Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Шкотска во третото коло од Лигата на нациите. По поразите од Швајцарија и Словенија, Македонија е без бод и без постигнат гол, па дуелот со Шкотска е можност за поправен и за прв позитивен резултат во групата. Шкотите, пак, во првите две кола освоија еден бод. По ремито без голови со Словенија, загубија од Швајцарија со 0:3. Селекторот Гоце Седлоски најави дека очекува реакција од своите фудбалери, додека на спротивната страна Шкотска ќе биде предводена од капитенот Енди Робертсон, кој треба да го запише 100. настап…
Author: riste
Шон Дајч би можел да се врати во Премиерлигата само неколку месеци по отказот што го доби во Нотингем Форест, објавува „Football Insider“. Според информациите на англискиот медиум, искусниот тренер е меѓу кандидатите за преземање на клуб од англиската елита. Дајч во Нотингем Форест пристигна во октомври 2025 година, но на клупата се задржа само 114 дена. Во февруари 2026 година беше отпуштен по ремито 0:0 против Вулверхемптон. Во текот на мандатот оствари 10 победи на 25 натпревари во сите конкуренции, но сепак не успеа долгорочно да ја стабилизира екипата. По заминувањето од Форест, Дајч работи како фудбалски аналитичар на…
Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски, пред натпреварот со Шкотска порача дека процесот на подмладување на репрезентацијата ќе продолжи, и покрај двата порази од Швајцарија и Словенија. „Поразите на првите два меча не ни годат. Критиките нека одат кај мене, а јас во договор со федерацијата ќе продолжам со подмладување. Сакаме да создадеме нови играчи. На тој процес останувам до крај“, изјави Седлоски. Тој додаде дека Македонија се натпреварува во силната Лига Б, каде националните селекции се на високо ниво, но верува дека со време новата генерација може да донесе подобри резултати. „Не може сè преку ноќ. Ќе направам сè овие…
Арсенал доби нова грижа за време на репрезентативната пауза. Кристос Цолис се повреди на натпреварот Грција – Холандија (2:2) и мораше да го напушти теренот во 18. минута поради проблем со задната ложа. Цолис летово пристигна во Арсенал од Клуб Бриж за 34 милиони фунти и имаше одличен почеток – четири асистенции на првите осум настапи. Арсенал сега ќе чека дополнителни медицински прегледи за да се утврди сериозноста на повредата. Ова е уште еден проблем за Микел Артета, бидејќи на списокот на повредени се и Кај Хаверц, Криситијан Москера, Пјеро Хинкапи и Вилијам Салиба, додека Деклан Рајс и Бен Вајт…
Голманот на Њујорк Ренџерс, Игор Шестеркин, испиша историја во НХЛ, постигнувајќи гол во победата над Тампа Беј со 5:1. Русинот погоди на 2:34 минути до крајот, шутирајќи кон празната мрежа, и стана првиот голман во историјата на Ренџерс со постигнат гол, како и 18-тиот голман во НХЛ на кого му успеало тоа. Шестеркин натпреварот го заврши со 24 одбрани, а победата беше негова 100-та на домашен терен со Ренџерс.
Македонската репрезентација до 17 години одигра 1:1 против соодветната селекција на Луксембург на вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации, кој се одигра на тренинг-центарот „Пандев“ во Струмица. Првото полувреме помина во мирна игра, со почетно одмерување на силите и без поизразени шанси за гол на двете страни. На пауза се замина со почетните 0:0. Во второто полувреме ритамот се подигна, а најголемата можност за Македонија ја имаше Марин Крстевски во 80. минута. Сепак, како по некое непишано правило, по пропуштената шанса следуваше казна, Луксембург поведе со 0:1 со гол во 89. минута. Нашите млади фудбалери не се предадоа и брзо…
Напаѓачот на Аталанта, Џакомо Распадори, ќе биде надвор од терените околу две недели поради мускулна повреда. Тој го напушти кампот на италијанската репрезентација и се врати во клубот. Распадори беше стартер во победата на Италија со 4:1 против Турција во Лигата на нациите, но беше заменет на полувремето поради болки во десната нога. Прегледите покажале лесно истегнување на мускулот на задната ложа на десната нога. Се очекува Распадори да биде подготвен за настап по репрезентативната пауза, кога продолжуваат натпреварите во Серија А.
Сè е подготвено за 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој ќе се одржи в недела, 4 октомври. Годинава манифестацијата поставува нов рекорд со 15.050 пријавени учесници од 63 земји. Покрај македонските тркачи, најбројни се учесниците од Србија, Германија, Велика Британија и Турција, а на стартот ќе има и голем број елитни натпреварувачи. Учесниците ќе се натпреваруваат во четири дисциплини – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетната трка. За организацијата ќе се грижат голем број луѓе, меѓу кои и околу 500 волонтери, кои ќе бидат распоредени долж патеките.…
Арсенал нема намера да го пушти Виктор Ѓокереш на позајмица, и покрај интересот од Милан за шведскиот напаѓач. Според информациите „росонерите“ внимателно ја следат ситуацијата со 28-годишниот голгетер, кој досега не успеа целосно да се наметне како лидер во нападот на лондонскиот клуб. Ѓокереш пристигна во Арсенал по одличниот период во Спортинг Лисабон, каде што се наметна како еден од најопасните стрелци во европскиот фудбал. Сепак, неговата форма во Лондон е под очекувањата, што отвори простор за шпекулации за неговата иднина. Милан наводно е заинтересиран за напаѓачот, но Арсенал категорично ја одбива опцијата за привремена преселба. Доколку италијанскиот клуб сака…
Арда Ѓулер го доби признанието за најдобар фудбалер на Реал Мадрид за септември 2026 година. Клубот официјално го објави изборот преку своите профили на социјалните мрежи. 21-годишниот турски репрезентативец има одличен почеток на сезоната и постепено се наметна како еден од поважните играчи во тимот на Жозе Мурињо, особено во креирањето на голови и шанси. Иако на почетокот од сезоната неговото место во стартниот состав не беше загарантирано поради големата конкуренција со Винисиус Жуниор, Килијан Мбапе, Јан Диоманде и Џуд Белингам, Ѓулер успеа да ја зголеми својата улога во тимот. Особено добро функционира во комбинација со Белингам во офанзивниот дел…
