Author: dino

Возачот на Ред Бул во Формула 1, Серхио Перез, изјави дека е пријатно изненаден од однесувањето и поддршката на Алекс Албан кој е сега поставен како резервен пилот додека Мексиканецот седна во болидот на неговото место. „Мислам дека имаме навистина добар тим. Тоа што го направи Макс беше навистина убаво за гледање. Заслужи да победи во Азербејџан, имаше совршен викенд. Тој едноставно немаше среќа“ – рече Перез. „Алекс, работи многу во симулаторот со инженерите. Се сеќавам кога дојдов тука, не очекував дека ќе биде толку отворен со мене. Сепак, тој ми ги објасни сите проблеми што ги имаше, како работи…

Read More

Дефанзивниот фудбалер на нашата репрезентација, Егзон Бејтулаи, вели дека е се чувствува одлично бидејќи е дел од селекцијата која го направи историскиот успех со пласманот на ЕП. „Со нетрпение го очекувам. Се надевам дека во Букурешт ќе се претставиме во одлично светло и ќе успееме да ги израдуваме нашите навивачи. Секогаш давав сè од мене, во младата репрезентација до 21 година и во А селекцијата. Треба подеднакво добро да напаѓаме и да се браниме“ – вели Бејтулаи. Македонија на 13 јуни во Букурешт со почеток од 18.00 часот ќе го игра првиот натпревар против Австрија во рамките на групата „Ц“…

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски, пред мечот со Австрија в недела на стартот во нашата група на Европското првенство, вели дека очекувањата се крајно измешани. „Некои очекуваат да ја поминеме групата а некои дека сме аутсајдери. Добро е што си ги знаеме квалитетите. Дали тоа ќе биде пресудно или не, не знам. Сигурно е дека ќе биде значајно“ – вели Тричковски. „Првиот натпревар е секогаш значаен и многу работи ќе зависат од нас. Се што ќе договориме пред натпреварот ќе мора да се спроведе на терен максимално сконцентрирано од првата до последната минута“ – потенцираше Тричковски.

Read More

Холандската амбасада во Скопје објави дека нашава земја останува на листата на држави за кои е забранет влез поради ковид-19. Аналогно на тоа, сите наши фанови кои обезбедија влезници за мечот Холандија – Македонија, нема да можат да патуваат во Амстердам. „Ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку влегувате во една од категориите кои се надвор од забраната за патување“ – се вели во соопштението на холандската амбасада во Македонија.

Read More

Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави, вели дека не добил понуда од Лапорта да седне на кормилото на Каталонците и дека мора да се испочитува Куман кој останува на тренерското столче. „ Јас сум на трансфер пазарот и отворен за се. Станав тренер пред две години и имам одличен однос со Лапорта. Тој носи одлуки а јас немав можност да разговарам со него. Тој се одлучи да остане со Куман, мислам дека е тоа најдобро за клубот“ – потенцираше Чави. Во моментов нема информации дали Чави ќе се врати на Истокот или ќе пронајде клуб во Европа.

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, започна преговори со претставниците на Пол Погба за продолжувње на соработката, пренесува денеска – „Скај Спорт“. Французинот допрва треба да ја одработи последната сезона откако „црвените ѓаволи“ пред неколку месеци ја активираа клаузулата од договорот, но, тоа е условно. Имено, доколку неговиот агент, Мино Раиола, не даде зелено светло за продолжување на соработката, тогаш англичаните веднаш ќе го стават Погба на трансфер листата во текот на летово.

Read More

Годинешниов освојувач на Лигата на шампионите – Челзи, најави дека ќе се ослободи од повеќе фудбалери за да може да собере доволно пари и да ги купи Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд) и Ашраф Хакими (Интер). Нивните трансфери се процените на вкупни 220 милиони евра. Според најавата, челниците од – „Стемфорд Бриџ“ планираат да ги продадат:  Запата, Палмиери, Алонсо, Зума, Ампаду, Томори, Рахман, Тимуе Бакајоко,  Дринквотер, Жоржињо, Баркли, Батшуаи и Тами Абрахам. Лондонскиот клуб се надева ќека ќе продаде најмалку 7-8 фудбалери и дека ќе заработи повеќе од 100 милиони фунти.

Read More

Џеорџино Вајналдум од денеска е фудбалер на ПСЖ. Тоа што се најавуваше деновиве доби и реализација која е потврдена од страна на францускиот состав. -ПСЖ со задоволство може да соопшти дека потпиша со Џеорџино Вајналдум. Холандскиот репрезентативец кој доаѓа од Ливерпул, потпиша до 30 јуни 2024“ се наведува во објавата на клубот од Лига 1. Искусниот фудбалер од средниот ред на – „Паркот на принцовите“ ќе заработува по 9,5 милиони евра на сезона.

Read More

Нашиот репрезентативен голман, Дамјан Шиковски, на денешната прес-конференција во Букурешт изјави дека фудбалерите не чувствуваат притисок пред деби-мечот на Европското првенство. „Сите ќе бидеме мотивирани в недела без разлика кој ќе игра а кој е на клупата. Австрија двапати не победи на претходните квалификации, но, сега не чека различен натпревар“ – вели Шишковски. „Австрија сега е за нас најзначајна и се надевам дека ќе биде најдобриот меч во историјата на репрезентацијата. Верувам дека дефанзивата ќе го одлучи победникот, можеби и само оделни минимални грешки може да бидат пресудни „ – вели Шишковски

Read More

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Бобан Стајиќ (27 години), денеска го обнови договорот со екипата на Пелистер за две години. Искусниот плејмејкер во последната сезона имаше просек од 11,5 поени, 2,7 скокови и 5,7 асистенции. Стајиќ пред да го облече „зелено-белиот“ дрес ги бранеше боите на: МЗТ Скопје, Лирија, Фени индустри, Куманово, Работнички и Кожув.

Read More