Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува тешко гостување во Германија, каде што ќе се соочат со Гумерсбах во натпревар од третото коло во групната фаза на Европската лига на ЕХФ. Битолчани ќе се обидат да стигнат до првиот триумф во натпреварувањето и да ја подобрат својата позиција во групата. Македонскиот вицешампион досега освои еден бод. На стартот од европската сезона загуби на домашен терен од Ла Риоха со 24:31, додека во второто коло одигра нерешено 31:31 на гостувањето кај Гдањск. Освоениот бод во Полска може да биде важен за самодовербата на тимот, но пред избраниците на Лино Червар сега е…
Author: riste
Спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ беше домаќин на 16. Меѓународен традиционален турнир во џудо „Прилеп Град Херој – 2026“ – Цевитана куп. На турнирот настапија над 360 натпреварувачи од 40 клубови, од кои 25 странски и 15 од Македонија, претставувајќи девет држави: Србија, Бугарија, Грција, Косово, Албанија, Турција, Црна Гора, Словенија и Македонија. Натпреварите се одржаа во машка и женска конкуренција во категориите деца У12, помлади пионери У14 и пионери У16, на четири борилишта. За регуларното одвивање на борбите се погрижија судии од Македонија и од странство. Турнирот го организираше Џудо клубот „Сеишин“ – Прилеп, традиционално во…
Македонскиот интернационален фудбалски судија Игор Стојчевски донесе одлука да се повлече од судењето, наведувајќи ги притисоците и невистините што, според него, се шират во јавноста. Стојчевски беше изложен на критики по пријателскиот натпревар меѓу младинските репрезентации на Македонија и Русија, кој заврши со победа на Русите од 3:2, особено поради досудените пенали. Тој потврди дека веќе ги известил челниците на ФФМ и судиската организација за својата одлука. „Ги информирав претседателот на ФФМ и претседателот на судиската организација, како и комесарот за делегирање дека немам намера повеќе да судам. Сакам да бидам со моето семејство во овие тешки семејни времиња и…
Макс Верстапен триумфира на Големата награда на Сингапур во Формула 1, остварувајќи ја втората последователна победа во шампионатот и првата во кариерата на патеката „Марина Беј“. Холанѓанецот, кој стартуваше од пол-позицијата, го задржа Шарл Леклер зад себе и славеше со предност од 7,3 секунди пред возачот на Ферари. Третото место му припадна на Кими Антонели, лидерот во генералниот пласман. Ландо Норис заврши четврти, пред Оскар Пјастри, додека Луис Хамилтон беше шести. Антонели останува лидер во шампионатот со 340 бодови, 102 повеќе од Џорџ Расел. Кај конструкторите води Мерцедес со 578 бодови, пред Ферари. Следната трка во Формула 1 е Големата…
Легендарниот кениски маратонец Елиуд Кипчоге, на 41-годишна возраст, триумфираше на маратонот во Мелбурн со време од 2:09:10 часа, поставувајќи нов рекорд на патеката. За двократниот олимписки шампион ова е 17-та победа на класичната маратонска дистанца и прв триумф по Берлинскиот маратон во 2023 година. Второто место го освои Австралиецот Томас до Канто со 2:10:35 часа, додека трет заврши неговиот сонародник Рис Едвардс. Кај жените најбрза беше Новозеланѓанката Камил Френч со време од 2:28:25 часа. Маратонот во Мелбурн е дел од амбициозниот проект на Кипчоге да истрча маратони на сите седум континенти во период од две години.
Арсенал е загрижен за состојбата на Пјеро Хинкапие, откако се појавија снимки на кои еквадорскиот дефанзивец има сериозни проблеми со одењето по победата од 2:1 над Лидс. Хинкапие влезе во игра во 82. минута, но за време на загревањето по натпреварот почувствувал болка во десниот зглоб, поради што соиграчите морале да му помогнат да го напушти теренот. Засега нема официјална потврда за тежината на повредата, но неговиот настап против Лил во Лигата на шампионите во вторник е неизвесен. Евентуалното подолго отсуство би му создало дополнителни проблеми на менаџерот Микел Артета, особено поради густата програма и потребата од ротации во одбраната.
Ливерпул доби удар во обидот да го ангажира бразилскиот крилен напаѓач Вилијам Гомес, откако Порто ја зголеми неговата откупна клаузула на 100 милиони евра. Дваесетгодишниот фудбалер потпиша нов договор со португалскиот клуб до 2031 година, а претходната клаузула изнесуваше 80 милиони евра. Гомес пристигна во Порто од Сао Паоло во јануари 2025 година и досега забележа 16 голови и четири асистенции на 67 натпревари. Ливерпул го следи неговиот развој, но високата цена би можела да го натера англискиот клуб да се откаже од трансферот или да побара поевтина алтернатива. Со новиот договор, Порто е во подобра позиција да ги одбие…
Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор им се извини на соиграчите и на навивачите на Реал Мадрид откако доби црвен картон на натпреварот против Виљареал, кој мадридскиот тим го доби со 1:0 на „Сантијаго Бернабеу“. Винисиус влезе во игра во 52. минута, но дваесет минути подоцна беше исклучен поради неспортски потег. Неговиот втор погодок на натпреварот првично беше признат, но по прегледувањето на видеоснимката беше поништен бидејќи Бразилецот го влечел за коса противничкиот фудбалер Натан Салиба. По натпреварот, 26-годишниот напаѓач се огласи на социјалните мрежи и упати извинување до тимот и до навивачите. Според дисциплинските правила на Шпанската фудбалска федерација, влечењето за…
Кристијано Роналдо се соочува со дисциплинска постапка од Португалската фудбалска федерација, која превентивно му ги суспендираше правата за настап во националниот тим. Сега надлежните органи треба да одлучат каква казна ќе добие капитенот на португалската репрезентација. Според информациите на бугарскиот „Спортал“, случајот е поврзан со случувањата за време на последните репрезентативни собири во септември и октомври. Роналдо, наводно, самоволно го напуштил кампот на репрезентацијата по натпреварот со Норвешка, поради несогласувања со селекторот Жорже Жезус. Португалската ѕвезда подоцна јавно се огласи, посочувајќи дека имало постојани тензии и несогласувања со стручниот штаб. Роналдо истовремено им се извини на својата земја, соиграчите и…
Челзи објави на својата официјална веб-страница дека го продолжи договорот со играчот од средниот ред Кол Палмер до 2034 година. Претходниот договор на 24-годишниот играч од средниот ред траеше до 2033 година. Палмер е производ на младинската академија на Манчестер Сити. Тој се приклучи на Челзи од клубот во септември 2023 година. Во овој период, играчот од средниот ред одигра 138 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 58 гола и обезбедувајќи 34 асистенции. Според „Трансфермаркт“, неговата пазарна вредност е 110 милиони евра. Палмер оваа сезона има седум настапи во сите натпреварувања, постигнато четири гола и две асистенции.
