Напаѓачот на фудбалскиот состав Милан, Златан Ибрахимовиќ, заработи казна од еден меч од страна на Дисциплинската комисија за Серија „А“ поради исклучувањето на средбата со Парма одиграна во изминатиот викенд. Ветеранот од Шведска дополнително ќе мора да плати и 5.000 евра. Тој ќе ја одлежи санкцијата во наредното коло во текот на викендот на мечот со Џенова. Ќе потсетиме, 39 –годипниот ветеран на средбата со „млекарите“ имаше вербална расправија со главниот судија, Фабио Мареска, во 60. минута од натпреварот по што заработи црвен картон.
Author: dino
Движењето на олимпискиот факел во густо населената префектура Осака беше организирано во голем локален парк на етапи од 200 метри. Штафетата на олимпискиот факел започна во Јапонија на 25 март во фудбалскиот тренинг центар во префектурата Фукушима. Патувањето ќе трае 121 ден, факелот ќе помине низ 859 општини во сите 47 префектури на земјата. Околу 10.000 луѓе се очекува да учествуваат во штафетата. Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 23 јули – 8 август 2021 година.
Фудбалскиот тим на Реал Мадрид преку соопштение на својата веб-страница ја информираше јавноста дека капитенот Серхио Рамос е позитивен на коронавирусот. Дефанзивецот поради повреда не е дел од тренинзите на фудбалерите, но, постојано е со нив за време на натпреварите. Веста доаѓа пред реваншот со Ливерпул во Лигата на шампионите. Првиот меч го добија Шпанците со 3 спрема 1. Серхио Рамос не се знае дали ќе остане во клубот бидејќи не добил понуда за нов договор.
Првиот голман на ПСЖ, Кејлор Навас, одигра само едно полувреме на вчерашниот меч против Стразбур по што беше заменет со Серхио Рико. Тренерот на „светците“, Маурицио Почетино, се надева дека повредата на интернационалецот од Костарика не е серизона. „Беше повлече од теренот поради претпазливост. Не сакавме ништо да ризикуваме и така се договоривме со нашиот медицински тим. Се надевам дека не е ништо сериозно и дека брзо ќе се врати во игра“ – вели тренерот на францускиот состав. Доколку ситуацијата со Навас се искомпликува, тогаш Почетинот ќе се соочи со одредени кадровски проблеми за реваншот со Баерн Минхен во Лигата…
Тренерот на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, по вчерашниот пораз во дербито на теренот на Реал Мадрид, вели дека неговиот тим бил оштетен од страна на судиите во 83 минута кога Менди имаше контак со Брајтвајт. „Не разбирам како помошниот судија не виде пенал за нас и зошто ВАР не реагираше. Судијата не може да види, но, постои ВАР за такви ситуации“ – потенцираше холандскиот тренер. „Мечот мораше да биде продолжен повеќе од тие 4 минути. Не велам дека загубивме поради судиите, не бевме доволно добри во првиот дел“ – изјави Куман по поразот со 2:1 од големиот ривал Реал…
Фудбалерот, Серхио Регулион, кој му беше продаден на Тотенхем во летниот преоден рок, може да се врати во редовите на Реал Мадрид, објавија медимумите во Шпанија. 23-годишниот дефанзивец се пресели во Англија за 30 милиони евра, но, во неговиот договор има клаузула за враќање кај „белите“ за околу 45 милиони евра. Бидејќи Марсело сигурно ќе си замине од „Сантијаго Бернебе“, челниците на тимот размислуваат да го вратат брзоногиот бек кој има добра сезона кај „спарси“.
Младата фудбалска ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, вчера имаше неверојатен спринт на средбата со Штугарт кога достигна брзина од дури 36,04 км на час, што е рекорд во сезонава во Бундес-лигата. Одличниот голгетер со тоа достигнување ги остави зад него Маркус Турам од Вердер (35,97 км на час) и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен (35,95 км на час). Засега најбрзиот спринт на фудбалските терени го има францускиот напаѓач од ПСЖ, Килијан Мбапе, кој пред две години постигна фантастична брзина од 38 км на час.
Фудбалерите на Реал Мадрид вчера ја совладаа Барселона во „Ел Класико“ со минимални 2:1 а нивниот тренер, Зинедин Зидан, вели дека победата требала да биде поубедлива со 3 или 4 голови предност. „Првиот дел тотално го контролиравме. Имавме шанси да постигнеме барем 3-4 голови и многу порано да го решиме победникот“ – изјави францускиот стратег. „Мечот беше максимално компликуван од психички аспект. Добро е што ги освоивме бодови. Сега треба да размислуваме само на наредните мечеви“ – изјави Зидан.
Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, ќе може да се појави на Гран При трката за Големата награда на Португалија која ќе се вози на 18-ти април. Тоа значи дека осумкратниот светски шампион кој претрпе три операции на раката во изминатите девет месеци, конечно ќе може да се врати на патеките во новата сезона во Мото-шампионатот. „ Навистина сум многу среќен. Вчера бев на преглед кај докторите и ми дадоа зелен светло за да се вратам во натпреварувачки ритам“ – вели Маркез.
Ракометарот, Уве Гансхајмер, кој ја има капитентската лента во тимот на Рајн Некар Левен, ќе мора да оди на операција на коленото, објавија денеска дел од германските медиуми. Тој ќе мора да го пропушти финишот од сезоната и нема да игра четвртфиналето во Европската лига против Чеховски Медведи. Во исто време, искусниот ракометар нема да се појави и во дресот на Германија на дуели против Босна и Херцеговина и Естонија во рамките на квалификациите за Европското првенство.
