Нашиот национален тим се враќа од Европското првенство во пливање на Специјална Олимпијада Малта со бројни медали. Матеј Аларов – златен медал на 50 м пливање во слободен стил, бронзен медал – штафета 4 × 50 м пливање во слободен стил. Јулијана Петровска – сребрен медал на 50 м пливање во слободен стил, бронзен медал – 50 м грбно пливање, бронзен медал – 50 м пливање во слободен стил. Стефан Трпковски – бронзен медал на 50 м грбно пливање и бронзен медал – штафета 4 × 50 м пливање во слободен стил. Јана Кацарска – бронзен медал – штафета 4…
Author: riste
Македонскиот олимписки комитет, заедно со „Embassy of the People’s Republic of China in North Macedonia“, Шангајскиот универзитет за спорт, Кинескиот колеџ за пинг-понг и неговиот европски огранок, како и нашата Пинг-понг федерација, беше дел од посебен настан со две големи имиња од светот на пинг-понгот – легендарната олимписка шампионка Џанг Јининг и светскиот првак Јан Сен, потпретседател на Кинескиот колеџ за пинг-понг. Раководителот на секторот за спорт во МОК, Петар Спасеновски, упати благодарност до Кинеската амбасада и ја истакна посветеноста на МОК кон развојот на младинскиот спорт, подобрување на условите за тренинг и создавање можности младите спортисти да го достигнат…
Скопје на 19 и 20 септември повторно ќе биде домаќин на Европскиот куп во џудо за сениори.За турнирот „Скопје 2026“ досега се пријавени повеќе од 440 џудисти од над 40 држави и четири континенти.Тоа е значително повеќе од минатогодишното издание, на кое настапија околу 300 натпреварувачи.Организаторите велат дека бројката е поголема и од онаа на сите останати европски купови што се одржуваат во други европски градови.Најавено е учество на голем број од најдобрите европски и светски џудисти.Резултатите од турнирот ќе се бодуваат и во борбата за пласман на Олимписките игри, што дополнително го зголемува значењето на натпреварувањето.Меѓу најбројните селекции се…
По петгодишна пауза, Вардар повторно ќе настапи во Лигата на шампионите. Новата европска сезона за црвено-црните почнува во четврток со гостување кај германскиот Мелсунген. Натпреварот ќе се одигра во салата во Касел, со почеток во 20,45 часот. Ова ќе биде првото коло од групата Б во новата сезона на најквалитетното европско клупско натпреварување. Вардар и Мелсунген добро се познаваат од минатата сезона, кога одиграа два меѓусебни натпревари во Европската лига. Сега следува нова пресметка, во различни околности и на повисоко натпреварувачко ниво. Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, очекува сосема поинаков натпревар и нагласува дека германскиот тим ќе треба да ја…
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го одработи официјалниот тренинг во „Арена 8888“ во Софија, каде утре ја очекува големиот старт на Европското првенство. Избраниците на македонскиот селектор го имаа и вториот тренинг во бугарската престолнина, во пресрет на првиот натпревар. Противник на Македонија во премиерниот меч ќе биде домаќинот Бугарија. Натпреварот е закажан за утре од 18 часот, а македонските одбојкари со максимална мотивација го очекуваат стартот на континенталниот шампионат.
Ливерпул објави промена во спонзорството на дресовите по 17 години соработка со Стандард Чартерд. Според прес-службата на англискиот клуб, „Туркиш ерлајнс“ ќе стане нов спонзор на дресовите на тимот, почнувајќи од 1 јули 2027 година. Логото на авиокомпанијата ќе се појави на дресовите на машките, женските и младинските тимови на Ливерпул. „Стандард Чартерд“, кој соработува со клубот од 2010 година, исто така ќе го продолжи своето партнерство со тимот од „Енфилд“. Според информациите на „Атлетик“ и „Тајмс“, договорот е потпишан на пет години и вреди повеќе од 300 милиони фунти, односно над 60 милиони фунти по сезона. Со тоа Ливерпул…
Дани Карвахал е понуден на два премиерлигаши – Ливерпул и Манчестер Јунајтед, откако искусниот шпански десен бек остана без клуб по истекот на договорот со Реал Мадрид. Карвахал е меѓу најзвучните слободни агенти на пазарот и сè уште може да потпише со клуб и по затворањето на преодниот рок. Според информациите кои се објавени денес, неговото име било понудено на двата англиски гиганти како можност за краткорочно засилување. 34-годишниот фудбалер има огромно искуство, шест освоени титули во Лигата на шампионите и повеќе од 300 настапи во Ла Лига. Карвахал би можел да биде особено интересна опција за клуб кој има…
Вимблдон нема да воведува посебни акредитации за инфлуенсери, за разлика од УС Опен, каде што годинава беа акредитирани 100 креатори на содржина. Организаторите на лондонскиот гренд слем најавија и построги мерки на влезот. На посетителите ќе им биде одземана дополнителна опрема, како „ринг ламби“ и други светла, кои може да им пречат на тенисерите за време на натпреварите. Одлуката доаѓа по критиките за атмосферата на овогодишниот УС Опен, каде што блицевите и непристојно однесување од трибините неколкупати ги прекинуваа тениските мечеви. Вимблдон, со тоа, останува цврсто посветен на традиционалниот тениски бон-тон, со јасна порака дека играчите и спортот се пред…
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, верува дека неговиот тим е подготвен за нов напад на трофејот во Лигата на шампионите. Баварците минатата сезона беа елиминирани во полуфиналето од ПСЖ, кој потоа ја освои титулата. „Навистина сме блиску. Минатата сезона деталите решија сè. Сега влегуваме со став дека ова мора да биде наша сезона. Мора да најдеме начин да успееме“, изјави Кејн. Баерн новата сезона во Лигата на шампионите ја започнува со големи амбиции, а Кејн неодамна истакна дека европската титула е една од главните цели на тимот.
Младиот македонскиот фудбалер Матеј Гаштаров одигра одличен натпревар за Црвена звезда во вечното белградско дерби против Партизан, во кое неговиот тим славеше со 2:1. Гаштаров беше стартер во средниот ред и изнуди пенал од кој Црвена звезда го постигна победничкиот гол. Според оценките, неговиот настап беше оценет со 7, втора највисока во тимот. Српските медиуми посебно ја истакнува неговата тактичка зрелост и работа без топка, оценувајќи дека Гаштаров знае кога да направи прекршок и кога да биде мотиватор на пресингот. За Гаштаров ова беше прво вечно дерби, а по натпреварот не го криеше задоволството од големата победа.
