат 21-годишниот Французин кој наводно, се согласил да потпише договор за пет сезони. Тој ќе треба да му биде партнер во одбраната на Вирџил Ван Дајк кој полека закрепнува од повредата. Ќе потсетиме дека Арсенал, Тотенхем и Барселона исто така беа заинтересирани за црномурестиот фудбалер.
Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија го промени терминот за почетокот на мечевите во претстојниот викенд откако кризниот штаб ги олесни рестриктивните мерки а полицискиот час започнува во 23.00 . Тоа значи дека мечевите од 26 коло во двете втори лиги (сабота) и средбите од 32.коло во ПМФЛ ќе стартуваат во 16 часот. ФФМ ќе ги плати сите ПЦР тестови на играчите, тренерите и службените лица за натпреварите во Првата и двете втори лиги. ФФМ ги одреди и судиите за 32.коло во ПМФЛ кое ќе биде в недела. Дејан Јакимовски ќе ја дели правдата на мечот во Струмица…
Челзи и Реал Мадрид вечер од 21.00 часот на стадионот – „Стемфорд Бриџ“ ќе го одиграат реваншот од полу-финалето во Лигата на фудбалските шампиони. Првата средба во Шпанија заврши 1:1 што на хартија им дава предност на лондончани. Двата тима досега се сретнале 4 пати, „сините’ забележале две победи а два меча завршиле нерешено. Традицијата е на страната на Англичаните, но, вкупната статистиката им дава надеж на Шпанците дека можат да одат во финалето. Имено, Челзи досега играше против шпански тимови 12 пати и само во 5 случаи продолжи понатаму. Реал е многу успешен во елиминациските натпревари со англиските ривали…
Фудбалерот на Валенсија, Хозе Гајa, може да добие понуда во текот на летото да се пресели во Атлетико Мадрид или во Барселона. Според шпанските медиуми, Каталонците бараат замена за ветеранот, Жорди Алба додека пак, мадриѓани, сакаат да се засилат во дефанзивата која се чини е послабиот дел од тимот. Хозе Гајa досега има одиграно 258 натпревари и постигнато 6 голови во дресот на „лилјаците“ додека за репрезентацијата на Шпанија, има 13 средби на кои постигнал 2 гола.
