Author: riste

Германската репрезентација доживеа домашен пораз од Грција (0:1) во второто коло од Лигата на нациите, а селекторот Јирген Клоп ја презеде одговорноста за неуспехот. „Можев да прифатам да не го добиеме натпреварот, но немавме право да го загубиме“, изјави Клоп, кој сè уште ја чека првата победа на официјален натпревар како селектор на Германија. Тој призна дека направил многу промени во составот и дека одговорноста за тоа е целосно негова. Според него, било јасно дека Германија ќе има проблеми против противник кој се брани длабоко и организирано. Клоп посочи дека неговите избраници не ги контролирале доволно добро топките и дека…

Read More
NBA

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ планира да остане во Денвер Нагетс, а следното лето би можел да потпише петгодишен договор вреден речиси 360 милиони долари, со што би станал најплатениот играч во историјата на НБА-лигата. Според информациите на американскиот новинар Кевин О’Конор, Јокиќ решил засега да не го продолжува актуелниот договор, бидејќи со чекање уште една година би можел да заработи околу 80 милиони долари повеќе. Во новиот договор се очекува да биде вклучена и посебна клаузула против размена (no-trade clause), која би му овозможила на српскиот центар да го контролира евентуалното заминување од Денвер. „Мојата идеја и желба е да…

Read More

Македонската ракометна репрезентација е поразена во вториот натпревар на „Трофеј Македонија 2026“ кој се одржува во Охрид. Македонија го загуби натпреварот против Црна Гора со 29:23 во второто коло. Црна Гора одлично го започна натпреварот и уште на самиот старт дојде до предност од 3 гола (3:6) , а подоцна ја зголемуваше истата до 9:15 на крајот на првиот дел. Во вторто полувреме Македонија се обиде да ја намали предноста и неколку пати дојде до намалување на резултатот на -4, но не успеа да дојде до целосен приклучот до крајот на мечот. Во селекцијата на Македонија најефикасна беше, Сара Ристивска…

Read More

Македонската ракометна репрезентација со победа против Србија од 29:21 го започна својот настап на „Трофеј Македонија 2026“. Нашата женска ракометна селекција уште од самиот почеток одлично го започна натпреварот и на стартот дојде до предност од 7:4, а подоцна имаше водство и од 12:6, за на крајот на првиот дел има водство од 17:9. Во вториот дел Македонија продолжи со одлична игра и цело време ја одржуваше предноста од 6-7 голови, за на крајот да слави со 29:21. Во нашата репрезентација најефикасна беше Сара Ристовска со 8 постигнати голови, а одлични беа и Ангела Јанкуловска со 5 и Ризоска со…

Read More

Македонската јуниорска кик-бокс репрезентација има уште еден успешен ден на Светското првенство во Италија. Глигор Николов денеска обезбеди втора бронза за Македонија на континенталниот собир, со што продолжува успешниот настап на нашите кик-боксери. Николов во четвртфиналето го победи Гркот Јоанис Апостолу со 2-1, па во полуфиналето ќе ги одмери силите со Канатулу Мансур од Казахстан. Претходно, Петар Лозановски обезбеди најмалку бронзен медал за Македонија, откако во категоријата до 60 килограми во четвртфиналето убедливо со 3:0 го совлада Србинот Вук Ловриќ. Со триумфот Лозановски обезбеди пласман во полуфиналето, а со тоа и сигурно место на пиедесталот.

Read More

Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија на Европското првенство во бокс во Софија. Македонскиот боксер во четвртфиналето славеше над Ерменецот Артур Базејан со судиска одлука 4:1. Со оваа победа Рустемовски се пласираше во полуфиналето и си обезбеди најмалку бронзено одличје. За Рустемовски ова е еден од најголемите успеси во досегашната кариера. Тој претходно во осминафиналето го совлада Англичанецот Вилијам Хјуит, исто така со 4:1. На шампионатот во Софија настапуваат околу 400 боксери и боксерки од 40 земји. Рустемовски сега го очекува полуфиналната борба, во која ќе има можност да се бори и за пласман во големото финале.

Read More

Барселона планира повторно да се пресели на Олимпискиот стадион „Монтжуик“ на почетокот од сезоната 2027/28, додека продолжуваат работите на реконструкцијата на „Камп Ноу“. Според информациите на ESPN, каталонскиот клуб би можел да ја одигра целата прва полусезона на „Монтжуик“, а враќањето на „Камп Ноу“ е планирано за јануари 2028 година. Причината е амбициозниот план за реконструкција и поставување на нов покрив на стадионот. При враќањето на Барселона, капацитетот се очекува да биде околу 95.000 гледачи, додека по целосното завршување на проектот треба да достигне околу 105.000 места. Првичните фази на реконструкцијата имаа одложувања, поради што Барселона подолго од планираното играше…

Read More

Арсенал е пред финализирање на новиот договор со Деклан Рајс, според информациите на Фидбал Трансферс. Англискиот репрезентативец би требало да потпише петгодишен договор, со кој неговата неделна плата би се зголемила на околу 280.000 фунти. Актуелниот договор на Рајс истекува во 2028 година, но Арсенал има опција да го продолжи за уште една сезона. Клубот сепак сака да постигне целосно нов договор и на тој начин долгорочно да го обезбеди еден од своите најважни фудбалери. Преговорите би требало да се интензивираат за време на септемвриската репрезентативна пауза. Рајс пристигна во Арсенал во 2023 година од Вест Хем, а во сезоната…

Read More

Формула 1 подготвува значајни промени во правилата кои би требало да стапат на сила од сезоната 2027.Една од најголемите новини е намалувањето на должината на трките од 305 на 290 километри.Промената е поврзана со новите погонски единици и потребата за поголема ефикасност во потрошувачката на гориво.Максималното траење на трките ќе остане два часа, но ќе има нови правила во случај на прекини.Прекините со црвено знаме нема да се сметаат во двочасовниот лимит.Дополнително, менувачите повеќе нема да бидат хомологирани, што ќе им овозможи на тимовите поголема слобода во развојот.Предложените промени треба да бидат официјално потврдени од Светскиот совет за моторни спортови…

Read More

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за македонската репрезентација на натпреварите против Швајцарија, Словенија и Шкотска во рамки на претстојниот прозорец (26.09 – 06.10) од новиот циклус од Лигата на нации. Причината е административна процедура поврзана со неговиот престој и работниот статус во Полска. Клубот Погон Шчечин во кој настапува Чурлинов доцна ја започнал постапката за обезбедување на потребната работна и документација за негов престој. Чурлинов во моментов се наоѓа во Европската Унија подолг период без да ја напушти нејзината територија. Согласно правилата за краткорочен престој во Шенген-зоната, престојот без соодветна дозвола е ограничен на…

Read More