Дефанзивецот на фудбалскиот состав Лион, Јоаким Андерсен, се наоѓа на списокот на неколку екипи кои имаат намера да го ангажираат во текот на летниот трансфер период, објавија медиумите од Европа. Данецот кој настапува како позајмен во редовите на Фулам има одлична сезона и затоа не изненадува што го привлече вниманието на повеќе екипи од Премиер-лигата. Фулам сака да го задржи 24-годишниот дефанзивец, но, тоа ќе биде исклучително тешко бидејќи за неговиот потпис конкурираат: Манчестер Јунајтед, Челзи, Тотенхем, Лестер и Кристал Палас.
Author: dino
Дефанзивецот на Барселона Самуел Умтити може да биде ставен на трансфер листата во текот на летниот преоден рок, објавија медиумите во Шпанија. Интернационалецот од Франција кој беше купен во 2016 година и има да одработи уште две сезони од договорот, во тековнава сезона оствари само 10 настапи во Ла Лига. Според весникот -„Мундо Депортиво“, луѓето од Каталонија се надеваат дека ќе добијат добра понуда за 27-годишниот фудбалер и дека потоа ќе купат нов играч.
Фудбалерот, Лука Модриќ, сака да ја заврши кариерата во Реал Мадрид а раководството на „белите“ ќе му ја исполни желбата и ќе му понуди нова соработка за уште една сезона, пишува весникот – „Марка“. Според информациите, хрватскиот интернационалец се согласил да му се намали платата на 9 милиони само за да остане на „Сантијаго Бернабе“. Модриќ кој беше купен од Тотенхем пред речиси десет години, успеа да ја подигне наградата „Златна топка“ и да се израдува на четири пехари во Лигата на шампионите.
Челниците на фудбалскиот состав Арсенал планираат во текот на летото да се разделат со ветеранот, Давид Луис. Договорот на Бразилецот истекува и клубот нема намера да му понуди нова соработка наваедуваат дел од медиумите во Англија. Луис од почетокот на сезоната одигра само 16 натпревари како стартер и главно ја грееше клупата. Искусниот играч нема да се појави на теренот до крајот на сезоната бидејќи претрпе потешка повреда и мораше да биде опериран.
Англискиот фудбалски состав Ливерпул размислува да направи сензационална понуда за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез. Наводно, луѓето од „Енфилд“ размислуваат да го вратат Уругавајскиот напаѓач како замена за Мохамед Салах кој најверојатно во текот на летото ќе замине во нова средина. 34-годишниот Суарез има одлична сезона во шпанскиот состав со постигнати 19 голови на 26 натпревари. Ќе потсетиме дека луцидниот напач ги бранеше боите на „црвените“ вo периодот од 2011 до 2014 година кога одигра 110 средби и даде 69 голови.
Фудбалерот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, откри дека поминал неколку дена во болница откако се заразил со маларија додека имал активности со репрезентацијата на Габон. Тој по враќањето во Англија одигра два меча против Ливерпул во Премиер лигата и против Славија Прага во првиот натпревар од четвртфиналето во Лига Европа. -Од ден на ден се чувствувам подобро благодарение на одличните лекари кои брзо го открија и лекуваа вирусот – напишал Обамејанг на неговиот профил на „Инстаграм“.
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжува да бележи одлични настапи во игра на двојки на турнирот во Калви кој се реалзира на тврда подлога за награден фонд од 25.000 американски долари. Таа и домашната претставничка Французинката, Амандин Ес, како први носителки, ги совладаа Флави Бруњон и Обан Дрог во два сета со идентичен резултат 6-2. Лина и Амандин во последниот филтер пред финалето ќе се сретнат со Жад Сувреј и Луси Нгујен Тан откако нивните противнички, Марго Јеролимо и Анџелика Моратели го предадоа мечот.
Легендарниот фудбалски напаѓач на Англија, Алан Ширер, проценува дека Хари Кејн треба да го напушти тимот на Тотенхем во текот налетниот трансфер период доколку сака да ја збогати ризницата на трофеи. „Хари има 28 години и три месеци, мислам дека е сега клучниот момент. Тој е во зенитот, комплетен играч кој е гаранција за голови каде и да игра“ – нагласил Ширер. „Мислам дека го чекаат уште три-четири години во кои може да покаже квалитет. Мора да си оди сега или никогаш“ – потенцираше Ширер.
Поранешниот фудбалер на Холандија, Рафаел Ван дер Варт, упати критики кон напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер, кој не може да се препознае откако го напушти Лајпциг и го облече дресот на „сините“ од Лондон. „Вернер е како слеп коњ, тоа го докажа и во настапот за Германија (против Македонија). Можеби Вернер е многу брз, но поради притисокот кој го чувствува, трча со главата кон земја. Зијеш е најдобро решение за таа позиција“ – вели Холанѓанецот во изјава за медиумите. Деновиве се почести се шпекулациите дека репрезентативецот на „панцирите“ ќе биде ставен на трансфер листата во текот на летото.
Британецот, Дан Еванс, направи голема сензација на тенискиот турнир во Монте Карло откако го елиминираше најдобриот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ. Србинот кој го загуби првиот меч во 2021 година вели дека не одиграл според планот. „Еванс покажа квалитет во решавачките моменти и заслужено победи . Јас се чувствував ужасно на теренот“ – нагласи Ѓоковиќ. „Тоа беше еден од моите најлоши мечеви во последниве неколку години колку што паметам“ – заврши српскиот тенисер.
