Тим Кејхил ќе биде исклучително среќен ако постигне гол на четвртото по ред светско првенство. Австралискиот репрезентативец може да се израмни со Пеле, Уве Зелер и Мирослав Клосе, ако постигне погодок на Мундијалот 2018 во Русија. Австралијците се во група „Ц” на шампионатот со Франција, Данска и Перу. „Вложив исклучително многу напори да бидам на светскиот шампионат. Првиот чекор е да излезам на теренот, а потоа може и да реализирам гол. Луѓето сонуваат за голови на светските првенства, но сега можам да се наредам до најголемите имиња”, рече Кејхил. Тој го постигна својот прв гол на Светското првенство 2006 против…
Author: riste
Голгетерот број 1 од Светското првенство 2014 Хамес Родригез и Вилмар Бариос го пропуштиле денешниот тренинг на репрезентацијата на Колумбија. Отворената сесија на Јужно Американци во Казан била проследена од околу 500 обожаватели. 21 играчи се подготвуваа со полн интензитет, а само двајца играчи од средниот ред беа во сала. Хамес Родригез има благи мускулни болки, а Бариос се жали на оптеретувањ на мускулите. Физичките проблеми не се сериозни и тие ќе бидат на располагање за првиот натпревар на Колумбија на Светското првенство во Русија на 19 јуни против Јапонија во Саранск.
На свечен начин и официјално беше отворено 21-то Светското првенство (СП) во фудбал кое стартуваше со првата средба меѓу Русија и Саудиска Арабија. Атмосферата на стадионот „Лужники“ ја вжешти големата ѕвезда Роби Вилијамс, кој ги изведе своите најпознати хитови и ги разигра присутните на трибините. Исто така пееше и Аида Гарифулина, една од најпознатите руски оперски пејачки. Говор на отворањето имаше првиот човек на земјата домаќин Русија, Владимир Путин, кој истакна дека фудбалот обединува и дека ова е еден од најголемите настани за земјата. Пред присутните исто така се обрати и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.
Ракометарите на Македонија се враќаат од Романија со пораз, но се насмевка на лицата поради изборениот пласман на уште едно Светско првенство. Домашните ракометари дојдоа до утешна победа против Македонија, а нашите ракометари знаеја како да го прослават успехот во овој бараж двомеч со Романија. Предводени од Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, се славеше во соблекувалната на нашата репрезентација, а еден од оние кој даваше посебен штимул на трибините, а подоцна во соблекувалната беше токму првиот човек на РФМ кој ја предводеше веселата атмосфера во соблекувалната на Македонија.
Ракометната репрезентација на Македонија обезбеди настап на СП во ракомет кое ќе се одржи во Германија и Данска на почетокот на јануари 2019 година. Нашата ракометна селекција беше поразена на гостувањето во Клуж од репрезентацијата на Романија со 26:25, но поради убедливата победа во Скопје од 32:24, се пласираше на завршницата на СП. По почетното водство од 1:0 на Романија, нашите ракометари дојдоа до резултатска предност која на момент изнесуваше два до три гола разлика, но домашните ракометари успеаа да го израмнат резултатот и во 24 минута од првиот дел да дојдат до предност од 8:7. Потоа следуваше подобра игра…
Поранешниот капитен и помошник-тренер на Реал (Мадрид) Фернандо Jеро официјално беше назначен за селектор на репрезентацијата на Шпанија за СП 2018. 50-годишниот ексдефанзивец до овој момент беше спортски директор на Шпанската фудбалска федерација, но ќе го замениизненадувачки отпуштениот Жулиен Лопетеги. Актуелниот селектор Лопатеги беше отпуштен поради неговото назначување за тренер на Реал Мадрид. Јеро има само една сезона искуство како прв тренер. Во сезоната 2016/17 ја предводеше екипата на Овиедо во втората лига на Шпанија, но минатото лето заврши на средината на табелата. Како фудбалер има 89 натпревари и 29 гола за репрезентацијата на Шпанија. Како играч го носеше дресот…
Шпанскиот селектор Жулиен Лопетеги ќе седне на тренерското столче на Реал Мадрид веднаш по светското првенство, објавија од клубот само два дена пред првиот натпревар на Шпанија против Португалија на Мундијалот. Лопетеги потпиша тригодишен договор со европскиот шампион, кој неодамна останал без тренер по изненадувачкото заминување на Зинедин Зидан. По сите шпекулации за наследникот на Зидан, Перез се одлучи да му даде доверба на актуелниот селектор на „фуријата“.
Организацијата на Светското првенство, кое започнува во четврток ја чинела Русија над 15 милијарди долари. Од нив околу 11 милијарди отишле само за стадионите и инфраструктурата околу нив, соопштуваат медиумите во земјата. Во исто време, сепак, државата домаќин ќе има многу малку приходи, а поголемиот дел од приходите ќе одат кај ФИФА. Единствените приходи за Русија ќе бидат од туризам. Големите пари остануваат за ФИФА. Светската фудбалска централа ќе заврши со нето профит од 6 милијарди долари по крајот на четиригодишниот мундијалски циклус кој завршува со финалето во Москва на 15 јули. Предходниот шампионат во Бразил чинеше исто така 15…
Португалското крило од екипата на Спортинг Лисабон Желсон Мартинс е на првото место на листата за летна селекција на Тотенхем, соопштува весникот „А Бола”. Крилото е на пат за раскинување на својот договор со португалскиот тим, откако веќе испратил предупредувачко писмо до Фудбалската федерација на Португалија, се вели во информацијата која доаѓа од Португалија. Тотенхем сака да привлече квалитетен крилен играч во последните неколку трансфер периоди, но нивните напори да го привлечат Вилфред Заха пропаднаа. Во јануари во тимот пристигна Лукас Моура од ПСЖ. Мартинс кој е дел од селекцијата на Португалија ќе игра на Светското првенство во Русија, во…
Даниел Карвахал се приклучи на останатиот дел од репрезентацијата на Шпанија и е веќе во тренажен процес. Десниот бек на Шпанија успешно се врати по повредата на неговиот бутен мускул која ја заработи за време на финалето од Лигата на шампионите. Сепак, селекторот Лоптеги најверојатно нема да користи Карвахал во првиот натпревар против Португалија во петок, чувајќи го за следните натпревари на СП. Затоа селекторот на Шпанија нема да мора да го замени фудбалерот на Реал Мадрид со некој од Хесус Ваљехо и Родриго Ернандез, кои ги повика во Русија во случај Карвалал да не ја санираше повредата на време.
