Author: dino

Претседателот на управниот одбор на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, поднесе оставка од функцијата генерален директор , стои во соопштението на официјалната веб-страница на Баварците. Неговото место ќе го заземе легендарниот голман, Оливер Кан. „ Го правам тоа во најсоодветниот момент. Подготвуваме финансиски извештај за сезоната и во исто време започнуваме со нов тренерски тим. Оливер Кан, како нов извршен директор треба да биде одговорен од самиот почеток. Пред две години реков дека планираме постепена транзиција и сега таа е во тек“ – вели Румениге. Неговиот договор со Баерн Минхен беше до 31 декември 2021 година, но, специјалистот реши…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, ја напушти селекцијата на Англија која се подготвува за настап на Европското првенство. Прес-службата на „гордиот албион“ објави на социјалната мрежа -„Твитер“ дека 19-годишниот фудбалер се соочува со стара повреда и затоа ќе мора да го пропушти континенталниот собир. Гринвуд беше вклучен во поширокиот состав на репрезентацијата на Англија за Европското првенство. Конечниот список ќе биде објавен денеска. Англичаните  во групната фаза ќе играат со селекциите на Хрватска, Чешка и Шкотска.

Read More

Фудбалскиот состав Барселона денеска го претстави првото летно засилување, Серхио Агуеро, кој во изминатите 10 сезони играше одлично за Манчестер Сити и успеа да стане рекордер со 260 голови на 390 мечеви. Аргентинецот ќе потпише соработка со каталонците за две сезони а во неговиот договор ќе стои откупна клаузула од 100 милиони евра. Агуеро на тој начин ќе се врати во Примера Дивизион бидејќи во периодот од 2006 до 2011 година одигра 175 средби за Атлетико Мадрид на кои постигна 74 голови.

Read More

Бразил ќе има шанса на домашен терен да ја брани титулата на популарното натпреварување – „Копа Америка“ откако КОНМЕБОЛ донесе одлука во последен момент да ја елиминира Аргентина поради големите проблемите наметнати од пандемијата со Ковид-19. Претходно, улогата на кодомаќин ја загуби и Колумбија поради жестоки протести низ градовите. Челниците на конфедерацијата најавија дека турнирот ќе започне на 13 јуни а стадионите дополнително ќе бидат одредени. „Кариоките“ се последните победници на Копа Америка во 2019 година бидејќи во изминатата година натпреварувањето беше одложено поради пандемијата со корона-вирусот.

Read More

Александер Чеферин, претседателот на УЕФА, во ексклузивното интервју за „Скај спортс“, зборуваше околу Супер-лигата и можната казна за Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, кои не се повлекоа од проектот. „Кога дисциплинскиот комитет ќе започне со истрагата, тоа е самостојна организација, така што јас не знам кога, на кој начин и каква ќе биде казната за клубовите кои направија хаос во фудбалот“ – вели Чеферин. „Што се однесува до мене, може да си играат во Супер-лигата иако се само три клуба. Каква и да биде одлуката на Судот, мора да ја прифатиме бидејќи тие клубови работат против фудбалот“ – истакна Чеферин.

Read More

Манчестер Сити му понуди двегодишен договор на Серхио Рамос, кој заминува од Реал Мадрид  откако претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, не му ги исполни условите. Според последните информации, англичаните му нудат на Рамос преселба во Њујорк сити по завршувањето на двегодишниот договор или клубот кој е сопственост нa  -„Сити фудбал груп“ и емиратските милијардери. Рамос ќе ја добива на „Етихад“ платата од 360.000 евра неделно колку што заработува во Шпанија.

Read More

Нашите најдобри одбојкари со три максимални победи го затворија вториот турнир во Данска во рамките на Сребрената лига. Тие денеска во Шлагелсе го совладаа Кипар со 3 спрема 1, по сетови: 25-22, 25-18, 18-25 и 25-22 и со вкупно 5 победи и 1 пораз вклучувајќи го првиот собир во Струмица го освоија првото место во групата. Сега Македонија и Данска заедно со Хрватска и Унгарија од втората група, ќе настапат на финалниот турнир во Сребрената лига кој ќе биде реализиран во Струмица.

Read More

Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Маурисио Покетино, ги информирал челниците на тимот дека сака да си замине од – „Паркот на принцовите“. Аргентинецот за нешто помалку од пет месеци, успеа да ги освои Купот и Супер-купот на Франција но, беше елиминран од ЛШ и заврши на второто место во Лига 1. Според медиумите во Англија, Покетино сака да се врати во Тотенхем откако првиот човек на „спарси“, Даниел Леви, најави дека е подготвен да му понуди многу подобри услови. Во исто време се шпекулира дека Покетино може да добие понуда и од Реал Мадрид кој се обидува да пронајде замена…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити Кевин де Бруин кој  се повреди на вчерашниот дуел со Челзи во финалето на ЛШ и мораше да го напушти теренот за да биде пренесен во болница, утрината првпат се огласи на социјалните мрежи. – Здраво луѓе, сега се вратив од болница. Мојата дијагноза е акутна скршеница на носната коска и на јагодичната коска. Засега се чувствувам добро. Уште сум разочаран поради вчерашниот натпревар, но, ќе се вратиме ние“, порача Белгиецот. Медиумите во неговата татковина објавија дека Де Бруин ќе мора да паузира најмалку три недели и дека ќе пропушти дел од мечевите на ЕП.

Read More

Фудбалерите Антонио Рудигер, Каи Хаверц и Тимо Вернер од Челзи и Илкан Гундоган од Манчестер Сити, од денеска ќе се приклучат на подготовките на Германија пред стартот на Европското првенство. Тие откако ќе се вратат во Англија нема да мора да одат во карантин и веднаш ќе заминат во австрискиот зимски центар – Зифелд во кој е нивната репрезентација. Четворицата ќе му бидат на располагање на селекторот Јоаким Лев за контролата против Летонија на 7 јуни. Играчот за врска на Баерн (Минхен), Леон Горецка, ќе се приклучи на националниот тим во вторник откако се опорави од повредата на мускулот додека…

Read More