Author: riste

Англија конечно успеа да го разбие малерот и за првпат во историјата на мундијалите победи по изведувањето на пеналите. Синоќа, Англија ја совлада Колумбија и обезбеди четвртфинале на Светското првенство во Русија, а повторно еден од најзаслужните беше најдобриот стрелец на репрезентацијата на ова СП – Хари Кејн. Капитенот го постигна единствениот гол за Англија во регуларниот дел, а потоа беше присебен и во изведувањето на пеналот. По натпреварот Кејн истакна дека време беше оваа селекција да покаже колку вреди. „Можевме да победиме и во региларниот дел односно по 90 минути игра, но немавме среќа. По примениот гол паднавме, но…

Read More

Откако беше одигран последниот 1/8 финален натпревар на СП во Русија познати се и комплетните 1/4 финални двојки, односно кој против кого ќе игра во оваа фаза од СП во Русија. Англија успеа на пенали да ја совлада селекцијата на Колумбија и последна да обезбеди пласман меѓу најдоврите 8 селекции на ова СП. Денес и утре се денови на одмор на СП и за подготовка на репрезентациите за она што ги очекува во петок и сабота, а тоа се 1/4 финалните пресметки. Секако дека најголемо внимание предизвикува дуелот меѓу Бразил и Белгија, ништо понеинтересен нема да биде дуелот меѓу Франвција…

Read More

Селекцијата на Белгија ја совлада репрезентацијата на Јапонија и тоа со одличен пресврт и дојде до пласман во 1/4 финалето. Белгија и Јапонија одиграа еден навистина убав натпревар и пред се возбудлив, а вистинските возбудувања дојдоа во вториот дел откако најнапред одиграа прво полувреме без голови. На стартот на вториот дел Јапонија ја шокираше Белгија со два брзи гола во 48-та и 52-та минута со головите на Харагучи и Инуи, но Белгија се врати со головите на Фертонген и Флаини во 69-та и 74-та минута. Во моментите кога се очекуваше крајот од натпреварот и да с еиграат продолженија, Белгија направи…

Read More

Селекцијата на Бразил е патник во ¼ финалето на СП во Русија откако во денешниот натпревар ја совлада репрезентацијата на Мексико со 2:0. Во прворто полувреме Бразил имаше повеќе од играта и неколку шанси , но не успеа да го отвори резултатот и да дојде до предност на оваа средба. Сепак на стартот на вториот дел со голот на Нејмар по асистенција на Вилиан, Бразил поведе со 1:0 во 51.минута од натпреварот. Во самиот финиш на натпреварот Фирмињо влезе во игра на местото на Кутињо, а по две минути поминати на терен во 88.минута постигна гол за конечните 2:0 на…

Read More

Мечот започна фуриозно, уште во првата минута од средбата Јоргенсен ја донесе данска во водство, а по неколку минути или поточно во 4.минута Манџукиќ израмни на 1:1. Во текот на целиот натпревар и двете селекции не успеаа да најдат пат до мрежата на противникот, а откако натпреварот заврши нерешено се играше продолжение во кое Лука Модриќ имаше шанса преку пенал да ја однесе Хрватска во ¼ финалето. Неговиот удар го одбрани Каспер Шмајхел, а со тоа го однесе натпреварот во пенал рулет. Хрватска успеа да ја совлада Данска на пенали, за Хрватите погодија Крамариќ, Модриќ и Ракитиќ, а промашија Бадељ…

Read More

Домашната селекција на Русија ја елиминираше Шпанија во 1/8 финалето на СП во Русија. Во регуларниот дел од натпреварот немаше победник, па откако немаше промена ниту во продолженијата, пеналите решаваа и одлучија Русија да се пласира во ¼ финалето на ова СП. Шпанија дојде до предност со автоголот на Игначевиќ во 12.минута, а Русија израмни со голот на Џуба во 41. минута од пенал. Во пенал серијата за Шпанија не беа ефикасни Коке и Аспас, додека за Русија прецизни беа Смолов, Игнашевиќ, Головин и Черишев, но секако херој беше голманот Игор Акинфеев кој успеа да одбрани два пенали на шпанските…

Read More

Женската ракометна репрезентација на Македонија не успеа да го освои бронзениот медал на Медитеранските игри во Тарагона. Во малото финале Македонија загуби од Словенија со 30-29. Словенките го диктираа темпото уште во првиот дел и имаа предност на паузата од 18-16. Без капитенот Елена Ѓорѓиевска, Македонија не успеа да се врати во игра за победа, па на крајот словенките му се израдуваа на бронзениот медал. За златниот медал вечерва ќе се борат Црна Гора и Шпанија.

Read More

Репрезентацијата на Франција успеа да ја совлада Аргентина на отварањето на елиминациската фаза од Мундијалот во Русија. Во ефикасен натпревар кој заврши со победа на Франција од 4:3, „триколорите“ се пласираа во ¼ финалето на ова СП. Франција поведе со голот на Гризман од пенал кој беше направен над Мбапе, а Аргентина израмни во финишот на првиот дел со прекрасен гол на Ди Мариа. На стартот на вториот дел со голот на Меркадо , Аргентина дојде до предност, но таа траеше само неколку минути кога Павард со прекрасен волеј донесе ново израмнување, овој пат на 2:2. Само неколку минути муу…

Read More

Двајца играчи на Англија не беа дел од денешниот тренинг на репрезентацијат која с еподготвува за настап во 1/8 финалето. Од групата недостигаа полудефанзивецот Рубен Лофтус-Чијк кој тренирал индивидуално поради повреда, како и фудбалерот од средниот ред Фабијан Делф, кој доби дозвола да се врати дома поради раѓањето на третото дете. Лофтус-Чијк работи во сала, но повредата не му е тешка и тој ќе биде во комбинација за решавачкиот меч против Колумбија. Средбата е во вторникот во Москва. Еден од главните играчи на Англичаните – Деле Али, кој ги пропушти последните два натпревари на тимот поради повреда во колкот, ги…

Read More

Поранешниот француски репрезентативец и екс-фудбалер на ПСЖ Хатем Бен Арфа ќе избира меѓу Севиља и Борусија (Дортмунд) каде ќе биде неговата следна станица во кариерата. Според „Ел Мундо Депортиво” двата тима пројавуваат интерес кон него и го сакаат по секоја цена во своите редови. Во моментов тој е слободен агент откако неговиот договор со ПСЖ истече и на крајот не беше обновен, а престојот на овој фудбалер во француската престолнина беше неубедлив и тој играше периферна улога во тимот. Можно е Бен Арфа да одлучи да остане во неговата родна Франција, каде што исто така има интерес, а тоа се…

Read More