Author: dino

УЕФА го казни австрискиот репрезентативец, Марко Арнаутовиќ, со забрана за настап на еден меч на Евро шампионатот поради неговито испад на мечот со Македонија во 1 коло во групата „Ц“. Причина за казната на Арнаутовиќ беа навредливите зборови на национална основа упатени кон нашиот фудбалер, Езган Алиоски. Напаѓачот на Шангај СИПГ подоцна преку социјалните мрежи се извини за неговиот испад и негираше дека е расист. 32-годишниот играч на Австрија поради казната од УЕФа ќе мора да го пропушти утрешниот меч со Холандија.

Read More

Денеска со жрепка во Нион трите македонски екипи Шкупи, Силекс и Струга Трим Лум ги дознаа противниците во првото квалификациско коло во новоформираната УЕФА Конференциска лига. Шкупи ќе игра со Љапи од Косово. Тимот од Чаир ќе биде домаќин на првиот меч. Силекс ќе се сретне совПетрокуб-Хинчешти од Молдавија додека Струга во деби настапот ќе оди на мегдна со Лиепаја од Летонија. Првите натпревари ќе се играат на 8 јули а реванш средбите се седум дена подоцна.

Read More

Македонскиот фудбалер, Дарко Чурлинов, вели дека е горд што е дел од селекцијата која е на европското првенство. „Атмосферата е одлична, нормално е да има еуфорија, сите сме среќни и сите сме весели бидејќи Македонија е прв пат на Европско. Кога сме на тренинг сите сме на високо ниво и се надеваме дека тоа така ќе остане“ – вели Чурлинов. „За мојот настап против Украина можам да кажам дека верувам во моите квалитети и подготвен сум во секое време да помогнам да се освојат три бода, тоа не зависи од мене. Можам да бидам добра помош за екипата“ – потенцира…

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски, на денешниот брифинг со новинарите, потенцираше, дека Украина има опасен напад и дека ќе треба да се извлечат поуки од старниот пораз од Австрија. „Ништо не е готово. Се подготвуваме за Украина. Мора да веруваме дека ги имаме квалитетите за победа. Дуелот со Украина е финале за да имаме шанса за поминување на групата. Фокусот мора да ни биде само на тој натпревар.“- вели Алиоски. „Украина игра добар фудбал и има одлични индивидуалци во офанзивата. Тие можат да бидат опасни. Мора да бидеме подготвени за нив. Ако добро се браниме, можеме да ги изненадиме“ –…

Read More

Македонскиот фудбалски шампион, Шкендија, ќе ги одмери силите со екипата на Мура од Словенија во првото елиминациско коло за влез во елитната конкуренција на Европа. Првата средба ќе биде одиграна во нашава земја на  6/7 јули додека реваншот е предвиден за 13 или 14 во истиот месец во Словенија. Мура во претходната сезона за прв пат во долгогодишната историја успеа да го освои шампионскиот пехар во елитната конкуренција на Словенија.

Read More

Останува дилемата дали селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, ќе се реши да го започне мечот в четврток против Данска со првата ѕвезда, Кевин Де Бруин, кој се врати на тренинзите откако го пропушти воведниот дуел против Русија. Како што е познато, искусниот кретаор на играта се здоби со повреда во финалето од Лигата на шампионите, откако доби напукнатини на носната и јагодична коска по судирот со Рудигер. Белгија е еден од главните фаворити на Европското првенство и засилена со квалитетите на 29 годишниот, Де Бруин, несомнено ќе биде уште посилна во продолжението од европскиот турнир.

Read More

УЕФА денеска го одреди Аргентинецот, Фернандо Рапалини, да биде главен судија на мечот в четврток меѓу Македонија и Украина кој ќе биде одигран во рамките на 2 коло во групата „Ц“ на Европското првенство. Натпреварот ќе го одиграме на арената во Букрешт а за првпат во историјата на едно Европско првенство ќе се појави судија кој не е од Европа. Помошници на Рапалини ќе му бидат Диего Бонфра и Хуан Пабло Белати. Чеврти судија ќе биде Славко Винчиќ од Словенија.

Read More

Шведскиот селектор, Јан Андерсон, не крие дека е среќен со ремито против Шпанија на стартот на Европското фудбалско првенство. Скандинавците вчера формираа вистински бедем пред нивниот гол и  не им дозволија на домаќините да постигнат погодок. „Создадовме неколку шанси, секако и Шпанците ги имаа. Во ниту еден случај не сум разочаран од резултатот. Ако сакаме да освоиме бодови против вакви екипи, мора да играме добро. Сепак, момчињата дадоа се од себе и јас сум должен да им честитам“ – сподели Андерсон. Шведска на 19 мај во второто коло ќе игра против Словачка додека во последниот натпревар по групи ќе се…

Read More

Фудбалерите на Аргентина доцна во ноќта одиграа 1:1 против Чиле на стартот на Копа Америка. Капитенот на „гаучосите“, Лео Меси, успеа да дојде до 39- гол во репрезентативниот дрес и на тој начин да го подобри рекордот на Габриел Батистута. „Натпреварот беше тежок. Ни недостасуваше контрола на топката и брзина во нападот. Пеналот го промени текот на натпреварот. Сега имаме меч со Уругвај кој нема да биде полесен. Значајно е да се подготвиме и да славиме“ – изјави Меси. Аргентинците немаат победа во последните три средби одиграни во различни конкуренции.

Read More

Шпанија и Шведска вчера во Севилја одиграа без голови во рамките на 1 коло во групата „Е“ на Европското фудбалско првенство. Селекторот на „црвената фурија“, Луис Енрике, по дуелот почувствува потреба да им се извини на навивачите. „Ремито  остави горчливи чувства и затоа им се извинувам на навивачите. Требаше да победиме. Се обидуваме да создадеме шанси, но, реализацијата не беше на ниво“ –изјавил Енерике за официјалната веб-страница на УЕФА. Шпанија во второто колo ќе игра против Полска на 19 јуни додека „викинзите“ ден претходно ќе излезат на мегдан со Словачка. На табелата, Словаците се први со 3 бода, Шпанија и…

Read More