Кошаркарите на МЗТ Скопје успеаја да победат на гостувањето кај Еуро Никел со 95:91 во вториот меч од финалната серија од домашниот шампионат која се игра до три победи. Во салата во Гевгелија победникот беше решен во втората половина од последната четвртина кога гостите од Скопје направија серија 14-4 и дојдоа до плус седум (86-79). Во победничкиот состав се издвоија Бојан Крстевски со 22 поени и пет скока и Магдевски кој средбата ја заврши со 20 поени а напрви и по пет скокови, асистенции и украдени топки. Во екипата на Еуро Никел најпрецизен беше Роберт Рикиќ со 33 поени и…
Author: dino
Фудбалскиот состав Челзи денеска објави дека активирал посебна клаузула во договорот со дефанзивецот Тиаго Силва и затоа неговиот ангажман е продолжен за уште една сезона до наредното лето. 36-годишниот Бразилец пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во 2020 година како слободен играч од Пари Сен Жермен. Ветеранот брзо стана главен дел од лондончан, запиша 34 натпревари на сите турнири и даде 2 гола. Силва во дебитантската сезона со „сините“, се израдува на првата титула во Лигата на шампионите.
Кошаркарите на МЗТ Скопје и на Еуро Никел денеска ќе ја започнат финалната битка за шампионската титула во домашнотo првенство. Средбата ќе стартува во 19.00 часот во салата Јане Сандански во Скопје а ќе ја судат: Игор Митровски, Зоран Митровски и Горан Бошковски. Делегат ќе биде Петар Денковски. Финалната серија ќе се игра во три добиени меча по принцип дома-гости. Сите средби ќе бидат реализирани без присуство на публика.
Фудбалерот на Наполи и на „црвената фурија“, Фабиан Руиз, може да добие понуда во текот на летото да се пресели во Јувентус. Наводно, наполитанците кои се соочуваат со големи финансиски проблеми сакаат да продадат неколку играчи меѓу кои влегува и 25-годишниот Шпанец. Медиумите на „Чизмата“ наведуваат дека „старата дама“ од Торино планира да направи големи промени во тимот и дека ќе се бори за потписот на Фабиан Руиз.
Напаѓачот на Сампдорија, Фабио Кваљарела, кој во претходната сезона одигра 33 меча и даде 13 голови, ја продолжи верноста кон џеновјани до јуни во 2022 година. „Горд сум што ме гледаат како легенда на Сампдорија. Му благодарам на претседателот, им благодарам на навивачите и на соиграчите“ – напиша Кваљарела на социјалните мрежи. 38-годишниот фудбалер најверојатно ќе ја одигра последната сезона пред да се повлече во фудбалска пензија.
Манчестер Сити подготвува специфичен договор за Серхио Рамос доколку ветеранот во текот на летото не добие продолжување на соработката со Реал Мадрид. Искусниот дефанзивен фудбалер првично би останал две години кај „граѓаните“ а потоа врз основа на неговиот ефект на теренот, ќе биде донесена одлука дали ќе продолжи во Англија или ќе биде префрлен во МЛС Лигата во тимот на Њујорк Сити. Тоа значи дека Рамос ќе има шанси пред крајот на кариерата да заигра и во САД, како што претходно направија многи европски ѕвезди.
Челниците на фудбалскиот состав Евертон се обидуваат експресно да пронајдат замена за Карло Анчелоти кој од вчера е промовиран за нов тренер на Реал Мадрид. Според наведеното во островските медиуми, најсериозен кандидат за клупата на „карамелите“ е некогашниот нивни тренер, Дејвид Мојс. Тој имаше одлична сезона со Вест Хем и за малку не успеа да ги однесе „чеканите“ во Лигата на шампионите.
Аргентинецот, Лео Меси, ќе остане во Барселона уште две години, објавија медиумите во Шпанија. На неговата одлука влијаше доаѓањето на неговиот близок пријател Серхио Агуеро на стадионот – „Камп Ноу“. 33-годишниот Меси во претходната сезона одигра 47 натпревари во сите конкуренции. Тој постигна 38 голови и направи 14 асистенции. Иако имаше одредени најави дека ќе замине во Манчестер Сити или ПСЖ, аргентинскиот фудбалер се определи да ја продолжи соработката со каталонците за уште две години.
Бугарскиот професионален боксер, Кубрат Пулев, откри дека планира да има меч во САД до крајот на годинава. „Планираме меч во САД , но, не сакам да зборувам за можните ривали. Не сакам да ја матиме водата и да ги загрижуваме луѓето. Кога ќе се знае конкретно, ќе го објавам тоа. Мојот брат Тервел треба да боксува во август или септември, но, не можам да кажам кој ќе му биде противник“ – рече популарниот, Кобра. Пулев денеска ги посети училиштата во Софија и беше дел од проектот за садење на млади дрвца.
Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити размислуваат да ги понудат Габриел Жезус и Рахим Стирлинг за да го обезбедат потписот на голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн, најавија попладнево медиумите во Англија. „Граѓаните“ се подготвени да се разделат со нивните играчи за да го реализираат посакуваниот трансфер на Кејн, кој индиректно изрази желба да замине во Сити. Весникот -„Сан“, објави, дека првиот човек на „спарси“, Даниел Леви, поставил цена од 150 милиони фунти за потписот на Кејн. Сепак, понудата во која се вклучени Стирлинг и Жезус, може да биде профитабилна за Тотенхем.
