Author: riste

Ракометниот клуб Охрид е прв фаворит за освојување на трофејот во ЕХФ Европскиот куп оваа сезона, според рангирањето што го објави Европската ракометна федерација пред продолжението на натпреварувањето. Актуелниот освојувач на пехарот се најде на врвот на листата со 64 екипи, пред швајцарскиот Берн и романската Турда. Високо котира и македонскиот претставник Алкалоид, кој е на четвртото место, со што Македонија има два клуба меѓу четирите главни кандидати за европскиот трофеј. Третиот македонски претставник, Бутел Скопје, е на 39. место.

Read More

Крилниот напаѓач на Милан, Алфаџо Сисе, стана најмладиот Италијанец кој постигна хет-трик на европски натпревар. Сисе вчера постигна три гола на мечот со Салцбург на возраст од 19 години и 358 дена. Претходниот рекорд го држеше Алесандро Дел Пјеро, кој постигна три гола против Монако (4-1) во Лигата на шампионите во сезоната 1997/98. Во тоа време, тој имаше 23 години и 144 дена.

Read More

Тренерот на Црвена звезда, Алберт Риера, жестоко го критикуваше судењето по драматичниот пораз од Лугано со 3:2 во првото коло од Конференциската лига. Белградскиот тим имаше водство од 2:1, но во завршницата прими два гола и остана без бодови. Најголемото незадоволство на шпанскиот стратег беше предизвикано од пеналот досуден во финишот на натпреварот, од кој Анто Гргиќ во 89. минута го постигна победничкиот гол за швајцарскиот тим. „Не сакам да добијам суспензија, но барам клубот да истражи што ни се случува. Поради пенал не се пласиравме во Лига Европа, а сега поради пенал не победивме ниту вечерва. Можеби УЕФА не…

Read More

Денес во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа извлечени паровите за осминафиналето од фудбалскиот Куп на Македонија. Во осминафиналето екипата на Вардар ќе игра против Тиквеш , а Силекс го доби Пелистер, но има и прволигашка пресметка меѓу Башкими и Шкендија Арачиново. Осминафинални парови во Купот:Скопје – НовациСтруга ТЛ – БеласицаБрера – АрсимиВардар – ТиквешПелистер – СилексРаботнички – СасаМакедонија ЃП – БрегалницаБашкими – Шкендија Арачиново Точните датуми и саатници на одигрувањето ќе бидат одредени во следните денови, но мечевите ќе се играат на 27/28 октомври.

Read More

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Игор Марковиќ, го објави скратениот список од 21 ракометарка на кои ќе смета за претстојната ЕХФ недела. Собирот на репрезентативките е закажан за понеделник, 19 октомври 2026 година, со почеток во 12:30 часот, во хотелот „Three Corners“ во Скопје. Македонските ракометарки со овој собир ќе ги започнат подготовките и активностите во рамките на репрезентативната пауза, во која стручниот штаб ќе има можност да работи со повиканите ракометарки и да ја подготвува селекцијата за претстојните предизвици.

Read More

Скопје на 24 октомври ќе биде центарот на ММА сцената, а македонската публика ќе има можност да ги бодри петтемина домашни борци кои ќе влезат во октагонот на настанот во организација на FNC. Меѓу македонските претставници се Даниела Алексовска, Марко Трајановски, Тоше Цветков, Дино Старчевиќ и Ален Амедовски, кои пред домашната публика ќе се обидат да го покажат својот квалитет и да стигнат до значајни победи. Посебно внимание привлекува Даниела Алексовска, европската шампионка на IMMAF, за која настапот во организација на FNC претставува важен чекор во кариерата и можност за нов предизвик на повисоко ниво. На сцената ќе биде и…

Read More

Вардар вечерва од 20:45 часот гостува кај Висла Плоцк во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, со надеж дека ќе ја прекине серијата порази. „Црвено-црните“ се без бодови по неуспесите против Мелсунген (31:33), Нант (32:33) и Висла (26:32). Македонскиот првак се надева на подобро издание во Полска, каде што веќе знаел да слави против овој ривал. Во 2017 година Вардар победи со 26:22, а една година претходно дуелот заврши нерешено (30:30). За да се надева на нов подвиг, тимот ќе мора да ги намали техничките грешки, да ја подобри реализацијата и да одигра многу поцврсто во одбраната…

Read More

Еурофарм Пелистер претрпе убедлив пораз од Гумерсбах со 38-28 на гостувањето во Германија, во натпревар од третото коло во Лигата на Европа. Битолчани успеаја да му парираат на германскиот состав во почетните петнаесетина минути, но грешките во завршницата на првото полувреме му овозможија на домаќинот да се одвои резултатски и да создаде значителна предност. Тренерот Лино Червар, призна дека неговиот тим се соочил со тежок предизвик, а германскиот состав го покажал својот целосен потенцијал, особено во второто полувреме. „Знаевме однапред дека денеска нè очекува многу тежок натпревар. Во првите 15 минути игравме добро и бевме рамноправни, но особено во второто…

Read More

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, не го криеше разочарувањето по ремито 3:3 против Викинг во второто коло од лигашката фаза на Лигата на шампионите. Според него, неговиот тим имал контрола врз натпреварот, но повторно скапо платил за падот на концентрацијата и лошите одлуки. „Самите треба да се обвиниме. Имавме целосна контрола врз играта, исто како и минатиот викенд. Секако, имаше позитивни аспекти во нашата игра, а квалитетот на играта со топката не беше толку лош. Но, продолжуваме да правиме грешки поради губење на концентрацијата, а во тие моменти носиме и неразумни одлуки“, изјави Компани.

Read More

Лисандро Мартинез отворено го критикуваше раководството на Манчестер Јунајтед по поразот од Атлетико Мадрид (0:2) во Лигата на шампионите, посочувајќи дека клубот морал повеќе да инвестира во засилувања за тимот да може да се натпреварува на највисоко ниво. Аргентинскиот дефанзивец не го криеше разочарувањето по натпреварот во Мадрид, нагласувајќи дека проблемите на англискиот гигант не треба да се бараат само кај тренерот и фудбалерите. „Беше навистина лошо, навистина лошо. Морам многу да се контролирам, но понекогаш ова е одраз на состојбата во нашиот клуб. Очекувавме повеќе од раководството, да донесе повеќе играчи за да можеме да се натпреваруваме, бидејќи и…

Read More