Author: riste

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, потпиша нов договор, кој важи до 2030 година, со кој ќе заработува 20 милиони евра по сезона пред сите задолжителни плаќања, објави „Л’Екип“. Според изворот, во неговиот претходен договор за вработување, шпанскиот менаџер заработувал 12 милиони евра пред даноци. ПСЖ смета дека новата плата на Енрике е соодветна на неговиот статус. Претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи, го смета за „најдобриот тренер во светот“. Шпанскиот специјалист е на чело на парискиот тим од летото 2023 година. Во овој период, под водство на Енрике , ПСЖ двапати ја освои Лигата на шампионите (сезона 2024/2025, сезона 2025/2026) и Суперкупот на УЕФА, трипати…

Read More

Фудбалскиот клуб Брегалница од Штип донесе одлука за прекин на соработката со стручниот штаб, предводен од тренерот Никола Кузманов. Од штипскиот клуб официјално потврдија дека Управата го прекинала професионалниот ангажман на Кузманов и неговите соработници, без да ги наведат конкретните причини за одлуката. Сепак, промената на клупата доаѓа по двата последователни порази на Брегалница – најпрво од Струга, а потоа и од Шкендија Арачиново. Очигледно, резултатите во последниот период биле доволен сигнал за Управата да реагира. Од клубот му се заблагодарија на Кузманов и неговиот стручен штаб за досегашниот ангажман, посветеноста, трудот и придонесот во клубот. Брегалница сега ќе мора…

Read More

Лука Модриќ ќе продолжи да настапува за Хрватска и покрај тоа што следната недела ќе наполни 41 година. Капитенот на „коцкестите“ ја потврдил својата достапност пред новиот селектор Славен Билиќ и претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ. Модриќ ќе биде во составот за претстојните натпревари од Лигата на нациите против Чешка, Шпанија и Англија. Тој е рекордер на Хрватска со 202 настапи, во кои постигнал 29 голови и 32 асистенции. За репрезентацијата дебитираше во март 2006 година против Аргентина. Интересно, Модриќ повторно ќе соработува со Славен Билиќ, 14 години по нивната последна заедничка работа. Билиќ не го крие задоволството…

Read More

Францускиот и Европски шампион Пари Сен Жермен загуби од Монако во 3. коло од Лига 1 со резултат 1:2, и со тоа, црвено-сините загубија од Монако по трет пат во последните пет меѓусебни средби. Парижаните претходно загубија од Монако во натпреварите од Лига 1 во сезоната 2025/2026 (1-3 на домашен натпревар на 25-то коло и 0-1 на гостински натпревар на 14-то коло). Двата тима играа меѓусебно и во последната сезона во Лигата на шампионите. Тогаш, момците на Луис Енрике победија со 3:2 на гостински терен во плејофот и одиграа нерешено 2:2 на реваншот дома. Последната победа на Парижаните над Монако…

Read More

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, објасни зошто напаѓачот Ламин Јамал тренираше одвоено од тимот пред натпреварот против Валенсија (6 септември). „Ламин Јамал беше повреден и во болки. Подобро му беше да тренира одвоено. По тренингот, рече дека сè е во ред. Ќе дојде со нас на натпреварот, а ќе видиме утре каква ќе биде неговата состојба за да може да го започне натпреварот“, изјави Флик за прес-службата на Барселона на страницата на социјалните мрежи X. Оваа сезона, Јамал настапи во три натпревари од Ла Лига, постигнувајќи два гола. Неговиот тековен договор со клубот е до летото 2031 година.

Read More

Ракометарите на Вардар повторно ќе бидат дел од натпреварите во ЕХФ Лигата на шампионите. Кам-бекот на европската сцена на домашен терен во Скопје ќе биде на 16 септември, кога во СЦ „Јане Сандански“ гостува француски Нант. Од клубот информираат дека билетите веќе се пуштени во продажба. Тие можат да се набават онлајн, по цени од 400, 500 и 600 денари, зависно од местото во салата. Вардар ги повика своите навивачи да го исполнат „Јане Сандански“ и да му дадат поддршка на тимот на првиот домашен европски натпревар во новата сезона. Пресметката меѓу Вардар и Нант на 16 септември ќе се…

Read More

По повод Денот на независноста 8 Септември, Министерството за спорт на пригодна свеченост во Собранието на Република Македонија, ги додели државните награди за високи остварувања во областа на спортотот. Државната награда „8 Септември“, со која Република Македонија им оддава признание на спортистите, тренерите и спортските работници кои со своите резултати, посветеност и долгогодишна работа оставиле трајна трага во македонскиот спорт, годинава се одржа по четиринаесетти пат. Годинешни добитници на еднократната наградата за остварувања во областа на спортот се: Димче Ангелов (борење), Ацо Крстов (борење), Дејан Ангеловски (атлетика) и Ангел Мицевски-Скакар(борење), а наградата за животно дело која е од траен карактер…

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација во понеделник заминува за Софија каде на 9 септември и официјално ќе го започне своето четврто учество на завршниците на Европските првенства. Селекторот Јошко Миленкоски, капитенот Никола Ѓоргиев, искусниот Владо Милев и дебитантот Филип Јованов, заедно со раководството на Одбојкарската федерација на Македонија денеска на прес-конференција ги истакнаа своите очекувања од настапот на континетналниот собир во Бугарија. „Ова е манифестација најголема во нашиот спорт во моментов каде што ќе продефилират најдобрите светски одбојкари, а репрезентациите се од самиот светски врв. Само да потсетам дека Полска, Бугарија и Украина се моментално меѓу првите 10 рангирани репрезентации на светската…

Read More

Од 27-ми до 30-ти август 2026 година се одржа 21-то издание на European Kids Athletics Games, кое претставува неофицијално атлетско првенство за деца, кои оваа година се родени од 2011-та до 2015-та година. На натпреварот учествуваа околу 2.500 деца од 26 држави. Атлетскиот клуб Аеродром Скопје го претставуваа тројца атлетичари: Антонио Каракабаков (роден 2012-та година), Никола Терзиоски (2011г.) и Иван Савески (2012г.). Антонио Каракабаков настапи во 4 дисциплини: 60 метри, 300 метри, скок во далечина и во штафета 4×300 mix. Најголемиот успех го направи во скок во далечина, каде во финалето со личен рекорд од 5.79 метри го освои 5-то…

Read More

Откако го освоија Суперкупот на Македонија, ракометарите на Вардар повторно ќе бидат на терен – овојпат со мисија да ја започнат одбраната на шампионската титула.„Црвено-црните“ на домашен терен го пречекуваат Еурофарм Пелистер 2, во натпревар од првото коло на Суперлигата. Вардар во новата сезона влегува со големи амбиции и желба уште од стартот да ја покаже шампионската форма.Младите ракометари на Еурофарм Пелистер 2 ќе се обидат да го покажат својот квалитет против фаворитот на отварањето на сезоната.Натпреварот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ започнува од 18 часот.

Read More