Милан ја одби понуда од 10 милиони евра упатена од Ковентри за потписот на играчот Рубен Лофтус-Чик, тврди денеска „Тутоспорт“. Новиот менаџер на „росонерите“, Рубен Аморим, го има во плановите англискиот фудбалер од средниот ред за наредната сезона и затоа нема намера да го пушти да си оди. Лофтус-Чик ќе ја започне четвртата сезона во италијанскиот тим откако во летото во 2023 година за 19 милиони евра го напушти Челзи.
Author: riste
Голманот, Викарио, потпиша договор за една сезона со екипата на Јувентус, потврди тимот од Торино на социјалните мрежи. Тој доаѓа на позајмица од англискиот состав Тотенхем. „Старата дама“ објави дека договорот вклучува и опција за откуп за 8+2 милиони евра. 29-годишниот голман сега се враќа во татковината. Таму играше за Фонтанафреда, Венеција, Перуџа, Калјари и Емполи. Викарио кој е репрезентативец на „аѕурите“, помина три сезони во Англија и одигра 117 натпревари.
Шпанскиот гигант Барселона го именуваше Рафиња за свој капитен за сезоната 2026/2027. Крилниот напаѓач ги наследува Роналд Араухо и Марк-Андре тер Штеген, кои беа позајмени на Ливерпул и Ајакс, соодветно, и беа прв и втор капитен минатата сезона. Френки де Јонг, кој беше трет капитен во претходната сезона и се чинеше логичен наследник, на крајот нема да ја преземе улогата на прв капитен оваа сезона. Холанѓанецот ќе мора да се задоволи со позицијата втор капитен, пред Педри и Ерик Гарсија во хиерархијата. Пристигнувајќи од Лидс во 2022 година, Рафиња стана една од клучните фигури во Барселона и трите шампионски титули…
Манчестер Јунајтед е подготвен да одбие секаква понуда која ќе пристигне за својот капитен Бруно Фернандеш пред затворањето на преодниот рок следниот месец. Турскиот гигант Галатасарај, како и италијанските гиганти Јувентус и Милан, размислуваат да ја тестираат решителноста на „Црвените ѓаволи“ да го задржат својот португалски лидер, објави „BBC Sport“. Се вели дека Галатасарај подготвува понуда вредна 50 милиони евра (42,7 милиони фунти). Сепак, пораката од „Олд Трафорд“ е дека ваквите обиди се целосно губење време. За разлика од минатото лето, кога клубот ја остави одлуката во рацете на играчот во врска со колосалната понуда од Ал-Хилал од Саудиска Арабија,…
Од денес 18-ти август до 22 август во Охрид ќе се одржи јубилејното 5. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ – Охрид 2026. И оваа година во Охрид ќе има врвни ракометни натпревари, а за тоа гарантираат имињата на учесниците на турнирот кој треба да послужи за добра подготовка на екипите за новата сезона. Организаторот веќе е подготвен за првите средби кои се играат денеска:16.30 Вардар – Олимпијакос18.45 Охрид – Египет У2021.00 Војводина – Загреб Екипите с еподелени во две групи:Група А: ГРК Охрид, Загреб, Египет У20 и ВојводинаГрупаБ: Вардар, Нексе, Олимпијакос и Тримо Требње Во текот на наредните…
Шпанскиот репрезентативец Родри, кој го освои првото Светско првенство со својата репрезентација , пристигна на аеродромот во Барселона и им се обрати на навивачите на неговиот нов клуб. Се очекува играчот наскоро да и се приклучи на Барселона. „Многу сум среќен што пристигнав. Беа напорни неколку дена и среќен сум што сум тука. Играњето за Барселона е сон. Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите и сите други трофеи“, изјави Родри. Претходно беше објавено дека Барселона постигнала принципиелен договор со Манчестер Сити за трансферот на играчот од средниот ред. Гарантираната трансферна цена на 30-годишниот Шпанец е 60 милиони евра. Каталонците можат…
Во хрватскиот град Сплит од денеска до 22 август ќе се одржи меѓународното финале во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Македонија за првпат е дел од масовниот спортски настан за најмладите. „Среќни сме што Македонија е дел од Плазма Спортските игри за млади и што нашата земја ќе има свои претставници на големото финале. Игрите се посебни бидејќи промовираат посебни вредности и воедно овозможуваат бесплатен спорт за секое дете“ – рече претседателката на Плазма Спортските игри за млади во нашава земја, Елена Мицковска. „На сите дечиња им посакувам успешни игри, се надевам дека Сплит ќе биде незаборавно искуство…
Вардар и Војводина со денешната пресметка во СЦ Билјанини Извори“ во Охрид од 17.00 часот, ќе ја отворат премиерната сезона во новоформираната Регионална ракометна лига. Во истата ќе настапуваат 10 екипи од Македонија, Србија и Црна Гора. Првиот натпревар меѓу „црвено-црните“ и српскиот состав всушност е меч од 8.коло во Б групата во која се уште и Охрид, Динамо Панчево и Будва. Во групата А ќе настапуваат: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Партизан, Ловќен и Дубочица.
Кошаркарската федерација на Македонија доби специјална плакета како признание за успешната организација на Европското првенство за играчи до 16 години – Дивизија Б, кое се одржа во Скопје и Гевгелија. КФМ доби пофалните зборови од претседателот на „FIBA Europe“, Хорхе Гарбахоса, кој посочи дека Македонија се етаблира на вистинскиот пат кон градење на пријателство со „куќата на европската кошарка“, испраќајќи јасна порака дека нашата земја станува сигурен и доверлив партнер на ФИБА Европа. Тоа само по себе е потврда дека Македонија чекор по чекор го зацврстува местото во европското кошаркарско семејство.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ги објасни причините за поразот на тимот во натпреварот од Суперкупот на Франција против Ленс (0:1). „Ни недостигаше завршница. Мислам дека темпото и моделите на игра беа многу позитивни и бев многу задоволен од она што го видов во текот на натпреварот, особено во првото полувреме. Ова беше натпреварот во кој Ленс имаше најмалку шанси против нас во споредба со неодамнешните средби. Не сум задоволен од резултатот, но заслуживме повеќе. Но, морам да им честитам на Ленс; победија, играа добро, со нивниот вообичаен интензитет. Но, ми се допадна она што го видов и како играше тимот.“ Ленс…
