Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Бејли го продолжи договорот со клубот.Играчот од Брегот на Слоновата Коска потпиша до јуни 2024 година со можност за продолжување на уште една година. „Јас сум многу среќен. Донесoв одлука без размислување. Го сакам клубот и сакам да играм за Манчестер Јунајтед. Закрепнав од повредата и сум во добра форма“, рече Бејли. 27-годишниот фудбалер од Брег Слоновата коска се пресели во Манчестер Јунајтед од Виљареал во 2016 година. Дефанзивецот во сезонава учествуваше на осум натпревари од англиската Премиер лига и не успеа да постигне погодок.
Author: dino
Бразилскиот фудбалски клуб, Сантош, потврди дека Ариел Олан се повлече од тренерската позиција и тоа по само еден ден откако откако навивачите на тимот протестираа пред куќата на специјалистот, фрлајќи чадни бомби. Аргентинскиот тренер помина само два месеци на кормилото на Сантос. Во неделата, тимот од Сао Паоло претрпе пораз од локалниот ривал Коринтијанс. Олан да им се приклучи на „бело-црните“, работеше во аргентинскиот Индепендиенте и во чилеанскиот состав Универсидад Католика.
Легендарниот фудбалер на Јувентус, Александро дел Пиеро, би можел да ја добие улогата на претседател и да го замени Андреа Ањели кој се најде на удар на јавноста по сите збиднувања околу Европската Супер-лига. Ањели нема намера да поднесе оставка во Јувентус, но, акционерите предводени од Џон Елкан би можеле да го отпуштат за време на состанокот на 27 мај. Покрај Дел Пиеро кој работи како консултант за „ЕСПН“, за директорската позиција кај „старата дама“ се шпекулира и со името на легендарниот тренер, Марчело Липи.
Фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати, потенцира дека неговиот состав секогаш игра под притисок дека треба да победи бидејќи ја има улогата на фаворит за освојување на титулата во Франција и во ЛШ. „Принудени сме да победуваме. Тука првенството е одлично. Ќе видиме кој ќе биде прв. Има четири екипи кои можат да ја освојат титулата“ -вели Верати. Неговиот тим в среда го очекува првиот меч со Манчестер Сити во полу-финалето во Лигата на шампионите.
Нашиот фудбалски прволигаш и тренерот, Жикица Тасевски, спогодбено ја прекинаа соработката откако „лавовите“ денеска загубија на домашен терен од Струга со 3:2. „Како чин на морална одговорност одлучив да се разделам со Македонија ЃП. Благодарност до раководството со желба да успеат да се пласираат на едно од местата кои водат во Европа“ – изјави Тасевски. Екипата од Ѓорче Петров во последните четири кола на дуелите со Пелистер, Шкупи, Шкендија и Вардар, ќе се обиде да обезбеди виза за Европа.
Бразилскиот фудбалер за врска на Барселона, Филипе Кутињо, изјави, дека заздравувањето од повредата на коленото се одвива под очекувањата. Бразилецот е надвор од терените и се лекува во татковината откако се повреди на мечот со Еибар одигран во декември во 2020 година. „Работам напорно и убеден сум дека ќе се вратам. Закрепнувањето е бавно, потребно е трпеливост и посветеност. Предизвиците секогаш ме мотивирале“ – напиша 28-годишниот играч на Инстаграм
Првите луѓе на Бундес-лигата донесоа одлука за задолжителен карантин за сите фудбалски клубови кој ќе започне в понеделник на 3 мај. На сите инволвирани во првата и втората лига ќе им биде дозволено да го напуштаат домот само за натпреварите и тренинзите за да се намали можноста за ширење на заразата. Тоо значи дека од 12 мај до крајот на сезоната сите клубови ќе мора да одат во карантин.
Шведскиот фудбалски интренационалец во редовите на Милан, Златан Ибрахимовиќ, го продолжи договорот до летото во 2022 година или практично до крајот на неговата кариера, објавија медиумите во Италија. Миланезите му понудија нова соработка на популарниот Ибра со што на некој начин му ја исполнија желбата. „Росонерите“ со интересен пост на Твитер „навестија“ дека договорот е потпишан и дека Ибрахимовиќ ќе остане на „Сан Сиро“ и за наредната сезона.
Поранешниот фудбалер на Тотенхем, Димитар Бербатов, призна дека е многу изненаден од отказот за Жозе Мурињо и тоа на само неколку дена пред финалето во Лига купот во кое клубот го брка првиот трофеј во последните 13 години. „Изненаден сум што Тотенхем одлучи да го отпушти Мурињо. Моментот е лош, само неколку дена до финалето за Купот на Карабао“ – вели Бугаринот. „Не можете да негирате дека Мурињо освојува трофеи каде и да оди. Многу сум изненаден“ – вели Бербатов.
Фудбалската Федерација на Македонија објави дека ќе ги покрие трошоците за сите ПЦР тестови за Ковид-19 откако Владата донесе одлука истите да се прават задолжително пред секој натпревар. Тоа значи дека ФФМ одлучи за сите мечеви од првата и втората лига кои ќе бидат одиграни во текот на викендот да ги плати трошоците за тестирање. Секој клуб мора да пријави по 25 лица за секој натпревар, покрај играчите и тренерите тука се вбројуваат и службените лица од клубот. Тестирањето ќе биде направено утре и в петок. Воедно, ФФМ ќе ги покрие трошоците и за тестовите на судиите, делегатите и контролорите.…
