Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез може да го продаде Марко Арсенсио, а потоа со тие пари да го финансира евентуалниот трансфер на Нејмар во Реал Мадрид . Според шпанските медиуми претседателот на Реал Мадрид не се откажал од можноста да го привлече Бразилецот на „Сантијаго Бернабеу” уште ова лето, иако од Пари Сен Жермен се категорични дека Нејмар ќе остане во клубот. Во последните денови медиумите во Мадрид тврдат дека Ливерпул има сериозен интерес кон Асенсио, а според истите извори Ливерпул е подготвен да платат нетипични за нив 200 милиони евра за Шпанецот. Оваа сума ќе биде доста помала…
Author: riste
Португалскиот десен бек Жоао Кансело веќе ги поминува медицинските прегледи во Јувентус пред трансферот во „Старата Дама”. Неофицијално италијанскиот шампион ќе плати 40 милиони евра на Валенсија за 24-годишниот фудбалер. Овој фудбалер минатата сезона беше со позајмица во Интер, каде што беше ангажиран од Валенсија. Се очекува Кансело да потпише договор за 5 сезони со Јувентус, а годишната плата, според медиумите во Италија ќе биде 3 милиони евра. Доцна синоќа Кансело пристигна во Торино и беше пречекан од многубројкните фанови на “бјанконерите”, а утрово повторно се радуваше на вниманието кое го доби од страна на навивачите.
Што може да направи навивач на Англија покажува примерот на Џејми Ричардсон кој покажал колку го сака својот омилен тим или поточно колку ја сака репрезентацијата на Англија. На пример, тој е толку сигурен дека Англија ќе ја освои светската титула, па затоа си направил тетоважа со трофејот и со натписот дека Англија е Светски прваи и тоа 21 ден пред финалето. Тој отишол во студиото за тетоважа во понеделникот по победата на Англија над Панама со 6:1 и побарал тетоважа со трофејот и натпис: „Англија 2018, Победник на Светското првенство”. „Јас ќе бидам првиот човек со таква тетоважа”, изјавил…
Селекторот на светскиот шампион Германија Јоаким Лев потврди дека неговиот фудбалер Себастијан Руди нема да може да игра во решавачкиот натпревар против Јужна Кореја кој се игра денес од 16:00 часот во Казан. Натпреварот е од третото последно коло во групата „Ф“ на светското првенство во фудбал во Русија, а пред него Бундестимот има освоено 3 поени, колку и Шведска. Лидер во групата е Мексико со 6 поени, а Корејците се на дното без освоени бодови. „Руди не може да игра, дури и со маска. Тоа нема никаква смисла, тој едвај дише во последните два или три дена. Секој друг…
Капитенот на Србија, Александар Коларов вели дека светското првенство значи многу за него и неговите соиграчи, и дека натпреварот со Бразил е шанса која се добива само еднаш во животот. Средбата од групата „Е” е денес од 20:00 часот. Србите имаат три бода, еден помалку од Бразил и Швајцарија. „Одам кон крајот на мојата кариера и овој натпревар ќе биде најважниот во неа. Секој фудбалер знае што значи тој. Тоа е највисоко ниво и шанса да те види целиот свет. Слични работи се случуваат еднаш во животот”, коментираше 32 годишниот Коларов. „Секој сака да игра против најдобрите во светот, бидејќи…
Селекторот на Хрватска Златко Далиќ демонстрираше висока самодоверба, откако неговиот тим забележа третата последователна победа и заврши како победник во група „Д“ на Мундијалот. Иако со 9 резерви, хрватите го совладаа Исланд со 2:1, што во голема мера го израдува селекторот. „Еве, видовте со каков тим располагаме. Со 9 не носители и покрај се победивме многу добар тим каков што е Исланд. 3 победи и 7:1 гол разлика, што повеќе можеме да бараме во оваа фаза? Да, сепак ова не беше најдоброто на што сме способни, но во тешка група како нашата, ние сме први пред Аргентина. Дали мислите дека…
Манчестер Јунајтед ја следи ситуацијата околу искусниот дефанзивец на Милан, Леонардо Бонучи, пренесуваат медиумите на Островот. Менаџерот на „црвените ѓаволи”, Жозе Мурињо сака да го привлече во својот состав овој централен дефанзивец и сега веќе најави дека ќе даде понуда до Милан за поранешниот играч на Јувентус кој минатата година изненадувачки се пресели на „Сан Сиро“. Клубот од Милано сепак може да биде принуден да продаде многу од играчите, за да успее да влезе во нормата за финансиски ферплеј на УЕФА, откако тимот фрли доста пари за играчи пред почетокот на минатата сезона. Бонучи е меѓу најскапите играчи на тимот…
Египетската ѕвезда Мохамед Салах не планира да ја заврши кариерата во репрезентацијата. Ова го изјави на прес-конференција селекторот на тимот Ектор Купер по поразот со 1:2 од Саудиска Арабија во последниот натпревар на тимот од групата „А”. Египетските играчи не успеаја да освојат поени во трите натпревари и го завршија натпреварувањето во групната фаза. Медиумите објавија дека Салах може да го напушти националниот тим по Светското првенство. „Го познавам Салах. Не мислам дека ќе си замине од тимот. Можеби ова се само гласини. Не мислам дека тој рекол такво нешто”, изјави Купер. „Салах играше прекрасно на денешниот натпревар. Понекогаш не…
Фудбалерите на Швајцарија Гранит Џака, Џердан Шаќири и Стефан Лихтштајнер нема да бидат отстранети од натпреварите на Светското првенство во фудбал, но ќе бидат казнети, објавија од ФИФА. Против Џака и Шаќири, дисциплинската комисија на ФИФА отвори дело поради начинот на славење на погодоци на натпреварот со Србија (2:1). Тогаш двајцата се радуваа на головите, имитирајќи двоглав орел според грбот на Албанија. Тие се казнети со по 10.000 швајцарски франци. Лихтштајнер пак е санкциониран, бидејќи во интервју по дуелот ги поддржал своите соиграчи. Тој е казнет со парична казна од 5.000 швајцарски франци.
Со своето учество на денешниот натпревар помеѓу Египет и Саудиска Арабија, голманот на „фараоните“, Есам Ел Хадари, стана најстариот играч кој учествувал на завршницата од Светските првенства. Искусниот голман дојде до овој рекорд благодарение на тоа што ја доби довербата од неговиот селектор Ектор Купер. Ел Хадари стана број еден според овој показател со неговите 45 години и 150 дена, заменувајќи го ветеранот Фарид Мондрагон. Колумбиската легенда имаше настап за својот национален тим на Светското првенство 2014 во Бразил. Тогаш , Мондрагон имал 43 години и 3 дена. А токму овој натпревар против Саудиска Арабија, Ел Хадари ќе го памети…
