Author: dino

Фудбалерите на Челзи успеаа да поминат триумфално на теренот на Манчестер Сити откако направија комплетен пресврт и победија со 2 спрема 1. Победничкиот гол го постигна Алонсо по асистенција на Тимо Вернер кој во последно време добива серија на критики поради слабите партии. Сепак, во негова одбрана застана тренерот, Томас Тухел. „ Сите го критикуваа Тимо, но, неделава одлично се покажа во одредени ситуации. Начинот на кој работи на теренот е фантастичен. Тој секогаш сака да даде повеќе со неговите спринтови“ – потенцираше Тухел.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, по победата од 2:0 против Саутемптон, истакна, дека неговиот клуб е се уште во игра за пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона. „Црвените“ до крајот на првенството ќе имаат натпревари со Манчестер Јунајтед, Барнли, ВБА и Кристал Палас. „Ако освоиме 12 бодови мислам дека тоа ќе биде доволно да се пласираме во Лигата на шампионите. В четврток ќе играме со Манчестер Јунајтед а нивниот распоред е пренатрупан. Верувам дека ќе мора да направат ротации“ – вели Клоп. „На другите мечеви ќе видиме какви амбиции ќе имаат тимовите или дали некој од…

Read More

Реал Мадрид доцна синоќа ремизираше на домашен терен со Севилја (2:2) и ја пропушти шансата да се пробие на првото место на табелата во најсилниот фудбалски шампионат на Шпанија. „Кралевите“ се спасуваат во судиското продолжение откако гостите од Месталја во два  наврата има предност, но, не го издржаа последниот налет на домаќините. Веднаш по мечот тренерот на мадриѓани, Зинедин Зидан, не криеше дека е бесен на судиските одлуки. „Јас видов две играња со рака, едно во нашиот шеснаесетник и едно во шеснаесетникот на Севилја. Судиите покажаа пенал само за противникот односно само за едната ситуација. Лут сум, некој треба да…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Андреа Пирло, по вчерашниот пораз на домашен терен од Милан, вели дека нема намера да си поднесе оставка. „Старата дама“ на три кола пред крајот на шампионатот, се наоѓа во лоша позиција во трката за место во ЛШ. „Многу нешта не функционираа на мечот со Милан. Ќе треба да направиме добра анализа. Немам намера да се повлечам“ – вели Пирло. „Треба да се направат одредени промени во последните три кола. Ќе се бориме до крајот за да успееме да влеземе во Лигата на шампионите“- нагласи тренерот на Јуве.

Read More

Францускиот фудбалер, Кингсли Коман, има освоено дури 10 национални титули со три различни клуба во девет сезони. Тој продолжи да ја полни неговата ризница откако Баерн Минхен во текот на викендот ја обезбеди деветтата последователна титула во Бундес-лигата. Коман со само 16 години, 8 месеци и 4 дена, станал најмладиот играч во историјата на клубот кој дебитирал во Лига 1 легувајќи на местото на Марко Верати  во 87-мата минута на мечот со Сошо одигран на 17 февруари во 2013 година. Црномурестиот репрезентативец на Франција ги освои клупските титули грајќи за ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен.

Read More

Откако Британската Влада ја стави Турција на црвената листа“ на земји за патувања поради ситуацијата со корона-вирусот, се погласни се притисоците кон УЕФА финалето во Лигата на фудбалските шампиони да се реализира во Англија. Бидејќи во завршниот меч за титулата на 29 мај ќе играат два клуба од Островот, Манчестер Сити и Челзи, Британците се обидуваат да ја натераат УЕФА финалето од Истанбул да го пресели во Англија. Тоа за медиумите доцна синоќа го потврдија и дел од британските политичари. Претходно имаше шпекулации дека финалето во Лигата на шампионите може да се одржи на стадионот – „Вембли“ во Лондон.

Read More

Патрик Виеира е главниот кандидат за нов тренер на фудбалскиот состав Лион, пренесуваат дел од медиумите во Франција. Други кандидати за таа позиција се: Кристоф Галтиер од Лил, Роберто Де Дерби од Сасуоло и Марсело Гајардо од Ривер Плата. Договорот на сегашниот тренер на „лавовите“, Руди Гарсија, ќе истече во текот на летото и нема да му биде обновен. Лион е трет на табелата во Лига 1 и на две кола пред крајот заостанува 6 бодови во однос на лидерот Лил. Виеира кој е светскиот шампион со Франција од 1998 година, последен пат седеше на кормилото на Ница во Лига…

Read More

Големата фудбалска ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн, ќе упати лично барање до претседателот на клубот Даниел Леви, да ги разгледа понудите што ќе пристигнат во текот на летото и да му дозволи да си замине од тимот. По вчерашниот пораз од Лидс, јасно е дека „спарси“ нема да обезбедат место во  Лигата на шампионите за наредната сезона што дополнително го мотивира Кејн да пронајде нов клуб со кој ќе игра во европската елита. Наводно Леви, поставил цена од 175 милиони фунти за потписот на напаѓачот и тоа само за тимови надвор од Англија бидејќи не сака да го продаде во…

Read More

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, кои одбиваат да се повлечат од европската Супер лига, објавија дека се подготвени да преговараат со УЕФА и ФИФА откако Европската куќа на фудбалот синоќа објави дека е поведена дисциплинска постапка против трите клуба. „Клубовите трпат неприфатлив притисок, навреди и закани за напуштање на проектот. Тоа е целосно неприфатливо откако Спортскиот трибунал им нареди на ФИФА и УЕФА да се воздржат директно или индиректно од какво било дејствие“ – стои во дел од соопштението на Реал, Барселона и Јувентус. Во исто време беше објавено дека другите 9 основачи на Супер-лигата : Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер…

Read More

Легендарниот кошаркарски тренер од НБА лигата, Стив Неш, кој со неговиот Бруклин се наметнува како фаворит за освојување на шампионскиот прстен, се изрази ласкаво за играчот на Денвер, Никола Јокиќ. „Јокиќ е МВП годинава. Игра на високо ниво, има континуитет, од почетокот до крајот, ги прави соиграчите подобри –  нагласи Неш откако неговиот тим во текот на ноќта славеше токму на дуелот со Денвер. Српскиот интренационалец, Никола Јокиќ, кој игра на центарските позиции беше избран како 41-ви пик на драфтот од страна на Денвер Нагетс во 2014 година.

Read More