Author: riste

Македонија ќе има три екипи кои играат во второто коло на Европскиот Куп на ЕХФ, тоа се актуелниот освојувач ГРК Охрид, претходниот освојувач Алкалоид и Бутел Скопје, а тие денеска ги добија противниците по пат на ждребка. Второто коло во ЕХФ Купот, ГРК Охрид ќе го игра против Спор Тото од Турција. Алкалоид ќе игра двомеч против екипата на Ферлах од Австрија, додека Бутел Скопје предводен од Столе Стоилов ќе се сретне со ХРК Горица од Хрватска. Првите натпревари од оваа фаза ќе се играат на 17/18 октомври, додека вторите натпревари се играат на 24/25 октомври.

Read More

Раководството на Галатасарај официјално ја отфрли можноста Окан Бурук да го напушти клубот. Турскиот гигант порача дека тренерот ја има целосната доверба на управата, и покрај тешкиот пораз од Трабзонспор со 4:0.По натпреварот се појавија шпекулации дека Бурук би можел да добие отказ.Претседателот Дурсун Ајдин Јозбек, сепак, истакна дека клубот останува цврсто зад тренерот. Тој потврди дека разговарал со Бурук веднаш по натпреварот и му ја изразил својата поддршка.Двајцата повторно се сретнале и разговарале за моменталната состојба и плановите на тимот. По шест одиграни кола, Галатасарај има 13 бодови и се наоѓа на второто место во турската Суперлига. Клубот останува…

Read More

Актуелниот одбојкарски шампион на Македонија, Штип УГД денеска се до-комплетираше со репрезентативците кои беа дел од селекцијата на Македонија на ЕП во Бугарија и ги започна подготовките во полн состав. Првиот собир и тренинг беше во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, а одбојкарите на Штип УГД ќе имаат еден месец за да се подготван за настап во најсилното европско клубско натпреварување. Пред екипата е голем предизвик затоа што за прв пат ќе играат во одбојкарската елита на Европа. Голем број на симпатизери на клубот со нетрпение го очекуваат настапот на одбојкарите во Европа, а на првиот собир поддршка на играчите…

Read More

Нов успех за македонскиот кајак спуст на денешниот натпревар од Европскиот куп, кој се одржа на реката Moll во Обервилах. Во јуниорска конкуренција, Благој Гугинов од ККК „Арка-Борец“ го освои првото место, триумфирајќи во конкуренција од 25 натпреварувачи од 9 европски земји. Со овој резултат, Гугинов уште еднаш го потврди својот квалитет и потенцијал, продолжувајќи го успешниот настап на меѓународната сцена и најавувајќи уште поголеми резултати во иднина. Во сениорска конкуренција, Љубомир Спасиќ го освои 17. место од вкупно 33 натпреварувачи, во силна меѓународна конкуренција. Денешните резултати се уште една потврда за континуираниот развој и квалитет на македонскиот кајак спуст.…

Read More

ЕХФ и официјално потврди дека Македонија е меѓу десетте национални федерации кои покажаа интерес за организација на машкото Европско првенство во ракомет во 2034 година. Покрај Македонија, интерес за домаќинство на шампионатот пријавиле и Австрија, Хрватска, Данска, Луксембург, Холандија, Србија, Словенија, Шведска и Турција. Европската ракометна федерација соопшти дека рокот за доставување писма на интерес истекол во средата, а сега следува подготвување на официјалните кандидатури. За Македонија ова претставува можност по вторпат да биде домаќин на голем европски ракометен настан, откако во 2022 година го организираше женското ЕП заедно со Словенија и Црна Гора. Македонија, Србија и Словенија имаат заедничка…

Read More
NBA

Поранешниот НБА кошаркар Гилберт Аренас очекува и во новата сезона да продолжи трендот на чести промени на шампионот. Тој смета дека Њујорк Никс нема да успеат да ја одбранат титулата освоена минатата сезона. Никс во 2026 година стигнаа до шампионскиот прстен за првпат по 53 години, совладувајќи го Сан Антонио во финалето со 4-1. Аренас потсетува дека во последните осум сезони ниту еден тим не успеал да ја освои титулата две години по ред.Според него, причината е што конкурентите по секоја сезона дополнително ги засилуваат своите состави. Тој смета дека шампионот не може да се потпре само на стартната петорка…

Read More

Притисокот врз Мајкл Карик во Манчестер Јунајтед станува сè поголем, откако тимот доживеа ново разочарување на стартот од сезоната. „Црвените ѓаволи“ испаднаа од Лига-купот со пораз од Брајтон, иако имаа предност од 2:0 по само десет минути игра. По натпреварот, дел од навивачите на „Олд Трафорд“ го испратија тимот со свирежи, дополнително зголемувајќи го притисокот врз Карик. „ТокСпорт“ објави дека има повици Манчестер Јунајтед да не чека до декември, туку да реагира порано доколку резултатите продолжат да бидат лоши. Јунајтед во првите четири премиерлигашки кола освои само четири бода, со една победа, а дополнителен проблем претставува и елиминацијата од Лига-купот.…

Read More

Екипата на МКК Куманово е победник на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“, кој се одржа во изминатите два дена во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Кумановци до трофејот стигнаа со две победи. Во полуфиналето, МКК Куманово го совлада домаќинот Пелистер со 80:61. Во финалниот натпревар, кумановскиот состав беше подобар од ТФТ со 75:64 и го освои победничкиот пехар на првото издание на меморијалниот турнир посветен на Зоран Петковски – Петкото. Третото место му припадна на МЗТ Скопје Аеродром. Во натпреварот за третото место, актуелниот македонски шампион славеше над Пелистер со 85:63.

Read More

Ракометната федерација на Македонија го најави одржувањето на првиот женски ракометен форум кој ќе се идржи во Охрид. Со цел да се даде дополнителен придонес кон развојот, видливоста и унапредувањето на женскиот ракомет, за првпат ќе организира Женски ракометен форум, кој ќе се одржи на 26 септември 2026 година во Охрид, во рамки на Меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Македонија 2026“. Под мотото „One game. One voice. One future.“, форумот ќе обедини пет големи имиња од регионалниот, европскиот и светскиот ракомет на едно место, со една заедничка тема – иднината на женскиот ракомет. Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди термините за натпреварите од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига. Колото ќе започне во петок со два натпревари од 16 часот. Во Гостивар ќе играат Шкендија и Башкими, додека во Кратово Силекс ќе го пречека Тиквеш. Во сабота, Вардар на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ ќе биде домаќин на Шкендија Арачиново, а натпреварот е закажан за 20 часот. Во недела нема да има натпревари, а програмата продолжува во понеделник со дуелот Струга Трим Лум – Арсими од 16 часот. Колото ќе биде комплетирано на 23 септември од 18 часот, кога Брегалница во Штип ќе го…

Read More