Ханси Флик продолжува да испишува рекорди на клупата на Барселона. По убедливата победа од 7:2 против Расинг, Германецот стигна до 95 победи на 124 официјални натпревари, што значи дека славел на 77 отсто од средбите. Со тоа Флик го надмина досегашниот најдобар процент меѓу тренерите на Барселона во 21 век. Луис Енрике, кој ја водеше Барселона од 2014 до 2017 година, имаше 76 отсто победи. Дополнително, Барселона во досегашните 124 натпревари под водство на Флик забележала дури 42 убедливи победи, што дополнително ја илустрира ефикасноста на тимот во неговиот мандат.
Author: riste
За прв пат по 111 години, Барселона ја започна сезоната со седум последователни победи во сите официјални натпреварувања, постигнувајќи 33 или повеќе гола. Последен пат Каталонците постигнаа таков резултат во сезоната 1915/1916. Потоа, под водство на Џек Гринвел, тимот ги доби и првите седум натпревари од сезоната, постигнувајќи 44 гола, објави MisterChip на својата лична страница на социјалната мрежа X. Во последниот натпревар, Барселона го победи Расинг со 7:2 во 6-то коло од шпанското првенство. По шест натпревари во шпанското првенство, Барселона има 18 бода и е прва на табелата.
Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси го освои својот 49-ти трофеј, поставувајќи нов светски рекорд за најмногу освоени тимски трофеи. Во натпреварот од Купот Кампеонес, Интер Мајами од МЛС лигата го победи мексиканскиот Круз Азул со 2:0 и ја освои титулата за прв пат во својата историја. На второто место по овој индикатор е поранешниот соиграч на Меси од Барселона , Бразилецот Дани Алвес (45), кој се пензионираше Меси игра за Интер Мајами од 2023 година. Неговиот договор со клубот е до 2028 година. Во текот на својата кариера со американскиот клуб, Меси одигра 115 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 100 гола и имајќи 58 асистенции.
Вардар беше на чекор до првата победа сезонава во Лигата на шампионите, но во драматичен финиш загуби од Нант. Натпреварот влезе во последната минута со неизвесен резултат, но токму тогаш црвено-црните не успеаја да го издржат притисокот. Јака Малус имаше несреќен финиш – загуби една топка, а потоа не реализираше два напади, што францускиот тим знаеше да го казни и да стигне до победата. „Беше навистина луд меч. Нант имаше предност од четири гола, но направи неколку грешки и успеавме да дојдеме на само еден гол негатива. Во второто полувреме игравме гол за гол. Во самиот финиш можеби Нант имаше…
Фудбалската репрезентација на Македонија е пред голем предизвик, бидејќи во само единаесет дена ќе одигра четири меча во Лигата на нациите. За првпат нашата селекција ќе игра во Б-конкуренцијата, а тоа иако е голем мотив и плус, претставува и своевиден проблем. За таа цел селекторот Гоце Седлоски објави проширен список на фудбалери за четирите меча кои следуваат. На него имаше место за дури 28 фудбалери, од кои четворица се дебитанти и тоа: Анес Меличи, Ѓорѓе Џеков, Матеј Гаштаров и Христијан Малески. Список на повикани фудбалери на Македонија: Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар); Одбрана:…
Ракометарите на Вардар вечерва го пречекуваат францускиот Нант во второто коло од Лигата на шампионите, во натпревар во кој македонскиот шампион ќе се обиде да стигне до првата победа во новата сезона. „Црвено-црните“ во дуелот влегуваат со сериозни проблеми околу составот. Поради повреди или други причини нема да настапат Стојановски, Бомаштар, Лазаревски и Митровиќ, додека неизвесен е и настапот на Педро Да Силва. За Вардар победата е особено важна во борбата за пласман во ТОП 12 фазата од најелитното европско клупско натпреварување. Нант, пак, пристигнува во Скопје во одлично расположение, по убедливата победа со 38:28 над Екс-ан-Прованс. Во составот на…
Суперкупот на Италија оваа година би можел да се пресели во САД, иако „Сан Сиро“ останува резервна опција. Според „Ла Република“, дуелот меѓу Интер и Лацио ќе се игра меѓу 21 и 23 декември, но домаќинот сè уште не е познат. Италијанската лига во следните денови очекува официјална понуда од САД, по што Управниот одбор ќе ја разгледа. Доколку биде прифатена, натпреварот најверојатно би се играл на Источниот брег, но градот сè уште не е определен. Мароко исто така покажал интерес за домаќинство, но преговорите во моментов се во застој. Оваа сезона Суперкупот повторно се враќа во формат со еден…
Македонската атлетичарка Дарија Крстевска постави нов национален рекорд за младинки под 20 години во дисциплината 3000 метри стиплчез, на Купот на Македонија за младинци и младинки, кој изминатиот викенд се одржа во Велес. Крстевска, која настапува за АК Олимп, ја заврши трката со резултат 12:09.33, со што за повеќе од десет секунди го подобри досегашниот младински национален рекорд од 12:19.8, поставен од Александра Митроска на 19 јуни 2010 година во Марса. Новиот национален рекорд претставува уште еден значаен успех за младата македонска атлетичарка и потврда за нејзиниот континуиран напредок и успешните настапи во текот на оваа сезона.
Напаѓачот на Арсенал, Макс Дауман (16 години ), влезе во историјата на англискиот фудбал постигнувајќи два гола во победата од 4:2 над Ипсвич Таун во Лига купот. Младиот играч од средниот ред на „Топџиите“ стана само вториот играч на негови години што постигнал два гола во еден натпревар за клуб од Премиер лигата во сите натпреварувања, објави „Опта“. Првиот што го стори тоа беше напаѓачот Вејн Руни. Во октомври 2002 година, идната англиска фудбалска ѕвезда постигна два гола за Евертон во натпревар од Лига купот против Врексам. Макс Дауман има одиграно 14 натпревари за сениорскиот тим на Арсенал во сите натпреварувања, постигнувајќи три…
Одбојкарската репрезентација на Македонија ќе го заврши настапот на четвртото Европско првенство по групната фаза, откако загуби од Португалија со 3:0 и математички остана без шанси за осминафинале. Португалците беа подобри во сите три сета, кои ги добија со 25:13, 25:20 и 25:20. Македонија пружи најголем отпор во вториот и третиот сет, во кои во неколку наврати имаше и минимална предност. Сепак, избраниците на Јошко Миленкоски не успеаја да го задржат ритамот до самиот крај. За пласман во следната фаза на Македонија ѝ беше потребен барем пораз од 3-2, но сега последниот натпревар против Израел ќе биде без резултатски императив.…
