Author: dino

Македонскиот шампион Шкендија денеска ќе го добие противникот во квалификациите за Лигата на шампионите. Пред ждрепката во Нион точно напладне, тетовчани ги дознаа и можните противници, тоа се: ХЈК Хелсинки од Финска, Конах од Велс, Мура од Словенија и Борац Бања Лука кој е шампион на Босна и Херцеговина.Првите средби од квалификациите ќе се играат на 6 и 7 јули. Нашите претставници во новата УЕФА Конференциска лига, Шкупи, Струга ТЛ и Силекс исто така ги дознаа можните противници за 1. квалификациско коло. Шкупи може да игра против Сфинтул од Молдавија, Динамо Батуми од Грузија, Љапи од Косово или Урарту од…

Read More

Во Русија се пријавени нови случаи на корона-вирус по што властите веднаш забранија продажба на храна и ги затворија угостителски објекти и другите придружни објекти околу стадионите. Во Санкт Петербург се играат вкупно седум натпревари на Европското првенство вклучувајќи и едно четвртфинале. Интересно што рускиот град влезе како замена за Даблин кој не можеше да гарантира безбедност за време на шампионатот поради големиот број на заболени од Ковид-19. Во наредните 24 часа ќе биде позната одлуката дали ќе се намали капацитетот на стадионот во Санкт Петербург. Фановите не можат да влезат во градот без доказ за вакцинација или ПЦР-тест направен…

Read More

Фудбалерите, стручниот штаб и вработените во руската репрезентација имаа уште еден тест за инфекција со корона-вирус. Резултатите од анализите биле негативни. „Сите членови на руската репрезентација уште еднаш беа подложени на PCR тестирање, што беше спроведено од вработените во лабораторијата акредитирана од УЕФА. Резултатите од сите тестови се негативни “ – објави прес-службата на руската репрезентација. Претходно поради позитивниот резултат на PCR-тестирањето на Андреј Мостовој, стручниот штаб на руската репрезентација одлучи да го вклучи дефанзивецот, Роман Евгниев во пријавата за ЕП 2020.

Read More

Селекторот на словачката репрезентација, Стефан Тарковиќ, се осврна на вчерашната победа против Полска со 2:1 во рамките на 1 коло на Европското првенство. „Благодарност до сите навивачи што не поддржаа. Ние сме многу мала земја. Многу е кул што можевме да победиме толку тежок противник. Одигравме добро во првото полувреме“ – вели Тарковиќ. „Успеавме да го запреме Левандовски. Тактиката и дисциплината се многу значајни. Не е моја работа да коментирам околу судењето. Многу од нашите играчи беа уморни и моравме да направиме замени“ – вели Тарковиќ.

Read More

Данскиот играч за врска Пјер-Емил Хајбјерг, се осврна на моментот со Финска кога неговиоt соиграч Ериксен колабираше на теренот а дуелот по подолг прекин сепак се доигра и заврши со победа на Финците. „Игравме за Кристијан и за сите што не поддржаа. Добивме толкава поддршка. Не знам како да им се заблагодарам. Кристијан ни рече дека мора да одиме напред и да размислиме за наредниот натпревар. Тој зборуваше на негов начин. Сè е во ред со Кристијан, тој не поддржа“ – вели Хајбјерг. „Во тој момент се свртев и видов дека Мехле се подготвува да ја фрли топката од страна.…

Read More

На голем број новинари од Ерменија им беше одземена акредитацијата за Европското првенство во фудбал – 2020 година, пренесува – „Sport.news.am“. Првично, УЕФА ги акредитираше ерменските новинари, но неколку дена по почетокот,  им ги откажа акредитациите -со одлука на една од земјите домаќини на турнирот. Се претпоставува дека одбивањето да се акредитираат новинари од Ерменија е иницирано од Азербејџан. Забележано е дека Фудбалската федерација на Ерменија сега работи на решавање на прашањето да не им се дозволи на своите новинари да учествуваат на Европското првенство. Претходно, новинарот Нобел Арустамјан и коментаторот Константин Генич се соочија со проблеми со акредитацијата од…

Read More

Аталанта на официјалната веб-страница ги сумираше резултатите од сезоната 2020/21 за рускиот фудбалер за врска, Алексеј Миранчук . Тој се пресели во клубот од Бергамо во минатиот септември кога Аталанта му плати на Локомотив 14,5 милиони евра за неговиот потпис. „Сезоната 2020/21 беше прва во црно и сино за Алексеј Миранчук, кој забележа уникатен рекорд: тој не само што постигна барем еден гол во сите натпреварувања на кои учествуваше, туку и го стори тоа на неговите деби натпревари. Вкупно, тој одигра 31 натпревар во сите натпреварувања (25 во Серија А, три во Лигата на шампионите, три во Купот на Италија),…

Read More

Претставниците на фудбалерот, Ешли Јанг, се во напредни разговори со луѓето од Барнли, тврди денеска – „Скај Спорт“. Поранешниот репрезентативец на Англија, кој во јули ќе наполни 36 години, стана слободен играч откако му истече договорот со италијанскиот шампион Интер. Според информациите, Барнли ќе му понуди на Јанг едногодишен договор со опција за продолжување со 12 месеци. Ешли Јанг има голема почит кон менаџерот на Барнли, Шон Дејч, кој беше капитен на Ватфорд кога поранешниот играч на Манчестер Јунајтед ја започна професионалната кариера во тој тим. Јанг во Серија А одигра 34 натпревари за Интер.

Read More

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дејан Ловрен, вели дека не жали за одлуката да ги напушти „црвените“ и да се пресели во редовите на Зенит од Санкт Петербург. „Не, не жалам што го напуштив Ливерпул. Јас не сум таков човек. Јас ја донесов мојата одлука затоа што чувствував дека е коректна. Не гледам назад. Дури и грешките што ги направив во мојата кариера имаа причини. Преку грешките, станав тоа што станав. Напуштањето на Ливерпул не беше грешка бидејќи освоив два трофеја во мојата прва сезона во Зенит. Јас можам само да се гордеам со мојот чекор “, – вели Ловрен. Репрезентативецот…

Read More

Според проценките, повеќе од 4000 фанови на нашата фудбалска репрезентација ги преплавија улиците низ Букурешт во очекување на деби-мечот против Австрија на Европските шампионите. Во одличниот амбиент во кој доминира „црвено-жолтата“ боја, илјадници фанови се движат кон стадионот за да ги поминат строгите процедури поврзани со пандемијата на Ковид-19 и да се сместат на трибините на арената во Букурешт. За целата ситуација да биде под контрола се грижат лицата задолжени за безбедност од ФФМ како и одреден број на македонски полицајци кои деновиве ќе соработуваат со нивните колеги во Романија.

Read More