Author: dino

NBA

Легендарниот од НБА, Коби Брајант, кој во 2020 –та година загинаа во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џиана и уште седум лица, постхумно беше примен во кошаркарската Куќа на славните. Целата церемонија беше реализирана осум месеци подоцна од првичниот датум поради памндемијата со Ковид-19. Брајант пет пати ја освојуваше титулата во НБА лигата а 18 пати играше на ол-стар натпреварите. Тој беше прогласен за МВП на сезоната 2007/08. Покрај него, во класата 2020 нови членови на Куќата на славните во Спрингфилд се и кошаркарите Кевин Гарнер, Тим Данкан, тренерот Руди Томјанович, колеџ тренерот Еди Сатон, тренерите на женските колеџ…

Read More

Ракометарите на Вардар ја пополнија богатат ризница и со 14-от пехар од Купот откако денеска во финалето го совладаа составот на Еурофарм Пелистер со 26 спрема 24. Во финалето  во салата – „Автокоманда“ во Скопје, во крајно интересен финиш кога се решаваше победникот, „црвено-црните“ со головите на Дибиров и Чупиќ  успеаја да ја задржат предноста и да се израдуваат на првиот сезонски трофеј. Во победничкиот тим се издвои Дисингер со шест голови додека кај битолчани Периќ постигна 9 голови. Претходно во женското финале на Купот, екипата на Куманово славеше против Вардар со 26 спрема 18. За најдобар голман беше избрана Андреа…

Read More

Француските браќа близнаци, Оливие и Кевин Ниокас, од наредната сезона ќе го носат дресот на Металург, објавија денеска дел од медиумите во нивната татковина. Според наведеното, ракометарите кои настапуваат на бековските позиции, набрзо треба да дојдат во Скопје и да потпишат за екипата од Автокоманда. Оливие во тековнава сезона настапува во екипата на Нант додека Кевин го носи дресот на Бенфика. Ќе потсетиме дека  Металург неодамна ја продолжи соработката со Хрватот, Златко Хорват и Црногорецот, Василије Калуќеровиќ.

Read More

Германскиот стратег на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, посочи дека неговите избраници одиграле одличен меч и сосема заслужено победиле на вчерашното гостување кај Манчестер Јунајтед. „Одличен натпревар, добра и напната игра, такви треба да бидат дерби-дуелите. Ова е моја прва победа на „Олд Трафорд“, која дојде во вистинско време. Ни требаше победата и ја заслуживме“ – вели Клоп. „Откако ја презедовме контролата на играта се беше полесно. Многу работи беа на наша страна. Успеавме да го запреме Бруно Фернандес и да го постигнеме четвртиот гол“ – искоментира Клоп по победата против „црвените ѓаволи“.

Read More

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера загубија на домашен терен од Ливерпул со 4:2 во заостанат меч од 34 коло во Премиер-лигата а нивниот тренер, Оле Гунар Солскјер, вели дека поразот е заслужен. „Против силни тимови и добри играчи е неприфатливо да се дозволат  така лесни голови, особено во деликатни моменти. Почнавме добро, но, не ја развивавме нашата игра“ – вели Солскјер. „Кога ќе примите гол на стартот на вториот дел, работите многу се компликуваат.  Му дозволивме на противникот да не притисне и направивме премногу  грешки “ – нагласи Норвежанецот.

Read More

Сенегалскиот напаѓач на фудбалскиот состав Ливерпул, Садио Мане, одби да му подаде рака на менаџерот, Јирген Клоп, по победата од 4:2 против Манчестер Јунајтед остварена на вчерашното гостување на „Олд Трафорд“. Мане започна како резерва бидејќи Клоп од првата минута го стави во игра Диого Јота. Сепак, црномурестиот играч доби шанса да влезе на теренот во 74-та минута. Веднаш по мечот, камерите го фокусираа германскиот тренер како се обидува да дојде до Мане, но, фудбалерот не го погледна.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не го криеше задоволството по вчерашната убедлива победа на теренот на Гранада остварена мечот од  36-тото коло во Примера Дивизион. „Се ми се допадна на мечот. Не само резултатот и головите, туку и начинот на кој игравме во одбраната и воопшто во сите 90 минути. Многу комплетен натпревар за повеќето играчи“ – вели францускиот тренер. „На 2:1 не го намаливме интензитетот на игра, постигнавме брз гол и покажавме дека имаме карактер.  Останаа уште два натпревари во кои ќе се бориме до последниот здив за титулата“ – прокоментира Зидан.

Read More

Откако легендарниот голман на фудбалскиот состав Јувентус, Џиџи Буфон, најави дека на крајот на сезоната ќе го напушти тимот од Торино, неколку клубови од Серија А покажаа дека се заинтересирани за неговиот потпис. За ангажман на 43-годишниот чувар на мрежата  во преден план се наметнуваат Рома и Аталанта. Буфон беше донесен во Јувентус од Парма во јули во 2001 година за 52,8 милиони евра. Во 2018 година го напушти Јувентус во правец на Пари Сен Жермен како слободен агент, но, по само една сезона се врати во редовите на „старата дама“. Буфон има вкупно 683 натпревари за Јувентус а на…

Read More

Македонската машка одбојкарска репрезентација, по вчерашниот очекуван пораз од најдобрата селекција на Србија,  денеска ќе игра со Б-тимот на нашиот северен сосед. Мечот ќе биде во Велико Градиште. Потоа одбојкарите тие ќе се вратат во Струмица за да ги одработат завршните тренинзи пред шестиот настап во Европската сребрена лига. Првиот турнир е од 21 до 23 мај во салата „Парк“ а македонскиот состав ќе игра со Данска, Кипар и со Израел. Без разлика на ефектот во групата, ние ќе бидеме дел од завршницата бидејќи ќе ја имаме улогата на домаќини.

Read More

КОШАРКАРСКИ КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ БУШТУР“ – 2021 – СКОПЈЕ РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ЧЕТВРТФИНАЛЕ – 14. МАЈ 12.00: Пелистер – Навико ФМП Академија (1) 14.30: Работнички – ТФТ (2) 17.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар (3) 19.30: МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 2009 (4) ПОЛУФИНАЛЕ – 15. МАЈ 17.00: Победник 1 – Победник 4 (5) 19.30: Победник 2 – Победник 3 (6) ФИНАЛЕ – 16. МАЈ 17.30: Победник 5 – Победник 6 * Сите натпревари ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје

Read More