Author: dino

Тренерот на ракометарите на Вардар, Стевче Алушовски, ќе ги напушти „црвено-црните“ откако ќе заврши сезоната. Тој дојде во таборот на скопјани во финишот на 2019 година на местото на Едуард Кокшаров. Алушовски до крајот на сезоната ќе се обиде да дојде до пехарите во СЕХА, домашното првенство и Купот на Македонија откако тимот беше елиминиран од Лигата на шампионите по дуелите со унгарскиот Веспрем. Претходно се појавија информации дека од наредната сезона кормилото на Вардар ќе го преземе миленикот на „комитите“, Веселин Вујовиќ, кој најави дека ќе го напушти  Борац Бања Лука.

Read More

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, ги негираше медиумите дека ќе даде 40 милиони фунти за да го купи младиот напаѓач на Челзи, Тами Абрахам, кој во текот на летото ќе биде ставен на трансфер листата. „Немаме потреба и немаме намера да купуваме напаѓач за толку пари. Повторувам: Нема шанси! Можам да ви кажам дека со таква цена нема да влеземе ниту во преговори“ – изјави Мојс. Младиот Абрахам кој потекнува од школата на Челзи, главно играше како позајмен фудбалер во Бристол Сити, Свонси и Астон Вила.

Read More

Фудбалскиот тренер, Хави Гарсија, заработи отказ од челниците на Валенсија откако тимот од „Месталја“ загуби вчера на домашен терен од Барселона со 3 спрема 2. Тоа не изненадува бидејќи и претходно имаше најави дека искусниот стратег ќе си замина на крајот на сезоната а целата работа само ја забрза вчерашниот пораз од Каталонците. Според најавите, на клупата на Валенсија до крајот на сезоната времено ќе седи Салвадор Гонзалес.  Тој ќе ја има улогата на тренер на средбите со Валјадолид, Еибар, Севилја и Хуеска.

Read More

Дефанзивниот фудбалер на Реал Мадрид, Рафаел Варан, се соочува со повреда и нема да игра на ревашот со Челзи во полу-финалето во Лигата на шампионите. Мечот ќе биде одигран в среда во Англија со тоа што „сините“ имаат предност на хартија откако првиот меч заврши нерешено 1:1. Отсуството на Варан ќе биде голем проблем за тренерот, Зинедин Зидан, кој во континуитет се соочува со скратен ростер поради се поголемио број на повредени и болни фудбалери. Медиумите најавуваат дека капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос, по подолго време конечно ќе се врати на теренот.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Лицио, Симоне Инзаги, најверојатно ќе ја продолжи соработката со „римските орли“, најавуваат медиумите во Италија. Неговиот состав во финишот на сезоната ќе се обиде да се избори за место во Лигата на шампионите а раководство цврсто верува дека Инзаги го има потребниот квалитет да остане на клупата. „Ние сакаме да бидеме во топ 4. Досега имам одлична соработка со претседателот, верувам дека тоа ќе продолжи и во иднина“ – потенцираше тренерот на Лацио.

Read More

Ракометната федерација на Македонија направи промена во календарот за завршните мечеви во машкиот Куп. Првично беше планирано полуфиналните дуели да бидат одиграни на 14 мај, но, сега со промената тие ќе се одиграат ден претходно. Од 16.30 часот Металург ќе игра со Вардар 1961 додека од 19.00 часот Бутел ќе ги одмери силите со Еурофарм Пелистер. Решавачкиот меч за победничкиот пехар ќе биде в сабота на 15 мај со почеток од 19:00 часот.

Read More

Медиумите во Италија објавија дека луѓето од Наполи бараат замена за Гулам и дека изборот паднал на нашиот фудбалски интернационалец, Езгјан Илиоски, кој има одлични партии во дресот на Лидс. Бидејќи англичаните досега не му понудија продолжување на соработката на македонскиот играч, сосема е извесно дека Алиоски во текот на летото ќе може да го напушти стадионот – „Илан роуд“. Ако најавите се реализираат, тогаш Македонија ќе има двајца репрезентативци во калчо-лигашот, под услов, таму да остане Елиф Елмас кој од 2019 година го носи дресот на Наполи.

Read More

Младиот фудбалер на Челзи, Тами Абрахам, најверојатно во текот на летото ќе го напушти стадионот – „Стемфорд Бриџ“, бидејќи по доаѓањето на новиот тренер, Томас Тухел, практично се пресели на клупата за резерви. 23 годишниот напаѓач во претстојниот летен преоден рок би можел да си замине а „сините“ ја одредиле и цената за неговиот потпис која изнесува 40 милиони фунти. Според медиумите во Англија, челниците на Вест Хем имаат намера да го ангажираат младиот фудбалер.

Read More

Шпанскиот новинар, Едуардо Инда, објави дека Масимилијано Алегри доколку се врати на кромилото на Јувентус во текот на летото, ќе направи напор да го обезбеди потписот на играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио. Младиот напаѓач на „кралевите“ најверојатно ќе биде ставен на списокот за трансфери доколку „белите“ успеат да ги ангажираат Мбапе или Халанд. -Асенсио има понуди од Англија и од Јувентус. Се шпекулира дека Алегри ќе го замени Пирло, тој е голем фан на Асенсио” – напиша Инда.

Read More

Спортскиот директор на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, вели дека е задоволен што тимот во текот на летото ќе добие нов тренер во името на Јулијан Нагелсман кој ќе потпише договор за наредните 5 години. „Разговорите беа многу конструктивни. Сигурен сум дека со него добро ќе се забавуваме“– изјави Салихамиџиќ. Во исто време, претседателот на Баварците, Херберт Хајнер, нагласи дека Нагелсман доаѓа од новата генерација на млади тренери и дека ќе има големи успеси.

Read More