Никола Јокиќ, Џоел Ембид и Стеф Кари се номинирани за наградата – МВП за регуларниот дел од сезоната во кошаркарската НБА лига додека за наградата за најдобар дебитант конкурираат: Лабело Бол, Ентони Едвардс и Тајриз Халибартон. Имињата на Руди Гоберт, Дрејмонд Грин и Бен Симонс се ставени на списокот за избор на најдобар дефанзивец додека меѓу номинираните за изборот на кошаркар што покажал најголем прогрес се: Џереми Грант, Мајкл Портер и Џулиус Рендл. Во изборот за најдобар „шестти играч“ ќе бидат Џордан Кларксон , Џо Инглс и Дерик Роуз. За наградата најдобар тренер на регуларниот дел конкурираат: Квин Снајдер (Јута),…
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, планира да го ангажира играчот за врска на Монако, Аурелиен Чуамени, објавија денеска дел од медиумите во Англија. 21-годишниот талент кој има одлична сезона во Франција, одигра 41 меч во сите конкуренции и постигна два гола. Монако е подготвен да се раздели со младиот талент за околу 40 милиони евра, сума што е речиси двојно повеќе од тоа што му беше платена на Бордо во јануари во 2020 година за потписот на Чуамени.
Првиот голгетер во редовите на фудбалскиот состав Тотенхем, Хари Кејн, изјави дека сака да игра во Лигата на шампионите и воедно да го достигне нивото на Кристијано Роландо и Лионел Меси. „Сакам да бидам најдобар. Сакам да се обидам да го достигнам нивото на Роналдо и Меси. Тоа е мојата крајна цел – да освојувам трофеи секоја сезона и да постигнувам 50, 60, 70 гола“ – вели напаѓачот на „спарси“ кој сака да направи трансфер во текот на летото. „Мислам дека можам да останам подолг период на терените. Не реков категорично дека сакам да го променам тимот, но, мислам дека…
Мастерс турнирот во Индијан Велс кој поради големиот број на лица заразени со Ковид-19 на територијата на Калифорнија беше одложен во текот на месец март, сега е вметнат во календарот на АТП за последниот квартал од годинава. Престижниот собир ќе се реалзира во октомври а точниот датум дополнително ќе се утврди. Исто така, има промена во датумите на Отвореното првенство на Стокхолм. Турнирот во главниот град на Шведска требаше да се одржи од 18 до 24 октомври, паралелно со собирите во Москва и Антверпен. Сепак, по ажурирањето на календарот, турнирот беше поставен за терминот од 7-13 ноември.
Весникот -„Тутомеркато“ пишува дека наскоро во Рома на Мурињо ќе му се придружи неговиот сонародник, Жозе Фонтес, кој во моментов работи како главен скаут во тимот на Лестер. Фонтес е човекот кој во дресот на „лисиците“ донесе неколку одлични играчи како што се: Чаглар Сојунчу, Рикардо Переира и Гедиа Фофана. Португалецот кој се гледа како еден од најдобрите скаути во светот на фудбалот, претходно работел во екипата на Боависта.
Неколку шпански медиуми излегоа со информација дека првиот човек на фудбалскиот состав Барселона, Хуан Лапорта, планира да го ангажира Франк Рајкард, кој седеше на клупата на Каталонците од 2003 до 2008 година. Холандскиот стратег ќе треба да го замени неговиот сонародник, Роналд Куман, кој најверојатно ќе ја заврши сезоната само со трофејот освоен во домашниот Куп. Рајкард откако ја напушти селекторската позиција во Саудиска Арабија, цели осум години е надвор од фудбалските терени.
Нашиот најдобар ракометар, Кире Лазаров, ќе остане активен на теренот откако ги договорил условите за нова соработка со тимот на Нант. Французите вчера си обезбедија место на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите откако го добија двомечот со унгарскиот Веспрем. Претседателот на Нант, Гаел Пелетие, по реваншот во Унгарија, потврди дека нашиот селектор-играч, ќе добие договор за уште една сезона. „Чест ми е да објавам дека Кире Лазаров ќе игра уште една година за Нант“, изјави Пелетие. Неговиот тим сега ги очекува битките за европскиот трон во „Ланксес Арена“ во германскиот град Келн.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска во Битола го совладаа Вардар со 29 спрема 25, но, вардарци имаат подобра гол-разлика во меѓусебните средби и затоа остануваат на челната позиција на табелата. Кај домаќините се издвоија Радовиќ и Периќ кои постигнаа по седум голови додека кај гостите Дибиров имаше шест. Доколку „црвено-црните“ во последните 4 кола забалежат максимален ефект ќе ја одбранат титулата и воедно ќе ја освојат двојната круна. Вардарци неодамна ја пополнија богатата ризница и со победничкиот пехар од Купот.
Италијанскиот фудбалски тренер, Масимилијано Алегри, неодамна ја одбил понудата на англискиот, Тотенхем, бидејќи има желба да седне на кормилото на Реал Мадрид, објавија денеска дел од медиумите на Пиринеите. Понудата од лондонскиот клуб била испратена веднаш по отказот на Жозе Мурињо кога претседателот на „спарси“, Даниел Леви, лично контактирал со Италијанецот. Пред неколку дена, „Газета дело спорт“ објави дека првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, му понудил на Алегри договор за 2 години со опција за уште 12 месеци со годишна плата од 10 милиони евра.
Кире Ристевски, кој ќе биде дел од нашата фудбалска репрезентација на Европското првенство во текот на летото, од денеска е нов член на АЕЛ Ларнака. Тој по три години го напушти Ујпеш од Унгарија и се обврза на двегодишна верност кон кипарскиот состав. Ристевски досега ги бранеше боите на: Пелистер, Елбасани, Билиш Славија Софија, Тирана, Работнички и Вашаш. Ќе потсетиме дека во шампионатот на Кипар настапуваат повеќе наши интернационалци : Дамјан Шишковски, Душко Трајчевски, Дарко Глишиќ, Стефан Спировски, Иван Тричковски и Мартин Богатинов.
