УЕФА го казни Реал Мадрид со 30.000 евра поради дискриминаторско однесување на навивачите за време на последниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, објавија медиумите во Шпанија. Условна казна за делумно затворање на стадионот доби и Реал Мадрид, а санкцијата ќе биде активирана во случај на нов прекршок во следните две години. Информациите од УЕФА не прецизираат какво било дискриминаторско однесување на натпреварот од плејоф рундата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ на 19 февруари. Реал Мадрид победи со 3:1 и се пласираше во осминафиналето со вкупен резултат 6:3.
Author: riste
Македонсиот прволигаш Струга Трим Љум и официјално има тренер на својата клупа. Поранешниот прв човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски е наследникот на Ќатип Османи. Ѓорѓиоски последниот тренерски ангажман го имаше во 2023 година во грчка Каламата, додека претходно беше тренер на Брегалница. Пред мандатот во Фудбалската федерација на Македонија ги водеше Вардар, Македонија Ѓорче Петров и беше селектор на репрезентацијата на Македонија до 19 години. Со двата скопски клуба има шампионски титули во ПМФЛ. Струга Трим Љум ги загуби првите два пролетни натпревари во Првата лига од Гостивар и Вардар и се наоѓа на петтото место на табелата со 32 бода. Во меѓувреме Струга Трим Љум се пласираше во полуфиналето…
Англискиот тим Манчестер Јунајтед постигна 23 гола на последните 17 натпревари во сите натпреварувања. Од нив 22 беа постигнати во второто полувреме. Единствениот гол на Манчестер Јунајтед во првото полувреме во 2025 година го постигна во 22. коло од англиската Премиер лига против Брајтон (1:3). Натпреварот се одигра во недела на 19 јануари. Во 23. минута играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш реализираше пенал. Последниот гол на Манчестер Јунајтед пред голот на Фернандеш против Брајтон во првото полувреме беше на 7 декември 2024 година. Во 18. минута од домашниот натпревар од 15. коло на Премиер лигата против…
Претседателот на Eвропсската фудбалска асоцијација ( УЕФА ) Александар Чеферин смета дека новиот формат на Лигата на шампионите веќе ја докажал својата ефикасност. „Слушнав само позитивни повратни информации за новиот формат на Лигата на шампионите. На почетокот имаше повеќе критики, кои се појавуваат секогаш кога ќе се случат промени. Верувам дека во моментов 99% од луѓето се задоволни од новиот формат на Лигата на шампионите. Натпреварот стана уште понепредвидлив до последен момент не се знаеше кој се квалификуваше. Тоа е тотален успех, рејтингот во Лигата на шампионите е одличен. Сите три турнири, вклучително и Лига Европа и Конференциска лига се успешни. Спонзорите се задоволни…
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери изјави дека повторно ќе биде тешко да се квалификува во Лигата на шампионите, и покрај победата од 2:1 над Челзи во саботата вечерта. Астон Вила е седма на табелата со 42 бода, додека Челзи е на шестата позиција со еден бод повеќе. „Премиер лигата е нашето најважно натпреварување. Мора да се надополнат бодовите што ги загубивме во претходните натпревари. Има уште опција и шанса да се натпреваруваме во европските клупски турнири“, коментираше Емери и продолжи: „Денеска победа или пораз ќе беше сосема поинаку. Прво, Челзи ќе ни направеше голема разлика и второ, затоа што…
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо подобри уште еден личен рекорд во Бундеслигата, станувајќи тренер во првенството со најдолга серија без пораз на гости – 28 меча, со победата од 2:0 над Холштајн Кил на гости, објавија медиумите во Германија. Така, тој го подобри постигнувањето на Удо Латек со Баерн Минхен и Шалке, без пораз на 27 гостувања, пишува веб-страницата на Бундеслигата. Последниот пораз на тимот од Леверкузен во лигата беше во мај 2023 година, кога тимот загуби со 0:3 од Бохум. Баер оттогаш има само еден пораз во Бундеслигата – 2:3 дома од РБ Лајпциг во август 2024 година.…
Најдобриот стрелец на Барселона, Роберт Левандовски се чини дека ќе остане во клубот и следната сезона, откако неговата иднина беше предмет на многу шпекулации во последните месеци. Кога полскиот напаѓач се пресели од Баерн Минхен во Барселона во 2022 година, тој потпиша договор на четири сезони. Во договорот, сепак, имало клаузула според која Каталонците би можеле да го раскинат договот по третата година доколку Левандовски не учествувал на најмалку 55% од натпреварите. Оваа можност, сепак, никогаш не стапи во сила, бидејќи Левандовски беше составен дел од стартната постава во текот на целата сезона. По последниот натпревар против Лас Палмас (2:0)…
Американската скијачка Микаела Шифрин и понатами продолжува да испишува историја во овој спорт откако победи на слаломот што во рамки на Светскиот куп се одржа во Сестриере, Италија. Шифрин победи со време 1:50.33 минути, додека второто место и припадна на хрватската скијачка Зринка Љутиќ со заостанување од 0,61 секунди. Американката Пола Молкан беше трета со заостанување од 0,64 секунди. Со оваа победа Шифрин го забележа 100. триумф во Светскиот куп и 63. во слалом, во кој го држи рекордот за најмногу победи и го израмни и рекордот на Швеѓанецот Ингемар Стенмарк по број на пласмани на подиумот (155) во двете конкуренции.…
Ракометарите на Алкалоид обезбедија место меѓу осумте најдобри во Европскиот куп на ЕХФ, со новата победа над италијанскиот тим Бриксен (38:31) на реваншот кој се одигра во салата „Автокоманда“ во Скопје. Алкалоид во првиот дуел на гостински терен го совлада ривалот со високи 12 гола разлика, па на вториот меч во Скопје тренерот Лазаров можеше да си дозволи ротации и да испробува повеќе варијанти. Сепак, победата не беше доведена под знак прашање, па Алкалоид со шест победи на шест меча во еврокупот се пласира меѓу осумте најдобри. Најдобар стрелец во македонската екипа беше Александар Петковски со осум гола, пред Марко Митев со…
Mенаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, проговори за лошите резултати во Премиер-лигата. „Да ми кажевте на самиот почеток дека ќе победам на 4 од 14 мечеви немаше да ви верувам. Би рекол дека сте луди. Ова е најнепријатното нешто за мене“, изјави главниот тренер на „црвените ѓаволи“. „Работиш во Манчестер Јунајтед и имаш изгубено девет натпревари во Премиер лигата. Очекував дека ќе биде тешко но, не толку“ – рече Португалецот.
