Author: dino

Македонската фудбалска експедиција денеска со чартер-лет пристигна во Букурешт. Македонија на Европското првенство ќе бидее во групата „Ц“ со репрезентациите на Австрија, Украина и Холандија, Распоред на натпревари:13 јуни: Македонија-Австрија (Букурешт) 18:00 час.17 јуни: Македонија – Украина (Букурешт) 15:00 час.21 јуни: Македонија – Холандија (Амстердам) 18:00 час.

Read More

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денес се сретна со министерот за здравство, Венко Филипче и ги додели ветените билети на здравствените работници. „Здравствените работници ја водеа битката на нашата генерација. Горди сме што им пружаме малку поинакво задоволство со можноста да ги бодрат македонските фудбалери на UEFA EURO 2020 Претседателот на ФУдбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска оствари средба со министерот за здравство, Венко Филипче, на која им ги даде ветените билети за натпреварите на Македонија на Европското првенство“, соопштија од Фудбалската федерација на Македонија.

Read More

Бордот на ФИБА Европа донесе одлука Скопје да биде домаќин на еден од турнирите како дел од претквалификациите за пласман на Светскиот кошаркарски Куп во 2023 година. Тоа значи дека во терминот од 12 до 18 август ќе бидеме домаќини на Швајцарија и Словачка. Ќе се игра по принципот секој со секого по два меча. Првите две репрезентации од групата ќе  заминат во квалификациите за Мундијалот. Другите три претквалификациски турнири ќе бидат одиграни во Португалија, Летонија и Црна Гора.

Read More

Македонската фудбалска експедиција денеска со чартер-лет замина за Романија пред стартот на Европското првенство на кое ќе ја има дебитантската улога. Нашиот национален тим првите два натпревара против Австрија и Украина на 13 и 17 јуни ќе ги одигра во Букурешт додека мечот против Холандија ќе биде реализиран на 21 јуни на Арената во Амстердам. Селекторот, Игор Ангеловски, ќе може да ги користи сите фудбалери откако последните ковид-тестови покажаа дека нема заразени во нашиот табор. На испраќањето на фудбалерите беа присутни членови на државниот врв.

Read More
NBA

Еден од најдобрите кошаркари во тековнава сезона во НБА лигата, Лука Дончиќ, најверојатно ќе ја продолжи соработката со екипата на Далас за наредните пет години и ќе заработи повеќе од 200 милиони долари. Бекот-шутер  ја заврши сезоната со просек од 27,7 поени, 8 скокови и 8,6 асистенции по натпревар. Неговиот тим беше елиминиран во плеј-офот од составот на ЛА Клиперс.

Read More

Младиот италијански голман, Џанлуиџи Донарума, кој се подготвува за настапот на Европското првенство најверојатно ќе го облече дресот на францускиот состав ПСЖ. Тој на – „Паркот на принцовите“ ќе замине како слободен играч откако му заврши договорот со Милан за кој одигра 251 меч.  Според наводите во медиумите, Донарума ќе потпише договор вреден 12 милиони евра по сезона

Read More

Откако репрезентативецот на Шпанија, Серхио Бускетс, се зарази со корона-вирус, селекторот Луис Енрике, повика дополнително пет фудбалери . Tоа се Раул Абиол, дефанзивец на Вилјареал, централниот играч за врска на Вест Хем, Пабло Форналс, бекот на Валенсија, Карлос Солер, крилото на Лидс, Родриго Морено и членот на Селта, Брајс Мендез. Бускетс сигурно нема да игра во воведните кола за „црвената фурија“ додека Адама Траоре ќе треба да направи дополнителни тестови

Read More

Холандскиот фудбалски репрезентативец, Жорџино Вајналдум, кариерата ќе ја продолжи во  редовите на ПСЖ иако имаше усмен договор со Барселона. Поранешниот играч на Ливерпул  сега ќе биде активен три години на – „Паркот на принцовите“ и ќе заработува 8,5 милиони евра по сезона плус одредени бонуси. Вајналдум кој 5 години беше дел од „црвените“, претходно играше во Њукасл, ПСВ и Феенорд.

Read More

Една од најпознатите и најголемите британски обложувалници – „Педи Пауер“ максимално ја потцени нашата фудбалска репрезентација со објавата дека ќе бидеме последни во групата –Ц.   – Најсигурен облог: Македонија ќе заврши на последното место во групата Ц, – велат од „Педи Пауер“ пред нашиот дебитантски меч против Австрија на 13 јуни. Во групата се уште и Украина и Холандија. Мечевите ќе ги одиграме во Букурешт и Амстердам.

Read More

„HITC Sevens“ го рангираше нашиот селектор, Игор Ангеловски на петтото место пред почетокот на  континеталниот фудбалски собир. – Нема дилеми дека тој е еден од помалку познатите селектори на првенството можеби и најнепознат. Во својот мандат Ангеловски изгуби 16 од 50 натпревари, ја однесе Македонија на првото големо натпреварување и не треба да се заборави дека ја победи Германија“, стои во текстот за Ангеловски. На врвот на листата е селекторот на Франција, Дидие Дешамп пред италијанецот Роберто Манчини, Шпанецот, Луис Енрике и Португалецот, Фернандо Сантош.

Read More