На иранските жени ќе им биде дозволено да ги следат натпреварите на националниот тим за време на Светското првенство 2018 година. Навивачите ќе ги гледаат натпреварите на големи екрани. Домаќин ќе биде најголемата фудбалска арена во земјата – стадионот „Азади“ во главниот град Техеран. За навивачите ќе се организира семејно шоу, каде што ќе бидат примени жени и деца. И покрај фактот што сé уште нема донесено конечна одлука жените да следат машки фудбалски натпревари, овој настан би можел да стане сериозен преседан во историјата на женските права и слободи во Иран. Се уште постои забрана за припадничките на понежниот…
Author: riste
Одбрандбениот играч Роналд Матарита отпадна од составот на Костарика за Светското првенство 2018 поради повреда во ахиловата тетива. Неговото место ќе го завземе Кенер Гутиерес. Тој ќе се приклучи на тимот од Централна Америка во текот на утрешниот ден. 23-годишниот лев дефанзивец Матариата заработил повреда пред неколку дена и ќе биде подложен на третман и рехабилитација што ќе трае повеќе од две недели. Селекторот Оскар Рамирез испратил повик до 29-годишниот Гутиерез, кој веднаш се упатил кон Самара. Во недела, Костарика го одигра својот прв натпревар од групата Е на Светското првенство 2018 против Србија.
Челзи ја отфрлил понудата на Арсенал од 17 милиони фунти за нивниот играч Давид Луис, пренесуваат медиумите во Лондон. Во исто време, лондончани немаат намера да се откажат од својата идеја за задржување на Бразилецот во своите редови на подолг период и планираат да му дадат предлог за нов договор со подобри услови. Луис не беше еден од омилените играчи на Антонио Конте, а минатата сезона играше само на 17 натпревари во сите натпреварувања, а постигна 2 гола. Самиот играч неодамна откри за својата желба да го напушти „Стемфорд Бриџ“ и да оди во тим каде ќе може да игра…
Поранешниот тренер на Лил и Атлетик од Билбао Марсело Биелса стана нов тренер на Лидс Јунајтед, тим кој игра во англискиот чемпионшип, објави прес-службата на англискиот тим на Твитер. 62-годишниот аргентински тренер склучил двегодишен договор со клубот со можност за продолжување уште една година. Биелса доаѓа во клубот од „Иланд Роуд“ и ќе му биде тренер на нашиот репрезентативец Алиоски кој ја имаше првата сезона во оваа екипа. Аргентинецот имаше неколку добри резултати водејќи ги клубовите на чие чело беше , но имаше и некои епизодни улоги. Под негово водство Атлетик Билбао во сезоната 2011/12, стигна до финалето на Лигата на Европа…
Европскиот шампион Реал Мадрид се согласи да го привлече бразилскиот голман Алисон од Рома за 75 милиони евра, објавија шпанските медиуми. Договорот на 25-годишниот Бразилец со европскиот шампион ќе трае шест сезони до летото 2024 година. Голманот Алисон во моментов е со својата репрезентација Бразил на СП во Русија , а може да се случи да го има и своето деби на Светските првенства веќе на мечот против Швајцарија кој во недела од 20:00 часот го играат фудбалерите на Бразил.
Остануваат уште три дена до првиот натпревар на Англија на СП против селекцијата на Тунис, но медиумите на Островото веќе прогнозираат кои играчи ќе бидат во стартниот состав на Герет Саутгејт за оваа средба. Очекуваат дека Англија ќе игра во формација 3-5-2. Според Телеграф, селекторот имал три дилеми кои веќе ги решил. Тој повторно ќе игра формација со три централни дефанзивци Хари Магуајер пред неизвесниот Гери Кејхил за првиот натпревар. Неговите партнери во одбраната ќе бидат Џон Стоунс (во средината) и Кајл Вокер (десно). На голот ќе добие шанса Џордан Пикфорд. Втората дилема за Саутгејт беше дали да смета на…
Атлетико Мадрид ќе мора да затвори дел од својот стадион поради казната која ја заработи од страна на УЕФА изречена поради односот на нивните навивачи, односно пораката која била истакната за време на финалето во Лига Европа во Лион одиграно минатиот месец. УЕФА му нареди на Атлетико Мадрид да затворат сектори за најмалку три илјади навивачи на следниот домашен натпревар од Лигата на шампионите на стадионот „Ванда Митрополитано”. Европската фудбалска централа утврди вина кај Атлетико Мадрид за „расистички пораки” од страна на навивачите на тимот при победата со 3:0 против Олимпик Марсеј во Лион (Франција) во финалето на Лига Европа.
Светското првенство само што почна ,а може веднаш да заврши за рускиот офанзвен фудбалер, Алан Џагоев. Ѕвездата на ЦСКА Москва сам се повреди на мечот против Саудиска Арабија, повредата на задната ложа не е воопшто наивна и се предвидува подолга пауза. 27-годишниот Џагоев веројатно ќе биде заменет со нов руски фудбалер, но претходно лекарскиот тим на репрезентацијата на Русија има простор од неколку дена да утврди како ќе се развива повредата. Селекторот Черчесов верува дека ако постојат и најмали шанси за настап на Џагоев, тој ќе игра до крајот на Светското првенство. Русија забележа убедлива победа над Саудиска Арабија и потврди дека има…
Актуелниот шампион на Европа Реал Мадрид со официјална прес-конференција го претстави наследникот на Зинедин Зидан. Жулен Лопетеги, кој доби отказ од шпанската репрезентација на два дена од Мундијалот поради договорот со Реал Мадрид ќе биде новиот предводник на „кралевите“.Претседателот на тимот, Флорентино Перез, беше во друштво на новиот тренер на денешното претставување на кое тој го изрази задоволството што доаѓа во редовите на најдобриот клуб на светот. „Денес е најсреќниот ден од мојот живот. Вчера бев тажен како денот кога почина мојата мајка. Му благодарам на претседателот и клубот за довербата која ми ја дадоа и шанса која ќе ја имам…
Репрезентацијата на Русија која е домаќин на Светското првенство со убедлив триумф го започна својот настап на најголемиот фудбалски настан откако на стадионот „Лужники“ во Москва со убедливи 5:0 (2:0) ја совлада селекцијата на Саудиска Арабија. Дека квалитетот е на страна на домашната репрезентација се виде уште во првиот дел кога Русија поведе со 2:0 со головите на Газински и Черишев. Третиот гол за Русија беше дело на Артем Џуба, кој влезе во игра во 70. минута, а се запиша во листата на стрелците по само една минута поминато на терен. Во самата завршница, односно во судиското надополнување Головин преку слободен…
