Манчестер Јунајтед нема да го привлече одбранбениот играч на Јувентус Алекс Сандро, објави весникот „Мирор”, повикувајќи се на извор од клубот. „Црвените ѓаволи” засега нема да земаат друг играч на позицијата лев краен дефанзивец, но при соодветна можност на разумна цена имаат тенденција да остварат трансфер. Засега менаџерот Жозе Мурињо смета дека може да се справи со Ешли Јанг и Лук Шоу, кои може да ја покријат таа позицијата. Во моментов доста приоритетно за Мурињо е засилување на централниот дел од одбраната. Португалецот дури дал листа од осум имиња, од кои би можело да биде привлечен барем еден на „Олд…
Author: riste
Напаѓачот на Лестер и репрезентацијата на Англија, Џејми Варди, го обвини поранешниот селектор Рој Хоџсон за неуспехот на Евро 2016. Англија на тоа ЕП загуби сензационално од Исланд во 1/8 финалето на шампионатот. „Тој пораз од Исланд на ЕП беше само дното”, се сеќава Варди, ви интервју за британските медиуми. „Мислам дека не бевме подготвени за тој натпревар. Кога Исланд поведе, тоа беше вистински шок за нас и едноставно немавме поим што да правиме на теренот. Ние дури и не разгледувавме сценарио во кое Исланд ќе има водство, а тренерскиот персонал тогаш направи многу пропусти во подготовката на тој натпревар“…
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го игра првиот натпревар од бараж двомечот со Романија, а селекторот Раул Гонзалес ги одбра 16-те ракометари, кои што ќе и се спротистават на Романија на оваа прва средба за пласман на Мундијалот во Германија и Данска наредната година во јануари. Изминатава недела селекторот Раул работеше со 20 ракометари, а од нив за денешниот дуел отпаднаа голманите Златко Даскалоски и Мартин Томовски, левото крило Гоце Ојлески и средниот бек Горан Крстевски. Ова значи вечерва во составот на Македонија ќе бидат: Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра вечерва со почеток во 20.30 часот во СЦ „Борис…
Шпанксиот шампион Барселона и англискиот тим Ватфорд постигнале договор за крило Жерар Делофеу во вредност од 13 милиони евра плус бонуси, објави весник „Спорт“. Играчот ја започна минатата сезона со Каталонците, од чија школа и потекнува, но во зимскиот трансфер период се пресели во англискиот тим со позајмица. За Ватфорд одигра седум натпревари, а постигна и еден гол. Договорот се очекува да биде официјално објавен следната недела.
Бразил ќе игра со најдобриот состав во својата последна контрола пред Светското првенство во Руусија. Бразилската репрезентација ќе настапи со триото Нејмар, Кутињо и Жесус на контролниот натпревар против Австрија кој ќе се игра денес од 16 часот. Нејмар неодамна се врати во тимот по санирањето на повредата и се очекува да биде стартер за прв пат 25-ти февруари. 26-годишниот напаѓач се врати на теренот минатата недела и постигна гол за победа над Хрватска, но го направи тоа откако влезе во игра од клупата зе резерви.
Финалистот во Лигата на Шампионите за минатиот сезона Ливерпул продолжува да бара нов голман, но изборот може да биде далеку изненадувачки, според информациите објавени денес во весникот „Сан“. Репрезентативниот голман на Англија Ник Поуп може да биде решение на проблемите на Јирген Клоп на голманската позиција. Симон Мињоле започна како стартер минатата сезона, но постепено ја загуби битката со Луис Кариус кој пак ги разочара челниците и фанови на финалето против Реал Мадрид, кога прими два гола по две сериозни грешки кои хи чинеа и трофеј. Во текот на изминатите неколку недели, имаше голема полемика во врска со можноста да…
Францускиот напаѓач Оливие Жиру е неизвесен за настап на стартот на Светското првенство во Русија. Тој доби непријатна повреда на главата за време на контролата против САД (1:1), меч кој се играше синоќа. Жиру се повреди по судирот со Метју Миазга. Фудбалерот на Челзи мораше да биде принудно заменет, а имаше повреда на аркадата и мораше да биде преврзана неговата глава. Сè уште е нејасно колку е сериозна повредата на Жиру, но таа фрла сомнеж врз неговото учество на првиот натпреват кој треба да го играат на Светското првенство. На првата средба избраниците на Дидие Дешамп ќе се соочат со…
Раководството на Реал Мадрид сака да го ангажира новиот тренер пред почетокот на Светското првенство, пишува весникот „АС“. Девет дена поминаа по изненадувачката одлука на Зинедин Зидан за заминување од клупата на Реал Мадрид, а челниците на Кралскиот клуб внимателно го бараат неговиот наследник. Недостатокот на тренер го парализира спортско-техничкото раководство, кое мора да работи на трансфери и планирање на летните подготовки. Маурисио Почетино е една од најголемите желби на Флорентино Перез, но засега Тотенхем ја обезбеди вратата затворена за напуштање на Почетино на нивниот клуб. Гути е исто така меѓу фаворитите за оваа функција и е нестрплив да го…
Додека раководството на Интер размислива колкава да биде понудата за новиот договор на својот најдобар стрелец, Мауро Икарди во друштво на својата сопруга и агент Ванда Нара успеваат да ја „совладаат“ горештината на доста убав начин. Мауро и Ванда објавија жешки фотографии од нивниот летен одмор. Сонцето и топлата клима фудбалското друштво го надминуваат далеку од очите на јавноста, но сепак со фотографиите објавнеи на „Инстаграм“ им покажаа на своите фанови како го поминуваат летниот одмор.
Една од големите ѕвезди на италијанскиот шампион Јувентус Пауло Дибала може да се пресели во ПСЖ, објавија медиумите во Франција. Според последните вести, неговите претставници веќе контактирале со францускиот шампион. Дибала не е среќен во Италија и веќе го информираше своето семејство дека планира да ја напушти земјата и да игра во Париз. Не е јасно како на ова ќе реагираат од Јувентус, но сигурно тимот од Торино нема да го задржи во своите редови доколку играчот нема желба да остане. Минатата сезона Дибала постигна 26 гола и асистираше за уште седум во вкупно 46 натпревари од сите натпреварувања.
