Реал (Мадрид) упати прва понуда за голманот на Рома Алисон и таа е во вредност од 57 милиони евра, тврди британското издание „Дејли Меил”. Според последните информации максимумот, кој „кралевите” можат да го платат за бразилскиот национален голман е 60 милиони евра плус опција за уште 10 милиони во форма на различни бонуси. Весникот забележува дека договорот меѓу двата клуба тешко да се случи, бидејќи во моментов од Рома поставиле цена на својот голман од 85 милиони евра, а таа ќе биде уште по реална при одлично претставување на Бразил за време на Мундијалот. Од Мадрид ќе го почекаат крајот…
Author: riste
Вчерашниот ден помина со неколку изведени пенали на СП во Русија – пет досудени пенали за еден ден, сепак со тоа не успеа да биде надминат рекордот според овој показател што датира од 1998 година. На СП во Франција пред 20 години, фудбалскиот свет забележа шест досудени пенали во рок од неколку часа. Интересно, сите тие беа реализирани. Досудени пенали на 16 јуни 2018 година: За Австралија против Франција За Франција против Австралија За Аргентина против Исланд За Хрватска против Нигерија За Перу против Данска Досудени пенали на 24 јуни 1998 година: За Франција против Данска За Данска наспроти Франција…
Фудбалерот на Манчестер Сити и на Англија Фабијан Делф го напушти привремено кампот на тимот на Мундијалот во Русија. 28-годишниот фудбалер ќе се врати во својата земја за да присуствува на раѓањето на своето трето дете. Делф рече дека нема проблем со селекторот Герет Саутгејт, кој „јодлично ја разбира ситуацијата“. Фудбалерот најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар на Англија на СП 2018 против Тунис, кој е на програмата утре од 20.00 часот во Волгоград. Во исто време, напаѓачот Маркус Рашфорд се врати во тимот по мала повредата на коленото. 20-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед пропушти неколку тренинзи на островот поради…
Селекторот на Данска Оге Харајде нема да може да смета на играчот од средниот ред, Вилјам Квист, до крајот на Светското првенство во Русија. Играчот од средниот ред беше повреден на мечот против Перу кој го доби неговата селекција со 1:0 во натпревар од групата Ц и беше принудно заменет во првиот дел од средбата. „Квист нема да биде со нас повеќе”, рече Харејде, потврдувајќи ја лошата вест за повредата на овој фудбалер. Според првичните податоци, Квист има скршени ребра, но се прават понатамошни истражувања. Тој беше ставен на носила во 35-та минута од натпреварот, а Ласо Шоне влезе на…
Поранешниот дефанзивец на Шахтјор Донецк Дарио Сарна ќе ја продолжи својата кариера во Италија. 36-годишниот Хрватски интернационалец се согласи на договор со тимот на Каљари, пренесоа медиумите во Италија. Следната недела, Срна ќе помине низ лекарски прегледи и ќе потпише со Каљари. Срна во моментов не може да игра поради дисквалификација поради допинг. Казната на Дарио Срна истекува на 23-ти август по што ќе може да настапува за својата нова екипа.
Хрватската фудбалска репрезентација славеше во првиот натпревар на СП во Русија против селекцијата на Нигерија со 2:0. Со оваа победа Хрватска покажа дека има репрезентација за висок дострел на ова СП, а по нерешениот резултат на Аргентина и Исланд во првиот натпревар од групата Д сега може да конкурираат и за првата позиција во оваа група. Репрезентацијата на Хрватска успеа да дојде до водство на оваа средба прилично среќно. По корнерот кој што беше изведен , Манџукиќ ја зафати топката со глава, таа заврши на ногата на Крамариќ и се одби до Етебо кој си постигна автогол за водство на „коцкестите“…
Фудбалерот на Аргентина, Хавиер Маскерано беше разочаран од денешното реми против тимот на Исланд. Аргентина одигра 1:1 со дебитант на Светското првенство, пропуштија шанса да освојат важни бодови во битката за првото место во групата Д. „Сметам дека пропуштивме премногу шанси. Не мислам дека стоевме добро на теренот. Противникот многу ни отежна и дефинитивно не почнуваме добро на ова СП. Сепак остануваат уште два натпревари и сметам дека нерешениот резултат не е толку многу фатален. Треба да ја задржиме смиреност и да покажеме навистина што можеме. Се надевам дека ќе постигнеме повеќе голови во следните дуели”, коментираше Маскерано.
Предводникот на селекцијата на Исланд, Хејмир Халгримсон, не ја криеше радоста од освоениот бод на денешниот натпревар со Аргентина. Дебитантот на Светското првенство ги изненади „гаучосите“, бидејќи натпреварот заврши нерешено 1:1 во првото коло од групата Д. „Моите играчи се херои, но овој резултат не ме изненади. Нерешениот резултат е плод на целата работа на нашиот стручен штаб и екипа – такви играчи е тешко да се сопрат, нашата идеја беше да го ограничиме просторот на нивните напаѓачи и мислам дека треба да бидеме задоволни од она што се случи денес”, рече Халгримсон.
Фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшер ќе го напушти клубот во наредните денови, соопшти „Мирор”. 26-годишниот играч беше информиран од новиот менаџер на „топџиите” дека не спаѓа во неговите планови за новата сезона и може да остане во тимот, единствено ако ја прифати улогата на цврста резерва. До неодамна се сметаше дека Вилшер кој станува слободен агент, ќе потпише нов договор со клубот, но одлуката на Емери да не му даде доверба ќе го натера фудбалерот да го напушти „Емирати”. Според „Мирор” тимовите на Вилверхемтон, Евертон и Вест Хем имаат интерес кон Вилшер, како и италијанските Сампдорија, Милан и Јувентус.
Напаѓачот на Милан Никола Калиниќ, е многу близу до трансфер во Севиља. По пристигнувањето од тимот на Фиорентина, напаѓачот разочара со својот настап и многу нереализирани шанси пред противничкиот гол. Интерес за Калиниќ покажува тимот на Севиља, кој е подготвен да го привлече напаѓачот за позајмица. Договорот ќе содржи клаузула за откуп од 20 милиони евра. Толку пари беа платени на Фиорентина од Милан пред една година за потписот на хрватскиот репрезентативец. Во последната сезона Калиниќ постигна само 6 голови во 41 натпревар.
