Author: dino

Шефовите на Барселона планираат да се разделат со најмалку 9 фудбалери за да можат да покријат дел од финансиската загуба која е околу 1,2 милијарди евра, објавија денеска дел од медиумите во Шпанија. Балансирањето на буџетот ќе биде приоритет за новото раководство кое сака по секоја цена да го задржи Лионел Меси. Затоа тимот од „Камп Ноу“ ќе направи подолг список на играчи кој ќе бидат ставени на трансфер листата. На истиот треба да бидат: Мартин Брајтвејт, Самуел Умтити, Миралем Пјаниќ, Серж Роберто, Жуниор Фирпо, Карлес Алења и Матеус Фернандез. Постои шанса да бидат продадени и Осман Дембеле и Филипе…

Read More

Младиот фудбалер на Спартак Москва, Џордан Ларсон, може да биде замена за Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд доколку Норвежанецот во текот на летото се определи да ги напушти „милионерите“. Наводно, скаутите на германскиот тим ги следеле настапите на младиот Ларсон кој потекнува од академијата на Барселона и досега настапувал за шведските  Хелсингборг и Норкопинг и НЕЦ во Холандија. 23-годишниот Швеѓанец кој му е син на прославениот напаѓач, Хенрик Ларсон, има трансферна вредност од околу девет милиони евра.

Read More

Холандија доби дозвола да има најмалку 25.000 гледачи на мечот против Македонија на стадионот „Јохан Крој“  на Европското првенство во текот на летото. Холанѓаните објавија дека на стадионот во Амстердам ќе има четвртина полн капацитет, но, со надеж дека бројката може и да се зголеми ако епидемиолошката ситуација се стабилизира. Секој навивач што ќе сака да го гледа мечот на трибините ќе може да влезе само со негативен корона-тест,а допрва ќе бидат објавени сите безбедносни протоколи.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација по големата победа на теренот на Германија очекувано направи скок од три позиции на новата ранг листата на ФИФА. Ние сме сега на 62-то место со  1.374,73 рејтинг поени. Доколку не беше несреќниот пораз од Романија, веројатно ќе одевме уште понапред. Од противниците на Евро 2021, Холандија е на 16-то место Австрија е на 23-то место, додека Украина е 24-то место. На врвот на листата е Белгија пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај и Данска.

Read More

Фудбалските состави на Рома и на Милан во текот на летото ќе се обидат да го привлечат напаѓачот на Торино, Андреа Белоти, кој има договор до јуни во 2022 година. Според наведеното од страна на – „Кориере дело Спорт“, Милан е подготвен да даде околу 25 милиони евра што е далеку од побарувањето на популарните „бикови“. Во исто време и „римската волчица“ се обидува да дојде до потписот на луцидниот голгетер иако најверојатно нема да успее да обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона. Сепак, Белоти неодамна изјави дека има желба да настапува за екипата од Рим.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Милан полека се насочуваат кон ново голманско име бидејќи Џанлуиџи Донарума нема намера да го продолжи договорот доколку не добие најмалку 10-ет  милиони евра по сезона. Бидејќи „росонерите“ не сакаат да ги исполнат барањата на младиот чувар на мрежата, италијанските медиуми тврдат дека тие пронашле негова замена . Станува збор за Мајк Меиган кој ги брани боите на Лил и на репрезентацијата на Франција. Неговиот договор ќе истече во 2022 година а неговата трансферна вредност е околу 12 милиони евра.

Read More
NBA

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, по победата против Милвоки во текот на ноќта, вели дека многу се насладува на кошарката и покрај променливите игри во тековнава сезона во НБА-лигата. „Се обидувам да продолжам да напредувам за да станам уште подобар. Работам на самодовербата и на мојот менталитет. Генерално, имаме лоша сезона но, сакаме да ги надминеме сите потешкотии “ – вели Кари. 33-годишниот играч во тековнава сезона има просек по натпревар од 29,7 поени, 6 асистенции и 5,5 скока

Read More

Медиумите во Англија започнаа шпекулации околу иднината на Жозе Мурињо на клупата на Тотенхем. Според нив, фудбалерите не можат да го толерираат Португалецот поради неговите коментари и критики упатени кон нив. Во тој контекст се разгледува и можноста Мурињо да добие отказ иако до неодамна се тврдеше дека Тотенхем ќе треба да му плати обештетување од околу 30 милиони фунти. Сега „Дејли меил“, пишува дека во договорот на менаџерот има клаузула која му овозможува на клубот да ја избегне големата сума и да плати многу помала отштета. Имено во клаузулата стои дека Тотенхем мора да обезбеди место во евро-куповите за…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, вели дека е задоволен од вчерашната минимална победа против Валјадоли во рамките на Примера Дивизион иако неговиот состав одигра под очекувањата. „Започнавме слабо и не ја контролиравме играта како што сакавме. Покрај тоа, не притиснавме доволно добро. Во вториот дел ја променив шемата и работите драстично се подобрија” – рече Куман . „Противникот навистина играше одлично во одбраната. На крајот имавме и малку среќа за да го постигнеме голот за победа. Во животот ништо не е лесно. Мораме да бидеме задоволни“ – вели стратегот од Холандија.

Read More

Првите луѓе на Јувентус размислуваат да го продадат играчот од средниот ред , Адријан Рабио, кој не ги исполни очекувањата. Медиумите тврдат дека неговата мајка, која му е агент задолжен за трансфери,  започнала преговори со Манчестер Јунајтед иако има одредени најави дека за неговите услуги се заинтересирани и екипи од Франција. Италијанците пишуваат дека трансферната вредност на Рабио е околу 40 милиони евра.

Read More