Author: dino

Фудбалерот на ПСЖ и на селекцијата на Италија, Марко Верати, ќе му биде на располагање на селекторот, Роберто Манчини, за мечот против Швајцарија закажан за в среда во рамките на 2 коло во групата „А“ на ЕП. „Газета дело спор“ денеска објави, дека играчот од средниот ред кој поради повреда на коленото го пропушти воведниот натпревар против Турција кој им припадна на „аѕурите“ со 3:0, најверојатно ќе биде на клупата. Во исто време,  Мануел Локатели, Николо Барела и Жоржињо, се очекува да започнат против Швајцарија додека десниот бек, Алесандро Флоренци ќе го пропушти вториот натпревар во групата. Неговото место ќе…

Read More

Фудбалерот на Португалија, Жоао Кансело, е позитивен на Ковид-19 и веднаш е ставен во изолација.Тој ќе мора даго пропушти Европското првенство. Како резултат на неговата состојба,  веднаш е направено  тестирање на сите членови на португалската експедиција кои за среќа биле негативни. Кансело кој игра за Манчестер Сити, ќе биде заменет од младиот член на Милан, Диого Дало, кој ќе дебитира во сениорскиот состав на „европските бразилци“.

Read More

Санџај Шарма, кој е на врвот на листата на спортските кардиолози во светот и сигурно најпознат во Англија, упати загрижувачки вести за кариерата на Ериксен кој вчера колабираше на натпреварот против Финска. „Ова момче имало нормални тестови се до 2019 година, и сега како да го објасниме срцевото запирање? Добра вест е што е жив, лоша вест е што се доближува кон крајот на кариерата. Дали ќе игра повторно професионално фудбал? Не можам да кажам, но со сигурност не би можел да игра во Англија. Ние сме многу строги околу тоа“ – вели Шарма. „Фактот што е стабилен и буден…

Read More

Репрезентативецот на Белгија, Тимоти Кастањ, кој заработи ужасна повреда на лицето по бруталниот судир со Русинот, Кузјаев, го заврши настапот на Европското првенство. Тоа го потврди селекторот на Белгијците, Роберто Мартинез. „За жал, Кастањ има двојна фрактура на лицето и ќе го пропушти остатокот од Европското првенство . Мение го зазема неговото место и беше фантастичен. Тешко е да играте на прв меч посебно кога влегувате од клупа“ – изјави Мартинез и се осврна на немилиот настан со Ериксен. „ Го следевме натпреварот, имаше многу солзи во соблекувалната, огромна тага. Има соиграчи во нашиот тим и луѓе со кои има…

Read More

Поранешниот лекар на Спартак и на руската фудбалска репрезентација, Јури Василков, го коментираше инцидентот за време на натпреварот Данска – Финска кога играчот од средниот ред на Данска, Кристијан Ериксен падна на теренот. „Ериксен претрпе срцев удар. Фудбалерот беше покриен со параван, не видовме ништо понатаму. Очигледно, сега се преземаат мерки за реанимација, но, срцевиот застој е ретка појава. Сега поради некоја причина се појави“ – вели Василков. „Лекарите извршија компресија на градите. Тие се опремени со дефибрилатори. Ова е најреткиот случај“, рече Василков

Read More

Македонскиот селектор, Игор Ангеловски, верува дека може да се постигне добар резултат на воведниот меч против Австрија на Европското првенство. „ Знаеме дека сите не гледаат за аутсајдери, но, тоа не ни пречи, напротив. Не мотивира. Подготвени сме максимално и верувајте влегуваме со 100% од силите“ – потенцираше Ангеловски. „Ја користам приликава да му се заблагодарам на Горан Пандев и на момците што го направија овој успех и што не доведоа во ситуација да сме дел од ЕУРО. Треба да се гордееме “ – изјави меѓу другото нашиот селектор пред утрешниот меч со Австрија во Букурешт кој ќе започне во…

Read More

Нашиот капитен Горан Пандев не ги криеше емоциите на денешниот официјален брифинг пред утрешниот меч со Австрија на Европското првенство. „Сите во Македонија, фудбалерите, навивачи, медиуми, јавност го очекувавме овој момент. Верувајте сега сме подготвени да го дадеме срцето за нови радости, затоа што знаеме дека сите погледи се насочени кон нас“ – вели Пандев. „Беше одамна, но, јас го прифатив предизвикот од селекторот Ангеловски пред шест години кога дојде во Џенова и се договоривме за репрезентативен кам бек. Ми се чини дека тоа беше клучно за овие успеси. Тоа беше предизвик за мене. Желбата е да останеме на турнирот…

Read More

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, се обидува да ја елиминира фаворитската улога за освојување на ЕП откако повеќето прогнози ги извадија „галските петли„ како главни конкуренти за победничкиот пехар. „Ние сме светски шампиони.  Свесен сум, како и играчите, за нашите добри страни. Имаме квалитет, талент, играчи на високо ниво, но, ќе се соочиме со силни тимови “ – вели Дешамп. „ Во Франција, многу луѓе мислат дека треба само да излеземе на теренот и да победиме. Тоа делува многу лошо врз фудбалерите. Сега не треба да размислуваме за финалето на „Вембли“ туку воведните мечеви во Минхен и во Будимпешта“ –…

Read More

Европската ракометна федерација го одреди најкорисниот тим за сезоната 2020/21 во рамките на Лигата на шампионите. Така наречениот „фајнал-фор“ турнир во Келн започнува утре а ЕХФ ги издвои најдбрите. Голман: Никлас Ландин (Кил) Крила: Абељо Гомес (Барселона), Валеро Ривера (Нант) Кружен напаѓач: Лудовик Фабрегас (Барселона) Бекови: Дика Мем (Барселона), Лука Циндриќ (Барселона), Микел Хансен (ПСЖ) Најдобар тренер: Алберто Ентрериос (Нант) Најдобар дефанзивец: Хенрик Молгард (Алборг) Најдобар млад играч: Дилан Нахи (ПСЖ) Во арената во Келн утре во полу-финалето од 15.15 ПСЖ ќе игра со Алборг додека од 18.00 Барселона ќе игра со Нант за кој настапува нашиот капитен-селектор, Кире Лазаров.

Read More