Author: riste

Играчот од средниот ред на Арсенал и Англија, Деклан Рајс, ги сподели своите емоции за продолжувањето на договорот на клубот со главниот тренер Микел Артета , а исто така детално зборуваше за пристапот на шпанскиот тренер кон работата со играчите. „Арсенал има неверојатна среќа што Микел потпиша нов долгорочен договор. Сè е во тактиката, тренингот, управувањето со тимот и вниманието кон деталите. Артета забележува работи што вие никогаш не би ги виделе. Тој постојано ве набљудува, дури и кога мислите дека никој друг не ве гледа. Тој внимава на сè, постојано поставувајќи незгодни прашања за да ве изненади и да…

Read More

Макс Верстапен од Ред Бул триумфираше во спринтерската трка за Големата награда на Сингапур, која се возеше на дожд и беше обележана со бројни инциденти и дури осум возачи кои не стигнаа до целта. Холанѓанецот ја искористи грешката на Џорџ Расел, кој по одличниот старт го презеде водството, но веќе во вториот круг излета од патеката и заврши во заштитниот ѕид. Верстапен потоа ја презеде првата позиција и без поголеми проблеми ја задржа до крајот на трката. Второто место му припадна на Луис Хамилтон, додека трет заврши Шарл Леклер од Ферари. Кими Антонели ја освои четвртата позиција, а меѓу возачите…

Read More

Репрезентативецот Висар Муслиу побара поддршка од јавноста за македонската фудбалска репрезентација пред утрешниот дуел со Швајцарија во Лигата на нациите. Муслиу признава дека ситуацијата е тешка по трите порази на стартот, но вели дека играчите се свесни за одговорноста и мора да покажат повеќе на теренот. „Швајцарија не е само офанзивна силна репрезентација, имаат квалитет од голман до шпиц. Не може да говориме само за одбрана, затоа што ќе ни биде потребна тимска игра од напаѓач па до голман. Сите мора да учествуваме дефанзивно, ако сакаме да бидеме успешни и во одбрана. Се наоѓаме во тешка ситуација, нема резултати, а…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Луцерн, каде утре од 20:45 часот ја очекува нов дуел со Швајцарија во Лигата на нациите. Селекторот Гоце Седлоски признава дека Швајцарците се големи фаворити, но најави дека Македонија ќе се обиде да го поправи впечатокот од поразот во Скопје. „Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Сакам со колективна игра да ги поправиме грешките од првиот меч“, порача Седлоски. Селекторот потврди дека сите репрезентативци се здрави, а најави и промени во составот поради згуснатиот распоред. Во конкуренција за настап е и Езџан Алиоски, кој се…

Read More

Македонската теквондистка и олимпијка Милијана Мила Рељиќ освои бронзен медал на Г-1 Опен турнирот „Албанија“ во Тирана. Рељиќ во првото коло беше слободна, а потоа со 2:1 во рунди ја совлада Леонарда Андриќ од Канада. Во борбата за медал, Мила беше подобра од Шпанката Елена Лена Торес, повторно со 2:1 во рунди. Одлуката падна во третата рунда, која македонската претставничка ја доби со минимални 10:9 поени. Во полуфиналето Рељиќ загуби од Турчинката Хатиџе Пинар Јигиталп со 0:2 во рунди. Турската натпреварувачка славеше со 4:2 поени во двете рунди и обезбеди пласман во финалето. Со бронзата, Рељиќ освои нови 3,60 поени…

Read More

Омер Мемеди е новиот балкански шампион во борење до 20 години, откако триумфираше на првенството во Копривница, Хрватска. Македонскиот борач до титулата стигна во категоријата до 97 килограми, каде во полуфиналето го совлада Турчинот Јунус Балџи, а потоа во финалето славеше и над Ејуп Онен. Претходно Мемеди забележа две убедливи победи – против Илија Атанасов со 5-3 и против Романецот Балаш Лоринц со 9-2. Со одличниот настап во Копривница, Мемеди го потврди својот квалитет и се искачи на балканскиот врв во конкуренција до 20 години.

Read More

Младиот Мозес Итаума сака реванш со Филип Хрговиќ, откако Хрватот му го нанесе првиот пораз во професионалната кариера. Итаума беше запрен во деветтата рунда, иако одлично го започна мечот и во втората рунда го прати Хрговиќ во нокдаун. Потоа британскиот боксер остана без енергија, а Хрговиќ го искористи своето искуство и стигна до прекин. Итаума сега размислува за реванш, но промоторот Френк Ворен смета дека треба внимателно да се процени неговото враќање.

Read More

Тотенхем се соочува со сериозни проблеми во одбраната пред гостувањето кај Манчестер Јунајтед следниов викенд. Мики ван де Вен заработи повреда на зглобот на раката во репрезентативниот натпревар на Холандија против Србија и е неизвесен за дуелот. Дополнителен проблем е Ван Хеке, кој предвреме го напушти кампот на Холандија поради повреда на стапалото. Под знак прашалник е и Педро Поро, кој се повреди во натпреварот против Астон Вила. Неговата повреда на задната ложа не се смета за сериозна, но се очекува дополнителна проценка пред враќањето на терен. Тренерот Роберто Де Зерби така може да остане без тројца важни дефанзивци за…

Read More

Дефанзивецот на португалската репрезентација, Нуно Мендеш, порача дека Кристијано Роналдо е добредојден во националниот тим. Мендеш истакна дека целиот тим ќе го пречека Роналдо со „раширени раце“, доколку тој одлучи да се врати. „Ние сме среќни со секој играч. Ако Криш се врати, ќе го пречекаме со раширени раце“, изјави Мендеш. Тој додаде дека Португалија има сплотен колектив и дека секој фудбалер кој моментално не е со тимот е добредојден.

Read More

Фудбалерот на Борнмаут, Алекс Скот, останува на радарот на Челзи, најавуваат дел од медиумите во Англија. Според нив, „Сините“ испратиле понуда од 64 милиони фунти за англискиот играч за врска уште во текот на летото но, истата била одбиена. 23-годишниот Скот прикажува одлична форма од почетокот на сезоната а вчера на мечот со Хрватска во Лигата на Нации одигра 70 минути во дресот на „Гордиот Албион“. Неговиот договорот Борнмаут трае до летото 2028 година.

Read More