Дефанзивецот на Манчестер Сити, Рубен Диас, кој се израдува на шампионската титула во Англија, е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер-лигата за сезоната 2020/21. Тој во текот на изминатото лето беше купен од португалската Бенфика за 60 милиони фунти и уште во дебитантската сезона кај „граѓаните“ ги оправда вложените пари. „Тоа е голема чест за мене. Многу сум среќен, немаше да бидам тука без помошта на моите соиграчи. Фактот дека ја добивам наградата е најдобар доказ за начинот на кој функционира тимот“ – потенцираше Диас.
Author: dino
Македонската карате репрезентација не успеа да оствари борби за медали на 56-то. Европско првенство во Пореч. Нашата најголема надеж Емил Павлов неочекувано загуби уште во 1 коло од Павле Дујаковиќ БиХ на поени. Во борби, Симона Заборска во -55кг ја совлада Папа од Грција со 1:0 а во 2 коло и една од фаворитите, Туба од Турција со 4:2. Во 3 коло убедливо загуби од Русинката Чернишова но, доби можност во репасаж каде што минимално е поразена од Црногорката Максимовиќ со 0:1. Покрај нив, уште неколку наши во борби имаа по една победа и пораз и тоа Доан Османи до…
Селекторот на фудбалската репрезентација на Австрија, Франко Фода, го објави поширокиот список на репрезентативци кои се надеваат дека ќе добијат шанса да настапат на претстојното Европското првенство во текот на летото. На истиот се запишани имињата на Алаба кој од Баерн Минхен ќе замине во Реал Мадрид, потоа Арнаутовиќ, Шалгер, Сабицер итн. Познато е дека Австрија ќе и биде првиот противник на Македонија на дебитантскиот настап на континеталниот собир. Мечот против Австрија ќе го одиграме на 13 јуни на стадионот во Букурешт во Романија.
На денешен ден, 19 мај 2002 година, пред точно 19 години, женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во Македонија. „Кометалки“ во преполниот СРЦ Кале славеа со 26-22 против уграскиот Херц ференцварош со што ја анулираа негативата од првиот меч во Будумпешта кога беа поразени со 27-25. Како освојувачи на историската титула за нашиот ракомет ќе останат запишани: Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Олга Бујанова, Луминица Дину, Оксана Плошчиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Лариса Ферзалиева, Ања Андрушенко, Наталија Малахова и Елена Златановска.
Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Маркус Бабел, се осврна на шпекулациите дека играчот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчом може да направи трансфер на стадионот –„Енфилд“. „Санчо е фудбалер кој треба да игра во Лигата на шампионите. Тој сака да игра на таков турнир. Малку екипи во Европа можат да ја платат сумата за него. Сè зависи од тоа што тој сака.Ливерпул дефинитивно сака да се врати во Лигата на шампионите. Ако не успее во сезонава, тогаш ќе успее во наредната“ – вели Бабел. „Клоп имаше проблеми со многу повредени играчи кои се опоравија и набрзо ќе се вратат во составот. Тоа…
Напаѓачот на Пари Сен Жермен и француската репрезентација, Килијан Мбапе, откако изјави дека е најскапиот фудбалер на светот, призна, дека понекогаш сака да живее со релаксирано темпо. „Не ми се врти во главата. Таа сума не ми влегува в џеб, па затоа не размислувам за тоа. Сакам да победувам. Јас сум среќен со мојот живот кој има предности и недостатоци“- потенцирал Мбапе. Претходно беше објавена листата на најскапите фудбалери на планетава. Мбапе се најде на првото место со цена од 189 милиони евра.
Барселона и Атлетико можат да разменат фудбалери во летниот преоден рок, пренесува „Sport.es“ повикувајќи се на „Еспорт 3“. Според изворот, каталонскиот клуб сака да го размени Антоан Гризман со напаѓачот на Атлетико, Жоао Феликс. Французинот ги бранеше боите на Атлетико од 2014 до 2019 година по што се пресели во Барселона за 120 милиони евра. Португалецот пак, се пресели во Атлетико од Бенфика во 2019 година за 127 милиони евра. 21-годишниот играч во тековнава сезона има седум погодоци (еден од пенал) и пет асистенции на 30 натпревари во шпанскиот шампионат.
Монти Вилијамс кој ги води кошаркарите на Феникс Санс е избран за најдобар тренер во тековнава сезона во НБА лигата. Во гласњето учествуваа 30 тренери од најсилната светска кошаркарска конкуренција. Тој со неговиот тим го обезбеди второто место во Западната конференција со ефект од 51 победа и 21 пораз. Вилијамс се активираше во тренерскиот дел во екипата на Феникс во 2019 година.
Екипата на Мерцедес во Формула 1, потврди дека ќе ја продолжи соработката со младиот возач, Ландо Лорис, кој имаше активен договор до 2022 година. Тој во 2018-та прво беше резерва а од 2019-та се појави за прв пат и на официјалните трки. Норис во минатата сезона два пати се искачи на подиумот а во тековнава тоа го направи на собирот во Имола. 21 -годишниот Британец според сите проценки треба да има блескава кариера во така наречениот – „циркус на тркала“.
„Мекларен рејсинг“ и стратешкиот партнер – „Галф оил интернешнл“, го претставија иновативниот дизајн за трката за Големата награда на Монако од 21-23 мај со што го прославија историското партнерство. Тимот ќе ја носи тркачката сина боја на Галф, надополнета со портокалова лента тесно заснована на класичниот дизајн на Галф за време на целиот викенд во Монако. Дизајнот ќе се појави на двата болида и на оделата на возачите Ландо Норис и Даниел Рикиардо. „Ние сме огромни обожаватели на храбар и смел дизајн а впечатливата сина боја на Галф е меѓу најомилените во нашиот спорт. Дизајнот отсекогаш бил значаен за Мекларен.…
