Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Марко Асенсио, најверојатно ќе ја промени срединта бидејќи не е задоволен со минутажа што ја добиваше од тренерот, Зинедин Зидан. Според медиумите во Италија, за неговиот потпис се заинтересирани екипите на Милан и Јувентус. Нивните претставници имале контакт со агентот на младиот играч и наводно добиле зелено светло да започнат преговори со „кралскиот клуб“. Асенсио има активен договор со Реал Мадрид до летото во 2023 година што значи дека „белите“ нема да сакаат да останат без неговите услуги.
Author: dino
Дефанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, вели дека неговиот тим мора да започне да освојува трофеи. „Црвените ѓаволи“ во штотуку завршената сезона во Премиер-лигата го освоија второто место. „Добро се развиваме како тим и мораме полека да мислиме на победничкиот пехар во Премиер лигата. Мислам дека глупаво загубивме многу бодови и дека треба да бидеме посилни во наредната сезона“ – потенцираше Мегваер. Екипата од „Олд Трафорд“ утре на стадионот во Гдањск во Полска ќе го одигра финалето во Лигата на Европа против шпанскито Вилјареал.
Поголема група на навивачи на Сараево незадоволни од резултатите во шампионатото и испуштената тутула, денеска упаднала на тренингот на тимот и физички ги нападнала фудбалерите, објавија медиумите во БИХ. – Група на навивачи во утринските часови влета на тренингот на првиот тим во Тренинг центарот Бутмир и го прекина тренингот – пишуваат локалните медиуми. Информациите велат дека дошло до физички судир меѓу навивачи и играчите. Од клубот соопштија дека инцидентот брзо бил прекина и дека морала да реагира и полицијата.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, не крие дека е презадоволен од освоената титула во најсилниот фудбалски шампионат во Шпанија. Тој најави дека нема намера да го напушти клубот. „Сигурен сум дека ќе останам бидејќи имав одличен третман. Сопругата и децата се со мене цело време. Тие се навикнаа на новата средина иако во поечтокот им беше многу тешко“ – потенцира луцудниот голгетер. Суарез во изминатата сезона успеа да постигне 21 гол во Примера Дивизион и беше еден од најзаслужните за освоениот шампионски пехар.
Фудбалерите на Челзи се подготвуваат за финалето во Лигата на шампионите против добро познaтиот противник од Премиер-лигата, Манчестер Сити. Нивниот тренер, Томас Тухел, вели дека „граѓаните“ под палката на Гвардиола играат најдобар фудбал на светов. „Гледаме што прави Манчестер Сити предводен од нивниот тренер. Ние ќе мора да продолжиме на истиот начин со надеж дека среќата ќе биде на наша страна“ – потенцираше Тухел кој во сезонава успеа да ги победи „граѓаните“ со 1: 0 во полуфиналето на ФА купот и 2:1 во првенствен меч. Големото финале во елитата на Европа ќе биде одиграно в сабота на стадион на Порто…
Првиот човек на фудбалскиос состав Реал Мадрид, Флорентино Перзе, дал зелено светло напаѓачот Еден Азар да биде ставен на трансфер листата бидејќи имаше разочарувачка сезона. Белгиецот во континуитет беше надвор од терените поради различни повреди и на некој начин ја доживеа судбината на Герет Бејл, кој исто така имаше само епизодна улога додека го носеше дресот на „белите“. Белгиецот во две сезони одигра само 43 мечеви и даде 5 голови. Заедно со него на списокот ќе биде ставен и Велшанецот кој половина од сезоната ја помина како позајмен во Тотенхем како и Лука Јовиќ, кој исто така времено му беше…
Хрватскиот фудбалски напаѓач, Марио Манџукиќ, кој одигра скромни во 10 мечеви во Серија „А“ во дресот на Милан, потврди дека ќе мора да си побара нова средина. „Благодарен сум на управата на клубот што ми даде можност. Среќен сум што успеавме да го вратиме клубот во Лигата на шампионите“ – нагласи корпулентниот голгетер откако „росонерите“ завршија на второто место во италиајнскиот шампионат. Според одредени наводи, за Манџукиќ се заинтересирани неколку екипи од Италија , но, и богатите сопственици на клубовите од далечниот Исток.
Нашите најдобри одбојкари ја забележаа и втората победа на турнирот во Сребрената европска лига. Тие денеска во Струмица го совладаа Израел со 3-1 (21-25, 25-22, 25-23 и 25-23). По лошиот почеток во првиот сет кога Израелците успеаа да слават со 25:21, Македонија заигра во препознатлив ритам и во наредните три сета успеа да дојде до полн погодок. Нашиот капитен, Никола Ѓорѓиев со 23 поени беше најдобар реализатор Утре во последното коло ние ќе излеземе на магдан со Данска додека во вториот меч ќе се сретнат Израел и Кипар.
Доцна синоќа на 60-годишна возраст ненадејно почина поранешниот кошаркар, Војислав Зивчевиќ – Тумба. Неговите најсветли моменти беа во дресот на МЗТ Скопје кога во сезоната 1986-87 за прв пат го однесе тимот од Аеродром во тогашната Прва југословенска лига. Зивчевиќ кој има освоено повеќе трофеи, во неговата кариера играше и за Работнички, Вардар, Деликатес и Никол Ферт од Гостивар.
Селекорот на У-21, Благоја Милевски, го објави поширокиот список на фудбалери за контролниот меч со Словенија на 3 јуни. Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Дамјан Серафимов (Македонија ЃП), Александар Анѓелковски (Ренова), Иван Николоски (Велазерими 77); Одбрана: Филип Алексовски (Македонија ЃП), Александар Ѓурковски (Вардар), Георге Јанкулов (Железничар Панчево), Филип Антовски (Славија Софија), Марио Младеновски (Ботев Пловдив), Метју Божиновски (Мелбурн Виктори), Марко Стојчески (Телеоптик), Божидар Митревски (Тетекс), Бесир Исени (Струга ТЉ), Ардиан Беќири (Дрита), Анатолиј Петејчук (Вардар); Среден ред: Агон Елези (Вараждин), Бојан Димоски (Академија Пандев), Бесник Ферати (Академија Пандев), Енис Фазлагиќ (Жилина), Флорент Рамадани (Шкендија), Лука Станковски (Работнички), Томче Гроздановски (Злате Моравче), Лука…
