Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер, враќањето во германската репрезентација за Евро 2020 го гледа како краткорочна авантура. Напаѓачот кој доби повик од селекторот, Јоаким Лев, не сака да открие дали и по континтеланиот собир ќе остане дел од „панцирите“. „Не сакам да размислува што ќе биде по европското првенство. Среќен сум што ќе имам можност да и помогнам на Германија“ – вели Милер. „Работите се променија од 2019 година, сега сите сме обединети за тоа што не чека“ – изјави Милер. Неговата селекција в пресрет на Евро-шампионатот се подготвува во базата во Австрија.
Author: dino
Голманот на ракометниот клуб Охрид и повремен член на репрезентацијата, 24-годишниот Никола Даниловски бил пронајден удавен во водите на Охридското езеро, кај месноста Лагадин. Информациите се дека на телото на Даниловски немало траги од насилство, но засега не се познати причините поради кои настанала смртта. Даниловски денеска не присуствувал на утринскиот тренинг на Охрид, бил недостапен на телефонот а трагата му се губи од вчера попладне. Младиот перспективен голман беше на поширокиот список кај селекторите Брестовац и Лазаров. Тој потекнува од школата на скопски Металург.
Италијанскиот фудбалски стратег, Маурицио Сари, ќе седне на кормилото на Лацио за наредната натпреварувачка сезона. Тоа е уште една промена во Серија „А“ откако Жозе Мурињо ја презеде Рома, Фиорентина го ангажираше Џенаро Гатузо, Јувентус го врати Масимилијано Алегри, Лучано Спалети е нов кормилар на Наполи а Симоне Инзаги ќе го води шампионскиот состав на Интер. Сари во неговата богата тренерска кариера беше тренер на Челзи, Наполи и Јувентус.
Фудбалска Европа денеска ќе добие нов владател. Англиските состави Манчестер Сити и Челзи, доцна вечер од 21.00 часот на стадионот „Драгао“ во Порто, ќе го одиграат големото финале во Лигата на шампионите. Сити кој беше подобар од ПСЖ со 2:1 во Париз и 2:0 на „Етихад“, претходно успеа да ги елиминира германските Борусија (Менхенгладбах) и Борусија (Дортмунд).Патот на Челси до финалето беше потежок. Сините ги победија Атлетико Мадрид и Порто а во полуфиналето и рекордерот според освоените титули -Реал Мадрид. Вечерва Ман Сити и Челзи ќе се соочат по 169-ти пат а билансот досега е во корист на „сините“ од…
Македонската одбојкарска репрезентација на Европското првенство ќе биде во групата „Ц“ во финскиот град Тампере заедно со домаќинот, потоа Русија, Турција, Холандија и Шпанија. Во групата А во Краков покрај домаќинот Полска се најдоа и Белгија, Србија, Украина, Грција и Португалија. Во групата Б во Острава ќе бидат домашната селекција на Чешка, Италија, Словенија, Бугарија, Белорусија и Црна Гора. Групата Д во Талин во Естонија ја сочинуваат домаќинот, Летонија, Франција, Германија, Словачка и Хрватска. Европското првенство ќе се реализира годинава од 1 до 19 септември.
Папата во Ватикан доби на подарок дрес со неговото име на кирилица од страна претседателот Пендаровски кој e во посета на Рим и „светата столица“ на одбележувањето на годишнината од сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. „Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното #EURO2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство“, објави Пендаровски.
Фудбалерот на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум, е на чекор да потпише за Барселона во текот на летниот преоден рок, објавија медиумите во Англија. Наводно, неговите агенти пристигнале во Шпанија на стадионот – „Камп Ноу“ за да ги договорат сите финансиски услови пред да се реализира најавениот трансфер. Холандскиот репрезентативец кој ќе си замине од редовите на „црвените“ како слободен играч, треба да остане кај Каталонците до 2024 година.
Сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви, проценил дека направил грешка кога му врачи отказ на Маурисио Почетино и затоа ќе се обиде да се корегира и да го врати Аргентинецот на кормилото на тимот. Стратегот има договор со ПСЖ, но, постојат шпекулации дека може да добие отказ откако „светците“ не ја одбранија титулата во Франција и беа елиминирани во елиминацискиот дел во Лигата на шампионите. Според одредени наводи, Леви ги направил првите контакти со Почетино со намера да го убеди да се врати во Тотенхем.
Македонските фанови ќе можат да патуваат за Романија и да ја бодрат фудбалската репрезентација на ЕП без приложување на ПЦР тест и без покажување на документ за вакцинација против Кoвид -19. Откако бројот на заразени во нашава земја се намали драстично, Романија донела одлука Македонија да биде ставена на зелената листа со што се укинува документ за ПЦР тест или доказ за вакцина. Тоа значи дека се отворени вратите за сите наши навивачи кои ќе имаат можност да ја бодрат нашата репрезентација на средбите во Букурешт против Австрија на 13. јуни и со Украина на 17. јуни.
Голманот на фудбалскиот состав Милан, Џанлуиџи Донарума, најверојатно ќе си замине од тимот во текот на летото, најавуваат денеска медиумите во Италија. Во меѓу време, росонерите се очекува да го најават трансферот на Мајк Менјан од Лил. Според „Кориере дела Сера“, Донарума се надевал дека со пласман во Лигата на шампионите клубот ќе му даде поголема плата но, „росонерите“ одбија да подлегнат на притисокот од играчот и неговиот агент Мино Раиола. Донарума сега може да добие понуди од Јувентус, Барселона или Пари Сен Жермен.
