Бруно Фернандеш откри дека лично разговарал со Кристијано Роналдо кој реши да го напушти кампот на Португалија додека трае серијата на натпревари во Лигата на Нации. „Разговарав лично со Крис и тоа што му го кажав нему можам да го кажам и сега. Без оглед на тоа што се случува, Крис никогаш нема да престане да биде најголемиот симбол на нашата репрезентација“ – изјави Фернандеш. „Најважно е да престанеме да се делиме. Репрезентацијата е единствена и таква ќе остане“ – потенцираше играчот на Португалија.
Author: riste
Макс Верстапен ја оствари првата победа во сезоната во Формула 1, триумфирајќи на хаотичната трка одржана на патеката во Малезија. Истата во близина на Куала Лумпур започна со задоцнување од повеќе од час и половина поради тропската бура непосредно пред стартот. За време на првиот обид за старт, неколку болиди застанаа на патеката, што доведе до дополнително одложување. На крајот возачот на Ред Бул победи пред Андреа Кими Антонели и Луис Хамилтон. Бодови освоија и Шарл Леклер, Исак Хаџар Оскар Пјастри, Лијам Лосон, Фернандо Алонсо, Ландо Норис и Арвид Линдблад. В пресрет на последните седум трки од сезоната, Антонели е…
Денеска низ улиците на Скопје се одржа 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, манифестација која постави нов рекорд со 15.050 пријавени учесници од 63 земји. Победник на овогодинешниот маратон е Дерик Нчороге од Кенија (2:12:56 час) кој победи пред Едвин Косгеи (Кенија), додека трет заврши Дарио Ивановски од Македонија кој ја завршо денешната трка со време 2:13:49 час. Во женска конкуренција победи Долфин Ниагака од Кенија (2:32:06 час) пред нејзините сонароднички Мерси Кипкемои и Естер Какури, а наша најдобро пласирана маратонка беше Андријана Поп Арсова Рашиќ (Македонија) 2:49:37 час која заврши на четврттото место. Рекордниот број учесници го потврдува…
Вардар со убедливи 27:18 го совлада Охрид и стигна до петтата победа во исто толку натпревари во Суперлигата. Тренерот Иван Чупиќ беше задоволен од изданието на своите ракометари, особено од одбраната. „Мора да кажам дека бевме на високо ниво. Мислам дека појдовната точка не беше иста, ама од почеток до крај го контролиравме натпреварот. После овие два месеци колку што сме заедно со новиот тим, првпат одигравме добро за време на сите шеесет минути. Игравме феноменална одбрана ,со голмани кои нè пратеа. Направивме многу голема разлика. Имавме многу голема самодоверба дека можеме да контролираме и да го приведеме натпреварот мирно…
Елиф Елмас не го криеше разочарувањето по новиот пораз на Македонија во Лигата на нации. Нашата репрезентација загуби со 0-2 од Шкотска во Скопје, а Елмас призна дека тимот одиграл далеку под своето ниво. „Искрено, не знам што да кажам. Игравме многу лошо. Шкотска заслужено победи. На сите играчи им е тешко, а и мене ми е тешко“, изјави Елмас. Македонскиот репрезентативец потенцира дека од ваквиот период мора да се извлечат поуки. „Седум натпревари, седум порази и нула постигнати голови. Мене ми е најтешко бидејќи по тоа што го направивме во минатото, не е лесно да се биде дел од…
Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски, призна дека неговиот тим одиграл панично во првите 30 минути од натпреварот со Шкотска, кој го загубивме со 0:2 во Скопје. „Честитки за Шкотска, беа побрзи и помоќни во дуелите. Во првите 30 минути игравме панично, Шкотска ја презеде иницијативата и доминираше. Со влегувањето на Дориев и Малески го раздвиживме тимот“, изјави Седлоски. Селекторот призна дека Швајцарија и Шкотска се квалитетни за Македонија, но смета дека со Словенија можеме да се бориме за бодови. „Единствено со Словенија можеме да се носиме во оваа група. Можеби на домашен терен ќе парираме против Словенија“, порача Седлоски. Македонија…
Трет пораз во серија за нашата најдобра фудбалска репрезентација во групата 1 од „Б“ сегментот во Лигата на Нации.На Арената во Скопје загубивме од Шкотска со 2-0 во крајно бледа и неинвентивна игра во речиси целиот тек на мечот. Головите за гостите беа дело на Бови со седмата минута и на МекГин од пенал во 69 минута. Во вториот меч во нашата група Швајцарија ја совлада минимално Словенија со 2-1. Во наредното коло во вторник ние ќе се појавиме на теренот на Швајцарците додека Шкотска ќе и биде домаќин на Словенија.
Јаник Синер нема да настапи на претстојниот Мастерс турнир во Шангај. Светскиот рекет број еден сè уште се опоравува од повредата на коленото поради која ги пропушти турнирите во Северна Америка, УС Опен и натпреварувањето во Пекинг. Италијанецот ја освои титулата во Шангај во 2024 година, победувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето. Турнирот годинава ќе се игра од 7 до 18 октомври. Синер има одлична 2026 година со 44 победи и само три порази, пет Мастерс титули и трофејот од Вимблдон.
Една година по победата на Дарио Ивановски на Виз Ер Скопскиот маратон, неговата приказна е преточена во документарниот филм „Повторно Роден“. Документарецот го следи патот на еден од најуспешните македонски атлетичари – од неговите почетоци во атлетиката и одлуката да стане маратонец, до моментите кои ја одбележаа неговата кариера, минатогодишната победа на Скопскиот маратон и настапот на Олимписките игри. За Дарио во филмот зборуваат неговиот тренер, блиски соработници и луѓе од организацијата на Скопскиот маратон кои го следат неговиот пат и развој. Нивните сведоштва ја дополнуваат приказната за спортистот, но и за човекот зад резултатите, откривајќи моменти и детали кои…
Фудбалската федерација на Македонија обезбеди бесплатен влез за младите фудбалери на натпреварот Македонија – Шкотска вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“. Бесплатно ќе можат да присуствуваат фудбалерите од Детската лига и фудбалските школи, како и пионерите, помладите пионери, кадетите и младинците, во придружба на своите тренери. Младите фудбалери ќе бидат сместени на западната трибина. Оваа поволност ќе важи и за останатите натпревари на македонската репрезентација во актуелниот циклус.
