Четири европски клубови се заинтересирани за офанзивниот играч на Реал Мадрид Хамес Родригез, кој има договор за позајмица со Баерн Минхен за уште една сезона. Баварците имаат опција да го купат колумбискиот репрезентативец за 42 милиони евра и по се изгледа дека ќе го сторат тоа со цел да може играчот да ја задржи добрата форма и да мисли само за настапите во овој клуб. Сепак, германскиот шампион сеуште постигнал таков договор, и токму тоа им дава шанса на неколку други клубови да влезат во трка по Хамес Родригез. Според одредени извори големи апетити кон Хамес имаат Јувентус, Наполи, Челзи…
Author: riste
Францускиот селектор Дидие Дешамп изјави дека Антоан Гризман ќе игра против Перу во вториот натпревар од групата „Ц“ на Светското првенство 2018 денес во Екатеринбург. Напаѓачот го напушти вчерашниот тренинг поради повреда на зглобот. „Гризман е добар, има отечен зглоб, но тој повторно тренира”, изјави Дешамп на прес-конференцијата пред натпреварот. Франција почна со победа над Австралија 2:1, но капитенот Хуго Лорис ги предупреди своите соиграчи дека мора да играат подобро против Перу. „Ако не ја подобриме нашата игра, тогаш ќе имаме проблеми”, рече Лорис, кој ќе го одигра својот 100 натпревар за Франција. „Тоа ме прави многу горд, но е…
Стигнаа и првите санкции за националните федерации поради навивачите на стадионите во Русија. ФИФА ги изрече првите парични казни со 10.000 долари за Мексико и Србија по првото коло од групната фаза. Мексиканците се казнети за хомофобични рефрени кои биле користени од нивните навивачи на натпреварот против Германија и тоа за голманот Мануел Нојер. Ова не е прв пат за Мексико, оваа селекција има заработено неколку пати вакви казни за време на квалификациите, а федерацијата ги повикуваше обожавателите да престанат со ваков начин на навивање, но очигледно барањето беа недоволни. Србите се казнуваат со парична казна за политичка парола истакната…
Откако вчера го пропушти тренингот на својата репрезентација, Нејмар ги смири навивачите на Бразил откако се појави на денешниот тренинг на Бразил. Суперѕвездата на Бразил нема да има проблем да игра на натпреварот во петок против Костарика. Нејмар беше критикуван за неговиот настап на мечот против Швајцарија (1:1),а критиките беа поради неговиот потценувачки однос кон противникот.
Селекторот на Португалија Фернандо Сантош не го криеше задоволството од победата со 1:0 над Мароко, која ја искачи Португалија барем привремено на првото место на табелата во групата „Б“ на Светското првенство. Победничкиот гол беше постигнат во четвртата минута од натпреварот и негов стрелец беше Кристијано Роналдо. „Кристијано е како португалското вино и со годините станува се подобар. Тој знае како да ја задржи својата форма – постојано се развива и помага на останатите играчи. Тој знае какви можности има и што може да прави. Она што го прави сега, е тоа што го правеше пред 3 или 4 години,…
На вториот натпреавар на Уругвај од групата „А“ на СП 2018 година една од ѕвездите на тимот Луис Суарез имаше еден убав љубилеј, бидејќи ова е беше негов 100-ти натпревар во дресот на репрезентацијата. Токму Суарез го одбележа овој натпревар со својот нов гол постигнат во дресот на својата репрезентација и се погрижи Уругвај да поведе со 1:0 во 23.минута од натпреварот. Напаѓачот на Барселона стана првиот уругвајски фудбалер кој постигнал голови на три различни светски шампионати. На Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, Суарез постигна три гола, на Светското првенство во Бразил беше реализатор на два гола,…
Даниел Карвахал, десниот дефанзивец на Шпанија, ќе биде во стартната постава за утрешниот натпревар со Иран, предвидуваат шпанските медиуми. Oдбрандбениот фудбалер веќе закрепнал од повредата што ја доживеа финалето во Лигата на шампионите. Селекторот на Шпанија Фернандо Јеро сепак е оној кој треба да ја донесе конечната одлука. Во првото коло од Светското првенство против Португалија, на оваа позиција започна Начо Фернандес.
Македонскиот фудбалски шампион Шкендија го доби својот противник за првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Тетовскиот тим имаше среќа во ждребката и на хартија го доби се чини најлесниот противник шампионот на Велс екипата на Њу Сејнтс. Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 10 или 11 јули, додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна во Велс. Шкендија ги започна подготовките пред една седмица со што веќе се подготвуваат за овие квалификации за Лигата на шампионите. Тренерот Ќатип Османи на располагање ги има двете засилувања Ремзифаик Селмани и Костантин Чешмеџиев, но од друга страна нема да може…
Италијанскиот гигант Јувентус испратил официјална понуда до ЦСКА Москва за купување на фудбалерот Александар Головин. Понудата е во вредност од 17 милиони евра и обезбедува дополнителни бонуси во зависност од настапот на рускиот репрезентативец. Сепак, ЦСКА најверојатно ќе одговори со „НЕ”. Тимот од Москва сака да добие најмалку 25 милиони евра за нивната ѕвезда. Следниот чекор на Јувентус ќе биде понуда од 18 милиони евра и да вети на ЦСКА процент од евентуален следен трансфер на Головин. Англиските Арсенал, Ливерпул, Челзи и Манчестер Јунајтед исто така внимателно ја следат ситуацијата околу 22-годишниот Русин. Предноста на Јувентус е дека клубот веќе…
Легендарната музичка ѕвезда Пол Макартни се заблагодари на националниот фудбалски тим на Англија кој го совлада Тунис со 2:1 во натпревар од групната фаза од Светското првенство. Дуелот во Волгоград се играше вчера на 18 јуни и се совпадна со 76-от роденден на музичката легенда. „Благодарам, Англија, за роденденскиот подарок, многу ми се допадна”, напиша Макартни на Инстаграм.
