Еурофарм Пелистер вечерва ја отвора новата европска сезона со натпревар против Ла Риоха во рамките на Европската лига. Битолчани од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“ ќе го одиграат првиот натпревар во групната фаза, со желба сезоната да ја започнат со победа. Капитенот и голман Никола Митревски вели дека тимот долго го очекувал овој момент и верува дека е подготвен за предизвикот. Митревски посочува дека шпанскиот состав располага со технички квалитетни ракометари и екипа која е тактички добро подготвена. Според него, Ла Риоха не се потпира само на физичката игра, туку на брза транзиција, долги напади и добро организирана игра.…
Author: riste
Од 7 до 9 октомври македонската метропола ќе биде домаќин на гости од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина – новинари, медиумски личности, познати спортисти, актери, пејачи и други јавни личности. Централниот ден на големата спортско-медиумска ревија е 8 октомври. Одбројувањето започна! За само неколку дена Скопје повторно ќе биде центар на едно од најдолговечните спортско-медиумски дружења во земјава и регионот – 34. Меѓународна спортско-медиумска ревија „Турнир на медиуми 2026“, која ќе се одржи од 7 до 9 октомври. Она што пред повеќе од три децении започна како фудбалско дружење на медиумските работници, денес е многу повеќе од натпревар…
Тајсон Фјури и Ентони Џошуа веќе ги започнаа подготовките за долгоочекуваниот меѓусебен дуел, кој е закажан за 11 декември во Кардиф. Двајцата британски поранешни светски шампиони во тешка категорија се наоѓаат во своите тренинг-кампови и влегуваат во завршната фаза пред големиот спектакл. Информацијата ја објави новинарот Мајк Копингер, кој откри дека Фјури и Џошуа во следните денови ќе отпатуваат во Лондон. Таму на 30 септември е предвидена нивната прва заедничка прес-конференција, на која двајцата ривали ќе се соочат очи в очи пред медиумите. Мечот ќе се одржи на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф и ќе биде пренесуван во живо на „Нетфликс“.
Десниот бек на Тотенхем, Педро Поро, отпатува во Шпанија на консултации со специјалисти поради повредата на задната ложа. Шпанскиот репрезентативец се повреди на 19 септември, на натпреварот против Астон Вила, кога мораше да биде заменет по само 19 минути игра. Од Тотенхем првично се надеваа дека повредата нема да биде сериозна, но дополнителните прегледи покажале дека ќе биде потребна подолга пауза. Според информациите од Англија, Поро би можел да биде надвор од терените околу еден месец.
Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе пораз од 2-0 против Словенија во рамките на второто коло од Лигата на нации. По натпреварот, македонскиот селектор Гоце Седлоски не го криеше разочарувањето, но упати и зборови на поддршка до својот тим. „Нормално е поразот да боли и сите сме raзочарани, но момците го дадоа последниот атом енергија. Мораме да бидеме трпеливи и да го изодиме овој пат на подмладување на тимот. Мојот фокус веќе е насочен кон следниот предизвик против Шкотска, каде што очекувам да покажеме подобрување. Не би сакал да издвојувам поединци, но мора да му се оддаде признание на младиот Матеј…
Фудбалската репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз во новата сезона од Лигата на нации, откако загуби со 2:0 на гостувањето против Словенија, во натпреварот од Б-сегментот. По првото полувреме немаше голови, но домаќините во продолжението ги искористија своите шанси и ги освоија трите бода. Селекторот Гоце Седлоски направи дури осум промени во почетниот состав во однос на дуелот со Швајцарија, а дебитантски настап забележа Марио Младеновски. Македонија имаше свои можности преку Елези, но Словенците уште во раната фаза ја погодија рамката од голот на Димитриевски. Резултатот беше отворен во 55. минута, кога Ловриќ со удар мртов агол, по блокот…
Манчестер Сити уште во јули бил информиран за одлуката на независната комисија во врска со финансиските прекршувања на клубот, објави ЕСПН. И покрај тоа, раководството на англискиот шампион продолжило со планираните големи инвестиции во летниот преоден рок. Според информациите, комисијата го прогласила клубот за виновен по 114 од вкупно 115 главни обвиненија. Одлуката официјално била објавена во петокот, но во Манчестер Сити наводно ја знаеле уште неколку месеци претходно. Во летниот преоден рок Сити потроши близу 450 милиони фунти за засилувања, а трансферите на Елиот Андерсон и Енцо Фернандес двапати го надминаа клупскиот рекорд. Претседателот Халдун Ал Мубарак во писмо…
Челзи планира да го ангажира играчот од средниот ред на Арсенал, Мартин Зубименди, во зимскиот преоден рок, пренесува „Ел Насионал“. Лондонскиот клуб е подготвен да понуди 70 милиони евра за 27-годишниот шпански репрезентативец, кој наводно веќе дал согласност за трансферот. Сепак, Челзи допрва треба да постигне договор со Арсенал. Менаџерот Чаби Алонсо го гледа Зубименди како решение за позицијата на Енцо Фернандес, кој во последниот ден од летниот преоден рок се пресели во Манчестер Сити. Алонсо добро го познава шпанскиот фудбалер од времето кога работеше со вториот тим на Реал Сосиедад. Според шпанските медиуми, Зубименди е незадоволен од малата минутажа…
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 2:3 од Русија во пријателскиот натпревар кој попладнево се одигра на тренинг-центарот на ФФМ во Скопје. Така, новиот селектор Александар Таневски дебитираше со пораз на клупата на младата селекција. Натпреварот го одбележаа дури четири гола од белата точка. Главен актер беше судијата Игор Стојчевски, кој досуди дури четири пенали, одлуки кои предизвикаа реакции поради нивната дискутабилност. Македонија имаше свои шанси, а во неколку наврати и одлични можности за погодок преку Мехмед, Масларов и Манојлов, но гостите први се радуваа. Окишор во првото полувреме погоди од пенал за 0:1, а Бобер…
Напаѓачот на Манчестер Сити и норвешката репрезентација, Ерлинг Халанд, го повтори подвигот што последен пат го постигна европски играч во 1974 година. Според статистичкиот портал „Статс Фут“ на социјалната мрежа X, Халанд е првиот европски играч кој постигнал 65 гола во своите први 57 натпревари за сениорската репрезентација откако Герд Милер го направи тоа за Германија во 1974 година (исто така 65 гола). За потсетување, Халанд постигна гол во второто коло од групната фаза на Лигата на нации, каде што Португалија ја победи Норвешка со 2:1. Во првото коло од групната фаза на Лигата на нации, Португалија го победи Велс…
