Author: dino

Нашиот стопер, Дарко Велковски, верува дека Македонија на денешниот меч со Украина кој ќе започне во 15.00 часот на Арената во Букурешт, може да ги освои првите бодови на Европското првенство. „Австрија и Украина играат висок пресинг. Украинците не се толку дисциплинирани како Австријците, што значи дека ќе имаме повеќе шанси да ги нападнеме, како преку средината така и преку контра нападите“ – вели Велковски. „Се надевам дека ќе ги искористиме тие шанси и ќе дојдеме до посакуваната победа. Пред сè треба да бидеме сконцентрирани во текот на целиот натпревар“ – нагласи нашиот фудбалски репрезентативец во изјавата за националниот сервис.…

Read More

Горан Пандев во интервју за – „Скај Спорт“, изјави дека е фокусиран на случувањата на Европското првенство и дека не размислува за иднината. „ Да бидам искрен, не знам дали ќе се предомислам и дали ќе продолжам да играм фудбал. Ќе донесам одлука по крајот на Европското првенство. Емоциите беа навистина посебни по постинатиот гол. Се надеваме дека можеме да оствариме добри резултати на наредните натпревари и дека ќе продолжиме да правиме историја“ – вели Пандев. „ Нареден  противник ни е Украина. Тие ме импресионираа на првиот меч против Холандија. Знаеме дека ќе играме против силен тим, имаат одлични индивидуалци…

Read More

Дефанзивецот на Русија, Марио Фернандес, нема повреда на ‘рбетниот мозок, покажаа деталните лекарски прегледи, соопшти раководството на руската фудбалска репрезентација. Тој денеска беше изнесен на носилки во 26-та минута  на средбата со Финска која и припадна на „Зборнаја“ со минимални 1:0. – Според резултатите од прегледот, Марио Фернандес нема повреди на ‘рбетот. Тој ќе замине со тимот за Москва и ќе биде под надзор на лекарите од руската репрезентација”, се вели во соопштението. Русија последниот меч од групната фаза ќе го одигра против Данска на 21 јуни во Копенхаген.

Read More

Македонија и Украина утре од 15.00 во Букурешт ќе го одиграат мечот од второто коло во групата „Ц“ на Европското фудбалско првенство. Нашиот репрезентативец, Стефан Ристовски, вели дека стартниот пораз од Австрија не влијае на добрата атмосфера во нашиот табор. „ Сега не чека нов, меч. На Европско играат најдобрите, сите играат 90 минути, сите играат да победат, така и ние. Не дојдовме да бидеме туристи“ – вели Ристовски. „Ние се подготвуваме за Украина, имаат добри фудбалери, како и Австријците и тие сакаат да играат со топка. Затоа мора да бидеме внимателни“ – нагласи нашиот дефанзивец.

Read More

Нашиот фудбалски селектор, Игор Ангеловски, пред утрешниот значаен меч со Украина на Европското првенство, нагласи дека треба да останеме максимално сконцентрирани. „Дојдовме тука со цел да се бориме за пласман во осмина-финалето и таа цел стои пред нас. Победникот од натпреварот ќе ги зголеми шансите. Доколку Украина не успее да ја мине групата тоа е за нив трагедија“ – вели Ангеловски. „Ќе играме против многу квалитетна селекција која, покажа карактер и се врати од 2-0 против Холандија. Имаат квалитетни индивидуалци како Малиновски, Зинченко, Јармоленко. Не чувствуваме притисок како нив“ – изјави Ангеловски.

Read More

Фудбалерот, Калвин Филипс, кој имаше одлична сезона во дресот на Лидс и успеа да се избори за место во репрезентацијата на Англија на Европското првенство, може да добие понуда од Реал Мадрид. Наводно, новиот тренер на „кралевите“, Карло Анчелоти, го гледа Филипс како идеална замена за ветеранот, Лука Модриќ, кој треба да ја одработи последната сезона кај „белите“. Филипс на Евро 2020 имаше одличен настап на мечот со Хрватска и беше асистент на единствениот погодок кој го реализираше Рахим Стирлинг и кој им донесе три бода на Англичаните.

Read More

Капитенот на Франција, Уго Лорис, објасни зошто тој и неговите соиграчи не клекнале пред мечот со Германија на Европското првенство. Според голманот, тоа мора да го сторат сите или никој. Клекнувањето стана меѓународен гест во борбата против расизмот, но, таа практика не е многу популарна во одредени делови на Европа, особено на Исток. Екипите на Белгија и Англија решија да клекнат на колена, но, тоа беше проследено со негативни реакции од навивачите во Санкт Петербург и Лондон. Според Лорис, еко-активистот со падобранот кој слета во Минхен токму пред мечот со „панцирите“ нема никаква врска со одлуката на „галските петли“.

Read More

Екипата на Вотфорд која се врати во Премиер лигата на Англија ја засили во одбраната со Дени Роуз кој летово го напушти Тотенхем. Бекот се согласи на двегодишен договор и ќе му се приклучи на новиот тим како слободен агент од 1 јули. Роуз во 2008 и 2009 година или во почетокот на кариерата, одигра неколку мечеви за Вотфорд како позајмен играч. Тој тогаш успеа да се избори и за место во репрезентацијата. Црномурестиот дефанзивен фудбалер за Тотенхем одигра 241 натпревар.

Read More

Фудбалскиот репрезентативец на Шведска, Дејан Кулушевски, кој има потекло од Македонија, се огласи на социјалните мрежи и потврди дека се опоравил од Ковид-19 и дека се вратил во тренинг процес. 21-годишниот напаѓач денеска одржа индивидуален тренинг во шведскиот табор во Гетеборг бидејќи сите други имаа слободен ден. Кулушевски веројатно в четврток ќе биде дел од експедицијата која ќе полета за Санкт Петербург на вториот натпревар во групата против Словачка закажан за в петок.

Read More

Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Англија, Рахим Стeрлинг, кој донесе победа за „трите лава“ на мечот со Хрватска, потенцира дека медитира за да „остане поврзан“ со неговото тело и неговиот ум. „Малку медитирам. Се обидувам да го сторам тоа пред да заспијам. Се опуштам и одвојувам време за тоа. Се обидувам да се поврзам. Малкумина од нас се поврзуваат со нашите тела и мозокот“ – вели Стeрлинг. Англија в петок во второто коло во групната фаза на Европското првенство ќе го одигра соседското дерби против селекцијата  на Шкотска.

Read More