Фудбалерот на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум, нема намера да остане во редовите на „црвените“ откако ќе го одработи договорот во текот на летото, објави денеска весникот – „Газета дело спорт“. Иако извесен период се шпекулира дека за него е заинтересирана екипата на Барселона, сега се појавија информации дека за неговиот потпис ќе конкурира и ПСЖ кој може да ги покрие неговите големи финансиски побарувања. Наводно, 30-годишниот фудбалер бара договор за три-четири сезони со плата од 4 милиони евра.
Author: dino
Весникот – „Дејли меил“ објави дека челниците на фудбалскиот состав Тотенхем започнале да бараат замена за Хари Кејн кој упорно притиска да си замине во текот на летниот трансфер период. Според наведеното, популарните „спарси“ сега се насочени кон двајца играчи кои настапуваат во екипите од Манчестер – Габриел Жезус од Сити и Ентони Марсијал од Јунајтед. Бразилецот кој има 24 години и Французинот со 25-ет, немаат позначајна улога во нивните тимови што отвора простор да прифатат евентуална понуда да ја променат средината.
Кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, се најде на поширокиот список на играчи кој го објави селекторот на Словенија за квалификацискиот турнир за ОИ закажан во јуни и јули во Каунас, Литванија. Учеството на 22-годишниот поентер од НБА лигата ќе зависи целосно од ефектот на неговиот тим во плеј-офот кој ќе стартува во текот на викендот и ќе трае околу 8 недели. Квалификациите во Литванија започнуваат на 29 јуни и ќе траат до 4 јули. Покрај Словенија, во Каунас за виза за Токио ќе се борат и домаќинот Литванија, Полска, Венецуела, Јужна Кореја и Ангола.
Силекс против Тиквеш и Ренова со Охрид на 25 мај ќе борат за место во елитната фудбалска конкуренција во нашава земја за наредната сезона. Кратовци кои беа на 9-то место во првата лига ќе излезат на мегдан со Тиквеш кој заврши како втор на Истокот во второлигашкото друштво. Баражот ќе биде одигран на Арената во Скопје. Средбата меѓу Ренова и Охрид е закажана на тренинг комплексот – „Петар Милошевски“ во Скопје. Тетовци беа 10-ти на крајот на претходната сезона во ПМФЛ додека Охрид заврши на второто место во Западната група во втората лига. Доколку нема победник во регуларниот дел веднаш…
Академија Пандев и Силекс утре од 19.00 на Арената во Скопје ќе го одиграат финалниот меч во фудбалскиот Куп на Македонија. Победникот ќе обезбеди квалификации за новото натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.Тоа дополнително ги мотивира двата тима. „Можеби ни е полесно и сме порелаксирани затоа што обезбедивме опстанок, но, ќе бидеме максимално фокусирани. Ние сме бранители на титулата и ќе се обидеме трофејот да остане во нашите витрини“ – вели Александар Васовки тренерот на Академија Пандев. „Очекувам многу квалитетен натпревар. За двете екипи е императив победата и по мое мислење шансите се 50-50, нека победи подобриот. Пред 24 години Силекс…
Карате федерацијата на Македонија денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт одржа прес конференција пред поаѓањето на сениорската репрезентација за 46. Европско првенство кое што ќе се одржи од 19-23.05.2021 година во Пореч, Хрватска. На приемот претседателот на КФМ Горан Милковски, кој ќе биде делегат на Изборниот Конгрес на Европската карате федерација, во име на Извршниот одбор на КФМ му се заблагодари на дирекорот Наумче Мојсовски и Агенцијата за млади и спорт за поддршката и помошта што Карате федерацијата на Македонија контуирано ја добива во изминатите години. Директорот Наумче Мојсовски истакна дека корона вирусот имаше огромно влијание на…
Фудбалскиот состав Вердер по вчерашниот пораз на теренот на Аугсбург му врачи отказ на тренерот, Флоријан Кофелт, стои во денешното соопштение објавено на официјалната веб-страница на тимот. Во завршницата од Бундес-лигата на мечот со Борусија Менхенгладбах, клубот ќе го води легендата, Томас Шааф, кој претходно ја имаше таа позиција. Вердер се наоѓа на 16-то место во поредокот на само една рунда пред крајот на сезоната. „Среќни сме што Томас ја презеде задачата во неизвесна ситуација за клубот. Се надеваме дека со неговото искуство тој може да ги подготви играчите за последниот натпревар во сезонат“ – изјави извршниот директор на Вердер…
Работнички и МЗТ Скопје по пауза од три години ќе се сретнат во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија – кој од неодамна го носи името на великанот – „Благоја Георгиевски-Буштур“. Тимот од Градски парк и популарните „штркови“ досега се сретнале 6 пати во завршницата а ефектот е 3:3. Работнички е најтрофејниот состав со 10 пехари додека МЗТ Скопје има еден помалку. Вечното кошаркарско дерби на градските ривали ќе започне во 17:30 часот во СРЦ Кале во Скопје.
Откако тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, најави дека на крајот на сезоната ќе си замине од редовите на шпанскиот состав, веднаш се појавија шпекулации кој ќе дојде на неговото место. Весникот – „Марка“, денеска објави дека легендата на клубот, Раул Гонзалес , кој работи како тренер на вториот тим на „белите“ е во преден план додека како алтернативи се посочуваат и Масимилијано Алегри и Јоаким Лев. Италијанецот нема активност две години додека Лев по европското првенство ќе ја напушти селекцијата на Германија и ќе може да се активира на клупски план.
Челниците на фудбалскиот состав Баерн Минхен се заинтересирани за дефанзивецот на италијанскиот Интер, Ашраф Хакими, објави денеска весникот – „Мундо Депортиво“. Баварците имаат намера да понудат сума од 50 милиони евра за потписот на Мароканецот кој има да одработи уште четири години во дресот на „нероаѕурите“. Во текстот се наведува дека калчо-тимот се соочува со тешка финансиска состојба и дека може да ја прифати понудата на Баерн Минхен. 22-годишниот десен бек во сезонава одигра 44 натпревари на кои постигна 7 голови и направи 9 асистенции.
