Author: dino

Македонските одбојкари не успеаа да го искористат домашниот терен во Струмица и да го освојат златниот медал во Сребрената лига на Европа. Тие денеска загубија во финалето од селекција на Данска со 3 спрема 1. „Спартанците“ добро го отворија мечот и го добија првиот сет со 25:23, но, потоа противникот наметна жестокот темпо и успеа да ги добие наредните три сета со 25:19, 27:25 и 25:19. Претходно во битката за третото место селекцијата на Унгарија ја совлада Хрватска со 3 спрема 2.  

Read More

Кошаркарите на МЗТ Скопје денеска го совладаа Еуро Никел со 89 спрема 78 и со максимални 3-0 ја освоија осмата титула во домашниот шампионат . Во салата- „Јане Сандански“ во Скопје, домаќинот имаше контрола на мечот од првата до последната минута и сосема заслужено се израдува на нов пехар. Кај МЗТ Скопје најдобар на теренот беше Андреј Магдевски со 21 кош пред Бојан Крстевски со 16-ет додека кај гостите Никола Караколев и Роберт Рикиќ имаа по 16 поени.

Read More

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја освои втората пол-позиција во серија во Ф1 шампионатот откако беше најбрз на патеката во Баку. Веднаш до него се наредија: актуелниот шампион Луис Хамилтон (Мерцедес), Макс Верстапен (Ред Бул) и Пјер Гасли (Алфа Таури).  Денешните квалификации за Големата награда на Азебрејџан беа хаотични и донеса неколку инциденти, но, без сериозни псоледици по инволвираните. В пресрет на утрешната трка, води  Верстапен  со 105 бодови пред Хамилтон  со 101 и  Норис од Мекларен со 56 бодови. Во конкуренција на конструктори, лидер е Ред Бул со 149 бодови пред Мерцедес со 148.

Read More

Џорџ Гарди кој му е агент задолжен за трансфери на македонскиот  фудбалски „бисер“, Елиф Елмас, вели дека има повеќе екипи кои сакаат да го обезбедат неговиот потпис. „Елмас сакаше да игра во Лигата на шампиони и затоа дојде во Наполи. Очигледно е дека е разочаран како и сите други од начинот на кој заврши сезоната, но, сега е фокусиран на ЕВРО. Бенфика не е единствениот клуб кој го бара. Има долгорочен договор со Наполи и клубот ќе треба да донесе одлука“ – вели Гарди. „Ќе треба да објаснат какви се плановите и каква шанса ќе добие. Треба да дознаеме дали тренерот…

Read More

Мароканскиот атлетичар, Јусеф Сбај, кој во октомври постави рекорд на трката во Софија во соседна Бугарија, доби забрана за настап во период од четири години откако е утврдено дека користел допинг, потврди денеска АИУ.   „Дисциплинскиот трибунал ги суспендираше правата на атлетичарот за четири години поради присуство и употреба на забранета супстанца како и за кршење на правилата за анти-допинг“,  стои во објавата на –„Твитер“.  Организацијата соопшти дека казната започнува од 16 ноември и дека сите резултати на Сбај од 11 октомври се поништени. Мароканскиот атлетичар има рок од 30 дена да се жали до Арбитражниот суд за спорт.

Read More

Шпанските медиуми тврдат дека Герет Бејл по европското фудбалско првенство нема да се врати во Реал Мадрид да ја ја одработи последната сезона од договорот туку ќе побара да си замине од тимот. Според наведеното, репрезентативецот на Велс нема мотиви да игра фудбал бидејќи сака да биде присутен на терените за голф. 33-годишниот Велшанец во претходната сезона настапи како позајмен во англискиот Тотенхем. Тој  се појави на теренот на 33 средби на кои постигна 14 голови и направи три асистенции.

Read More

Италијанските медиуми денеска тврдат дека Мауруцио Сари ќе седне на кормилото на Лацио и дека ќе потпише договор на 2+1 сезона со плата од 3 милиони плус одредени бонуси. Неговите примања може да се зголемат доколку „лацијалите“ обезбедат место во Лигата на шампионите. Сари добил ветување од претседателот, Клаудио Лотито, дека ѕвездите на тимот ќе останат и дека ќе бидат ангажирани квалитетни засилувања. Италијанскиот тренер претходно ги водеше екипите на Јувентус, Наполи и Челзи.

Read More

Еден од најдобрите напаѓачи на Аргентина, Карлос Тевез, реши да се повлече од фудбалот и да стави крај на богатата кариера. 37 годишниот играч остава простор дека ќе се премисли но, никогаш повторно нема да заигра за Бока. „Многумина ми велеа да почекам барем до декември, луѓето да се вратат на стадионите. Јас сакав да се повлечам и да зачувам посебни сеќавања. Не постои ништо поубаво од последните овации за Марадона на теренот, последен пат кога мојот татко ме гледаше како играм и станувам шампион. Мојата крв не е црвена. Таа секогаш ќе биде сино-жолта“ вели Тевез. Аргентинецот  кариерата ја…

Read More

Денеска во салата -„Парк“ во Струмица ќе започне финалниот турнир во одбојкарската Сребрена лига на Европа. Во првото полу-финале од 17.00 часот Македонија ќе излезе на мегдна со Хрватска додека од 20.00 ќе играат Данска и Унгарија. Победниците од денешните мечеви ќе се сретнат во утрешното финале кое ќе започне во 20.00 часот.

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска на арената – „Тодор Проески“ во Скопје го совлада Казахстан со 4 спрема 0 во последниот контролен натпревар пред заминувањето на Европското првенство. Головите за нашата репрезентација ги постигнаа: Алисоки од пенал во 35 минута, Тричковски во 57-та, Ристовски 74-та и Чурлинов 76-та. Македонската фудбалска експедиција во вторник ќе замине за Букурешт. Дебитантскиот меч на ЕП ќе го имаме против Австрија на 13 јуни.

Read More