Бојан Миовски со голот во 62 минута и донесе минимална победа на нашата најдобра фудбалска репрезентација во последното коло во нашиот сегмент во Лигата на Нации. Македонија по триумфот против Фарски Острови, супериорно го освои првото место во групата. „Наша цел од почетокот беше да го обезбедиме првото место и задоволен сум што го направивме тоа. Противникот дојде полн со самодоверба откако успеа да победи на претходниот меч. Покажа одлична игра во одбраната и беше тешко да го пробиеме“ – вели Миовски. „На полувремето селекторот не советуваше да останеме мирни и ете дојде таа шанса ја искористив и на крајот…
Author: dino
Благоја Милевски се издвои како најуспешен селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација кога станува збор за врзана серија на победи и остварен пласман во Лигата на Нации. Последната, рекордна победа, беше обезбедена против Фарските острови со што на доминантен начин го запоседнавме првото место во „Ц“ сегментот. Македонија во шест кола во групата „Д“ обезбеди 5 победи и едно реми и позитивна гол разлика 10-1. Милевски по денешната победа во Скопје против Фарски Острови со 1-0, изјави дека играчите заслужуваат подобри услови за игра. „ Ја користам оваа прилика до кој и да е надлежен, дека фудбалерите треба да играат…
Македонската фудбалска репрезентација со победа против Фарските Острови со 1-0 го заврши настапот во тековното издание на Лигата на Нации. На мечот одигран на Арената во Скопје гостите беа главно орентирани на дефанзива додека избраниците на Милевски имаат поголем посед на топка но, без многу шанси за погодок. Единствениот дојде во 62-минута кога Бојан Миовски одреагира голгетерски во шеснаесетникот на гостите и успеа да ја затресе противничката мрежа. Во вториот меч во групата Ерменија успеа да слави на теренот на Летонија со 2-1. На крајот Македонија е прва на табелата со 16 бодови пред Ерменија со седум, Фарски Острови со…
Челниците на фудбалскиот состав Ливерпул сакаат да го ангажираат играчот на Борнмаут, Милош Керкез, велат денешните информации од Англија. „Црвените“ практично бараат соодветна замена за ветераните Ендрју Робертсон и Костас Цимикас, кои набрзо може да го напуштат клубот. Нивниот избор паднал на 21-годишниот фудбалер кој во сезонава има одиграно 11 натпревари во Премиер-лигата. Според одредени проценки, Ливерпул за потписот на унгарскиот лев бек ќе треба да издвои околу 20 милиони евра.
Англискиот фудбалски репрезентативец, Хари Кејн, кој настапува за германскиот Баерн Минхен, вели дека Премиер-лигата треба да ја врати зимската пауза бидејќи играчите имаат преголем календар со натпревари. „Би било одлично да се врати зимската пауза во Англија. Го имавме тоа околу две години и мислам дека беше многу добро за фудбалерите“ – вели Кејн. „Во изминатата година го имав првото искуство на долг зимски распуст. Чувствував дека тоа многу ми помогна да се опоравам во тешкиот период. Веројатно треба да има дискусија за календарот“ – рече напаѓачот.
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, верува дека Килијан Мбапе набрзо ќе се врати во посакуваната форма. Фудбалерот на Реал Мадрид беше изоставен од списокот на „триколорите“ за ноемвриските натпревари. „Тој е во тешка ситуација но, верувам дека ќе направи се што може да ја врати ефикасноста. Мбапе може да игра на различни позиции“ – вели Дешамп. „Понекогаш работите не функционираат и тоа може да доведе дури и до депресија. Психолошката состојба е многу значајна“ – нагласи селекторот на „галските петли“.
Младиот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал, која ја лекува повредата на зглобот, можеби нема да биде на списокот за мечот со Селта закажан за 23 ноември во рамките на Примера Дивизион, велат последните најави од Шпанија. Крилниот напаѓач на Каталонците се повреди на дуелот одигран во Белград против „црвено-белите“ во Лигата на шампионите и треба да паузира околу 2-3 недели. 17-годишното крило е во процес на рехабилитација а во наредните денови ќе биде одлучено дали ќе може воопшто да се појави на мечот во Виго.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, потенцираше што сака да направи откако ќе ја заврши кариерата во професионалните води. „По фудбалот сакам да се фокусирам на создавање на семејство. Кога ќе престанете да играте, нешто во вас умира“ – потенцираше црномурестиот играч на „кралевите“. „Не сакам да имам допирна точка со спортот. Повеќе би сакал да станам директор на компанија“ – откри како размислува репрезентативецот на Франција.
Александар Зверев кој ќе ја заврши сезоната на второто место на АТП листата на најдобрите светски тенисери, вели дека главна цел ќе му биде да ја освои првата Грен Слем титула. „Ќе направам се во наредната година да бидам на повисоко ниво. Сега одам на мала пауза и потоа ќе работам напорно“ – изјави Германецот кој ќе го пропушти финалето на Дејвис купот за да може да се рекуперира. Зверев во годинава одигра само едно финале на Грен Слем турнирите и тоа на терените во Париз кога загуби од Шпанецот, Карлос Алкараз.
Фудбалерите на Белгија ги загубија шансите да одат во завршната фаза во Лигата на Нации а нивниот селектор, Доменико Тедеско, објасни како се справува со критиките за неуспехот. „Работиме на изградба на нов тим. Нема да избегам од одговроноста иако одредени луѓе го очекуваат спрoтивното“ – вели Тедеско. „Гледам дека репрезентацијата има огромен потенцијал. Не чека многу работа“ – беа дел од зборовите на селекторот на Белгија по поразот од Италија.